Со 300. 000 денари парична помош, со човечки и технички ресурси кои и се на располагање Општина Охрид ќе го даде својот придонес за надминување на последиците од елементарната непогода која изминативе денови го зафати скопскиот регион понесувајќи човечки жртви и материјални штети. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната Вонредна Седница на Советот на град Охрид упатувајќи сочувство до семејствата на настраданите и заблагодарувајќи се на Советниците кои позитивно одговориле на повикот за вонредно заседавање истакна дека предвидената помош е првична. На барање на градоначалникот утрово заседаваше и комисијата за финансии…
повеќе...Tag: поплави
Парична помош од Оштина Охрид по поплавите во скопскиот регион
На барање на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а по повод невремето во Скопскиот регион кое однесе човечки жртви и големи материјални штети, претпладнево заседаваше Комисијата за финансии при Советот на Општина Охрид која донесе одлука да даде парична помош од 300. 000 денари до Општина Гази Баба чија територија имаше најголеми штети од елементарната непогода. Граѓаните на Охрид преку органите на општината, Градоначалникот и Советот сакаат уште еднаш да ја изразат својата солидарност и хуманост и да упатат сочувство до семејствата на несреќно загинатите лица. Воедно на Вонредната Седница…
повеќе...Чавков на терен: Се прават максимални напори да се поправат сите штети
Човечките животи се неповратливи, за се друго ќе се направат напори, ќе се расчистат работите и ќе се нормализира животот со поддршка од институциите, од Владата, меѓутоа жртвите не можат да се повратат. За сега билансот е 21 жртва, но се уште трае претрага на теренот насекаде, на целиот простор кој е зафатен од невремето. Засега нема друг случај за пријавено исчезнато лице, но како и да е ние продолжуваме со тие активности, истакна министерот за внатрешни работи, Митко Чавков кој се наоѓа на терен по скопските села што ги…
повеќе...Интерактивна мапа на сите локации каде може да се донира или побара помош за поплавите
На специјализирана мапа на „Гугл“ означени се пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето. Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна. Апели за донации на храна, вода, волонтери и секакви информации околу поплавените подрачја граѓаните можат да најдат и на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје. “ Администраторите на групата се организирани со дежурства и за логистика, давање помош, обезбедување контакти за итно интервенирање…
повеќе...Нема повредени во синоќешното ново невреме
Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи. МВР извести дека првично исчезнатите шест граѓани, всушност се граѓаните чии тела беа пронајдени во последните 24 часа, со што до денеска, вкупната бројка на починати е 22 лица. Извор:meta.mk
повеќе...Владата прогласи Ден на жалост и кризна состојба во Скопско и Тетовско
На денешната вонредна седница на Владата на Република Македонија, Владата донесе одлука за определување на 8 август 2016 година (понеделник) за Ден на жалост на Република Македонија. Владата донесе одлука за постоење на кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена како и одлука за доделување на еднократен паричен надомест во висина од 300. 000 денари за семејствата на загинатите граѓани. Владата ја задолжи Дирекцијата за заштита и спасување целокупната опрема на Дирекцијата од сите региони во државата да ја стави на располагање во кризните региони,…
повеќе...Хуманитарна акција на СДСМ за граѓаните од погодените подрачја
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево реализираше хуманитарна акција за помош на граѓаните од погодените подрачјата во Скопје и скопско. Поголема количина вода, храна, средства за лична хигиена и други неопходни производи денеска беа донирани за граѓаните од Стајковци. СДСМ, преку своите Општински организации ширум Македонија, отвори пунктови за собирање на хуманитарна помош за жителите од погодените подрачја којашто континуирано ќе биде доставувана до граѓаните на коишто им е неопходна. Во овие тешки моменти СДСМ повикува на граѓанска солидарност и взаемна помош за справување со тешките последици и санирање на штетите.
повеќе...Претседателот Иванов во посета на најкритичните точки во Скопско
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и од претставници на полицијата, денеска направи увид во состојбите во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме. Претседателот Иванов изрази сочувство и жалење за жрвите од невремето, како и за повредените. Информира дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои поделени по региони…
повеќе...Дополнителни 50 вакум пумпи за собирање вода во Скопско
Дополнителни 50 вакуум пумпи носи вечерва Дирекцијата за заштита и спасување за собирање на водата во поплавените скопски подрачја. Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред премиерот Емил Димитриев, вицепремиерот Арбр Адеми, министрите за внатрешни работи, труд и социјална политика, задравство, транспорт и врски, Митко Чавков, Диме Спасов, Никола Тодоров и Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба, Коце трајановски и Тони Трајковски, по посетата на најпогодените скопски реони.…
повеќе...Вкупно 400 оброци за жителите од Сингелиќ до Камник
Вкупно 400 оброци од Клинички центар ќе бидат донесени вечерва за жителите на Синѓелиќ, информира министерот за здравство Никола Тодоров пред премиерот Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои од попладнево се во посета на најпогодените скопски подрачја во синоќешното невреме. Димитриев и Груевски се во придружба на вицепремиерот Арбр Адеми, министрите за внатрешни работи, труд и социјална политика, транспорт и врски, Митко Чавков, Диме Спасов и Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Скопје и на Општина Гази Баба Коце трајановски и Тони Трајковски. Храната, како што рече…
повеќе...