Министерот Спасов во посета на настраданите семејства во Кичево

Пакет со хигиенски средства, ќебиња и вода денеска од Црвениот крст добија 72 семејства главно од ромска националност зафатени со поплавите на улица „Прилеска“ во близина на Зајашка река во Кичево. Семејствата денеска ги посети министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во придружба на директорот на Центарот за социјални работи во Кичево, Дашмир Лимани, пратеникот Благоја Деспотоски и секретарот на општината Рамиз Реџепи. Спасов упати апел до сите граѓани кои имат можност да донират средства отворените телефони за таа намена. Во наредните денови ќе се формира комисија која…

повеќе...

Министерката Јанкулоска во посета на поплавените села во кумановско

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денес ги посети селата Доброшане, Довезенце и Јачинце од кумановскиот регион коишто во изминативе денови беа погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови. На средбата со жителите од овој регион Јанкулоска истакна дека овие населени места по течението на реките Пчиња и Кумановка се всушност најдиректно погодени од излевањето на речните води. „Дел од куќите се под вода и голема површина на земјоделско земјиште. Она од што луѓето од овој крај ја обезбедуваат својата егзистениција е поплавено и голем дел од овие површини и…

повеќе...

Груевски: Во Битолско интервенцијата навремена и вистинска

Навремената и вистинска интервенција на надлежните на централно и локално ниво придонесоа штетите во поплавеното битолско подрачје да не се големи во делот на куќите, но се големи на земјоделските површини. Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Новаци, каде по обилните врнежни се излеа Црна Река. „Се сретнав со доста мештани што живеат тука и сите истакнаа дека вистинска и навремена реакција постоеше особено со доаѓањето на помошта од Владата и од заедничкото спојување со локалниот кризен штаб. Една од клучните одлуки беше да се…

повеќе...

Елшанци куртулија од поплава

По долги години денес за првпат и елшанци ја „вкусија“ силата на надојдената река како последица на топењето на снеговите од Галичица придружено со обилните синоќешни дождови. Особено беа загрижени жителите чии куќи и ниви се на центарот, односно на сретселото каде е и протекува Елшанска Река. Но за среќа, поплавени се и тоа делумно само неколку подрумски простории и гаражи кои се под водотекот, како и ниви и бавчи покрај течението на реката. Сепак, ова е предупредување и потсетување за елшанци на далечната 1976 година кога навистина се случи…

повеќе...

Исчистени наносите од песок и земја низ улиците во Пештани

Улиците во Пештани кои деновиве беа затрупани со наноси од песок и земја од невремето, денес се исчистени од страна на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ и ЈП Македонија-пат“. Фото: А.Андриоски

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ донираше за поплавените подрачја во Источна Македонија

Во Основното Училиште „Христо Узунов“ започна хуманитарната акција за поплавените подрачја во Источна Македонија. Во акцијата учествуваа учениците, родителите и наставниците при училиштето и донираа средства за лична хигиена и дезинфекција и вода. „Уште еднаш хуманиот однос на нашите ученици, несебичната поддршка на родителите и наставниците дојде до израз во нашето училиште. впрочем биле организирани вакви акции кога и да било потребно, се разбира во соработка со Црвениот крст Охрид.“- вели директорот на училиштето, Тони Симоновски. Хуманитарната акција во ОУ „Христо Узунов“ продолжува и следната недела.

повеќе...

Младите од охридската гимназија организатори на хуманитарна акција за помош на поплавените подрачја во Македонија

Учениците од Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, организираа хуманитарна акција за помош на семејствата од поплавените подрачја низ Македонија. Се собираа прехрамбени продукти, средства за хигиена и вода за пиење. Во оваа акција се приклучија и наставниците кои исто така донираа средства за помош, но и организирано се донираа парични средства на телефонските броеви наменети за хуманитарната акција. Собраните средства ќе бидат доставени до Црвен крст – Охрид, од кадешто истите ќе бидат дистрибуирани до потребните места. „Се надеваме дека оваа акција на младите хуманисти од…

повеќе...

Состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд

Битолски регион Во текот на вчерашниот ден заради превентива од поголеми поплавувања и нанесувања по обемни матријални штети во општина Новаци, од страна на Координативното тело при Влада на РМ е донесена одлука за отварање пропуст на Регионалниот пат Битола-Новаци-РЕК-Мариово. Пропустот е направен после мостот пред село Новаци, во попладневните часови. Вработените во РЕК Битола и жителите кои гравитираат во тој дел ќе ги користат алтернативните заобиколни патни правци. По 17:00 часот, над отворот на патот пред с.Новаци било поставена челечна конструкција – мост за премин на пешаци. Исто така,…

повеќе...

Заштитете ги и животните од поплави

Постапки за заштита на животните за време на поплави Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните. -Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните. -Сопствениците и одгледувачите на животни треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од…

повеќе...

За неполни 24 часа донирани 620 илјади денари за поплавените подрачја

Во координација и соработка на Црвениот крст на Македонија и надлежните институции во тек е хуманитарна акција за помош и поддршка на поплавените подрачја во Македонија. На отворените телефонски броеви за донации до денеска се собрани 620.000 денари, донирани се вода за пиење, средства за дезинфекција и за хигиена, ќебиња, душеци… За потребите на акцијата отворена е и девизна сметка на барање на македонски граѓани кои живеат во странство. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потенцира дека сите активности се преземаат координирано, со цел најефикасно да се искористат…

повеќе...