Не очекува дождлива пролет и нова опасност од поплави

Еден од најпопуларните метеоролошки сервиси на светот, „Aкjуведер“ објави сезонска прогноза за оваа пролет во Европа. Според овој портал за временска прогноза, пролетта на Балканот ќе биде постудена од вообичаено, односно температурата во просек ќе биде пониска. Циклонската активност ќе биде поизразена на југ на Европа, односно каква што беше зимава, ќе продолжи и во почетокот на пролетта. Исто така, според прогнозите на порталот се очекува Балканот да биде погоден од поплави. Ова е сезонска прогноза која се однесува на март, април и на мај и, сепак, има свои ограничувања.…

повеќе...

Совети за заштита на животните по поплави

Совети за заштита на животните по поплави: *Внимателно проверете го имотот, извршете проценка на штетата особено на безбедноста и стабилноста на шталата. *Отстранете го отпадот, темелно исчистете ја шталата и извршете дезинфекција и дезинсекција. *Темелно исчистете и дезинфицирајте ја опремата, а особено хранилките и поилките. *Ако дел од животните за време на поплавата биле одвоени и привремено сместени на други одгледувалишта, пред враќање во стадото, држете ги одвоено од другите животни. *Внимателно следете ги животните дали пијат свежа вода.  *Обезбедете им безбедна храна. *Храната која била зафатена од поплавата отстранете…

повеќе...

Специјалните полициски единици донираа храна за жители од поплавените подрачја

Припадници на специјалните единици во МВР во координација со Секторот за полициски работи од општа и посебна надлежност при МВР, како и со Црвениот крст на РМ, доброволно се откажаа од еднодневното требување на оброк за припадниците на овие единици при МВР, а собраните прехранбени намирници (храна, вода, сокови) што инаку секојдневно им следува, беа собрани и дистрибуирана на жители од прилепско, односно општина Кривигаштани, од подрачјата што неодамна беа зафатени од големите поплави. Донацијата од прехранбени производи завчера од страна на припадници на специјалните единици а во присуство и…

повеќе...

Хуманитарна акција на ЦОУ „Дебрца“

Ученичката заедница при ЦОУ „Дебрца”, заедно со учениците, во соработка со вработените, родителите и Локалната самоуправа на Општина Дебрца, спроведе хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија. „И овој пат како и многу пати досега топлината на луѓето од овој крај особено на нашите ученици прерасна во вистински бран на несебична помош за нивните врсници, за сите оние кои ја почувствуваа суровоста на водените стихии. Пратени од помислата дека и на нас може да ни се случи истото, дечињата од училиштето покажаа дека знаат да бидат и големи луѓе,со широко отворени…

повеќе...

Владата ќе им помогне на земјоделците погодени од поплавите

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, завчера ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци,остварија средба со градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и одржа состанок со раководството на земјоделскиот комбинат “Пелагонија”. „Заменик министерот го запознавме со актуелната состојба, каква е ситуацијата со поплавените подрачја, оштетувањата, претрпените штети и слично, ја скенираше состојбата со барањата и изјавите кои земјоделците секојдневно ги поднесуваат во општина Новаци. Досега има поднесено околу 250 барања за увид врз направените…

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Од срце за татковината

Средношколската младинска организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во периодот од 9-ти до 13-ти февруари организира хуманитарна акција „Од срце за татковината“, за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. „За таа цел сите вработени во Училиштето и учениците кои се во можност донираат: нерасипливи и некршливи прехрамбени производи, конзервирана храна, шпагети, макарони, смоки, чипс, паштети, училишен прибор, храна за деца, големи количества вода, облека и постелнина, млеко во прав, пелени, средства за лична хигиена како и парични средства кои ќе бидат донирани на сметките за помош на луѓето. Собраните…

повеќе...

Хуманитарна акција на ОУ „Григор Прличев“ за помош на поплавените подрачја во Македонија

Денес и утре во Основното училиште „Григор Прличев“ се организира хуманитарна акција за помош на настраданите во поплавите во Македонија. „Денешниот одзив беше навистина голем, а очекуваме акцијата да продолжи и утре. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и сл. денес беше преземена од општинскиот Црвен крст. Се надеваме дека со нашиот скромен придонес барем малку ќе им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им е неопходна. Ваквите акции ја зголемуваат свеста кај учениците и го поттикнуваат нивниот хуман развој.“ – вели директорката Силвија Мојсовска.

повеќе...

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучи кон акцијата за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се приклучија кон акцијата за помош на населението од поплавените подрачја во Република Македонија.  „Ние како ученичка заедница се приклучивме кон хуманитарната акција за поплавените подрачја во Македонија во која исто така учествуваа и професорите при училиштето. Апелирам до сите граѓани кои се во можност да донираат конзервирана храна, вода, хигиенски средства и истите да се предадат на неколкуте пунктови во градот како и во Црвен крст Охрид.“ – вели Александар Гугоски, претседател на ученичката заедница при ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. А.Андриоски

повеќе...

Градоначалникот со тим од Локалната и јавните претпријатија ги посети поплавените објекти во Охрид

По неодамнешните поплави, градоначалникот Никола Бакрачески со тим соработници, денеска посети неколку поплавени објекти на улиците „Стив Наумов“, „Аџи Мустафа“ во населбата Лескајца и „Сатеска“ во населбата Далјан. Оваа обиколка е реализирање на ветувањето на градоначалникот Бакрачески, дека Локалната самоуправа и јавните претпријатија, ќе бидат во постојана комуникација со граѓаните кои претрпеа штети од поплавите. „Екипите на нашите јавни претпријатија, за време на интензивните врнежи од дожд и снег веднаш интервенира на терен и како што најавивме, одтогаш до денес сме во постојана комуникација со жителите од критичните места. Ние…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески донираше за граѓаните од поплавените региони во Македонија

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, денес ги посети пунктовите кои се поставени за собирање на помош за граѓаните од поплавените региони во Македонија. „Денес, како и секогаш кога е најпотребно, општина Охрид зема активно учество во акциите за помош на настраданите во Република Македонија, како што тоа го правевме за настраданите од поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Денес дадовме свој личен придонес во донирање на вода и средства за лична хигиена, но и извршивме координација со претседателот на Црвен крст – Охрид, Сашо Точков за што…

повеќе...