Груевски: Штетите од поплавите во Тетовско ќе бидат целосно санирани

Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на посетата на тетовскиот регион оствари средба со жителите на Доброште и изврши увид во градежните работи што се преземаат во насока на санирање на штетите од поплавите со кои беше зафатено и ова населено место. Груевски истакна дека институциите ќе продолжат да се ангажираат и во наредниот период се до целосно санирање на состојбите. Жителите на Доброште со изразија благодарност до премиерот за неговата посета и, како што рекоа, неговиот ангажман за помош во санирање на состојбите по поплавите. Тие изразија благодарност што…

повеќе...

Исплатени 52 милиони денари субвенции за земјоделците и за отштета од поплавите

Владата денеска исплати 52 милиони денари за субвенции за поддршка на земјоделството и за отштета на земјоделците од поплавите кои се случија годинава. Како што соопшти Министерството за финансии, за отштета за поплавено земјоделско земјиште исплатени се 39,5 милиони денари во општините Битола, Новаци и Могила. За субвенции за поддршка на сточарството и други земјоделски гранки исплатени се 12,5 милиони денари. Од тоа 4,3 милиони денари за грла овци, 2,4 милиони денари за постоечки овошни насади, 1,4 милиони денари за порибување на рибиоловни подрачја и зони, 1,1 милиони денари за…

повеќе...

Вонредна авионска дезинсекција во поплавените места

Министерството за здравство во четврток на 20-ти август ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјата на 9 Центри за јавно здравје (Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Охрид, Кочани, Струмица, Штип, Велес), односно на вкупна површина околу 6000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите. Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5:00 до 8:00 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и да не ги пуштаат надвор во наредните 3 – 4 часа…

повеќе...

Охридска банка со донација на вода за семејствата во Шипковица

Охридска банка донираше вода за пиење за семејствата во поплавената Шипковица. Неколку населени места поради излевање на реките од речните корита останаа без чиста вода за пиење. „Донирани се 6,5 тони вода за пиење, кои Охридска ги предаде на кризниот штаб во село Шипковица. Оваа донација делумно ќе им овозможи да го премостат дефицитот до целосно санирање на недостигот на вода. Солидарноста е една од клучните вредности на Охридска банка, дел од Сосиете Женерал Групацијата.“– велат од Охридска банка. Со оваа донација банката уште еднаш ја потврди својата посветеност конопштествено одговорните практики кои се препознатлив белег…

повеќе...

Заменик министерот Андовски прими донација од Австрискиот Црвен крст

Заменик министерот за здравство Јовица, Андовски денеска присуствуваше на настан по повод донација на електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар од Црвениот крст на Австрија. Донацијата во вредност од над 14 илјади евра е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар-Скопје и Клиничката болница Тетово. „Донацијата се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел-подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто,“ изјави заменик министерот Јовица Андовски. Во изминатите…

повеќе...

По 30.000 денари помош за погодените семејства во поплавите во Тетовско

Еднократна парична помош од по 30.000 денари државата ќе им исплати на семејствата зафатени со синоќешното силно невреме во Тетовско, а специјална Комисија ќе ја проценува состојбата со оштетените имоти на терен. Одлуката за помош на семејствата ја донесе денеска Владата на седница посветена за состојбите во Тетовско. Во невремето, кое одзеде четири човечки животи, според првичните проценки, значително се оштетени околу 200 објекти. Комисијата во рок од ден-два ќе утврдува список на семејства кај што ќе биде доделена еднократна парична помош, по што ќе продолжи со проценка на целото…

повеќе...

Денеска почнува целосната исплата на штетите од поплавите

Денеска започнува исплатата на 100 – отстотното обесштетување на земјоделците и домаќинствата чии имоти и посеви беа оштетени од невремето и разорните поплави во јануари и февруари годинава, објави премиерот Никола Груевски. „Со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои претрпеа штети, како по своите посеви така и по своите домаќинства, на крајот на март ветив, од Штип, 100 отстотно обесштетување. Веднаш се пристапи кон законско допрецизирање, олеснување и спроведување на постапка за проценка на целокупната штета, како и растоварување на административната процедура со цел да се помогне…

повеќе...

Врнежите продолжуваат – вреќите остануваат!

Сеуште е свежо сеќавањето на обилните врнежи од снег, а особено од дожд, кои предизвикаа поплави низ речиси цела Македонија. Многу наши сограѓани директно се соочија со таква елементарна непогода, а останатите бараа превентивен начин како да се заштитат од надојдените води. Иако имаше период на суво, сончево и стабилно време, оттогаш па се до денес, нашите сограѓани сеуште ги чуваат заштитните насипи. Таков е и овој случај на улицата „Мирче Ацев“, а бидејќи врнежливото време е вообичаено за пролетта, тогаш можно е овие вреќи да останат уште малку подолго.…

повеќе...

Во тек е санација на мостовите оштетени од поплавите во државата

Во тек е санација на мостовите оштетени од поплавите, моментално се реконструираат шест мостови во државата. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Владо Мисајловски денес направија увид во градежните работи на мостот на реката Пчиња во селото Долно Коњаре. Јанакиески посочи дека ова е само еден од четири мостови кои интензивно се санираат, а за два моста кои претрпеа поголеми штети од поплавите во тек е изготовка на проект за нивна санација. „Ова е значаен мост за жителите на ’Ржаничино и…

повеќе...

Почнува исплатата на средства за санирање на штетите од поплавите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Генералниот секретар на Црвен Крст на Република Македонија, Саит Саити информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија. На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини во Македонија од денеска ќе почне да им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат помош во износ од 14 до 110 илјади денари во зависност штетите. Потребните средства во висина од над 10 милиони денари се дел од собраните средства во рамки…

повеќе...