Премиерот Димитриев и Груевски во посета на загрозените скопски подрачја

Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, се во посета на најпогодените подрачја во Скопско. Димитриев и Груевски се во придружба на министрите за здравство и за труд и социјална политика, Никола Тодоров и Диме Спасов. Тие информираа за помошта што им се доставува на локалните жители во Стајковци, Економија, Инџиково, Сингелиќ и останатите критични точки. „Заклучивме да напрвиме листа на сите потребни артикли веднаш. За таа цел на владина седница формиравме заедничка комисија на министерствата за одбрана, внатрешни работи…

повеќе...

Заев: Сега е време за хуманост и солидарност

Градоначалникот на општина Струмица и претседател на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната прес конференција апелираше да му се помогне на Скопје и населените места, да им се помогне на граѓаните кои се најзагрозени од невремето. „Граѓаните на општина Струмица и јас како Градоначалник на оваа општина сме силно потресени од синоќешното големо невреме што се случи во нашиот главен град, кое според последните информации однесе повеќе од 20, животи, неколкумина се исчезнати, седумдесеттина граѓани се повредени, а несомнено е дека водената стихија направила и огромна материјална штета. Нема ништо полошо…

повеќе...

Советничката група на СДСМ бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид

Советничката група на СДСМ Охрид бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид. „Сега е време за хуманост и солидарност кон семејствата на настраданите и кон сите други кои ги трпат последиците од невремето. За таа цел, Советничката група на СДСМ и’ предлага на Претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска, да свика утре итна седница на Советот на Општина Охрид, на која би била донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и…

повеќе...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево во 16.30 часот закажала вонредна седница на која, како што пренесува порталот „Прес 24“ треба да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, министерот за здравство, Никола Тодоров соопшти дека ќе продложат до Владата да биде прогласена кризна состојба во овие два региони, која ќе трае наредните 15 дена. На состанокот било одлучено да се формираат комисии кои веднаш ќе почнат со проценка на штетите…

повеќе...

Петнаесет загинати во вчерашното невреме во Скопје

Најмалку 15 лица ги загубиле животите во синоќешното големо невреме кое го зафати Скопје, информираат привично за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека ова се досегашните неофицијални податоци за загинати лица, констатирани до утрово. Според МВР, сите жртви се од североисточниот дел на Скопје кај Стајковци и околината, кои беа најпогодени од вчерашното невреме. Од МВР подетални информации најавуваат во текот на денот. Служебите на град Скопје и граѓаните и и утринава ги расчистуваа штетите, поплавените сообраќајници, куќи, дворови, подруми и гаражи, по синоќешното невреме кое…

повеќе...

Големо невреме во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици

Eкипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат за да се исчистат сите сообраќајници каде што се направи поплава поради обилните врнежи од дожд, информираат од градот. „Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија и голем број на скршени и паднати дрвја. Во моментов сите екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат на терен во насока на оспособување на сообраќајниците каде…

повеќе...

Владата денес исплати 17,2 милиони денари оштета за поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба

Владата денеска исплати 17,2 милиона денари на 364 лица како отштета од поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба. Во Могила се исплатени 8,78 милиони денари на 255 лица, во Струмица 6,2 милиони денари на 102 лица, а на 7 жители кои претрпеа штети од поплавите во Гази Баба им се исплатени 2,2 милиона денари. Како што соопшти Министерството за финасии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 на 3.225 отштетени лица од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци,…

повеќе...

Охрид успешно се справува со последиците од невремето

Охрид успешно се справува со последиците од дводневното невреме проследено со обилни врнежи од дожд. Само за 12 часа, 95 отсто од критичните места се санирани и се надминати сите штети. Ова го заклучија Градоначалникот Никола Бакрачески , Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и надлежните служби од локалната власт кои денес беа на обиколка низ повеќето поплавени локации во градот и околината. Беа посетени и критичните точки каде од вчера интензивно механизација врши чистење на одводните канали за да се спречат слични појави во иднина. Градоначалникот Бакрачески кој…

повеќе...

Санирани најкритичните места од поплави

Ситуацијата со врнежите во Охрид не е критична, но мора будно да се следат случувањата на терен. Благодарение на брзата реакција на надлежните служби, општинските јавни претпријатија и „ Македонија пат“ санирани се најкритичните места и состојбата постојано будно се следи .Ова беше речено на синоќешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Владо Мисајлоски. Градоначалникот Никола Бакрачески изрази задоволство од начинот на кој реагираше Општинскиот штаб за заштита и спасување овие два дена. „Штабот веднаш заседаваше и ги дефинираше…

повеќе...

Интензивно се санираат поплавените подрачја во Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните места. „Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска паднаа од 90 до100 литри на метар квадратен. Штети има на неколку локации во градот и во селата.На улицата „Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од…

повеќе...