Тунтев: Со ребалансот власта крати 45 милиони евра за капитални инвестиции

Пратеникот Томислав Тунтев, денес одржа прес-конфернција, на која истакна: „Власта на Никола Груевски ги задолжува граѓаните со 345 милиони евра преку буџетскиот дефицит што се зголемува. Со предложениот ребаланс дополнително ја зголемуваат и ставката за задолжување од странски извори на 556 милиони евра! А кратат 45 милиони евра за капитални инвестиции! Оваа власт крати на основите потреби на граѓаните и со тоа продолжува да ги сиромаши и да го кочи развојот на економијата. Додека ги продолжуваат непродуктивните трошења за милионски барок што скапува, палми кои се сушат, потопени галии, за криминални…

повеќе...

Тунтев: Ќе го укинеме штетното екстерно тестирање

(Видео) Тунтев: Ќе го укинеме штетното екстерно тестирање Таму каде што младите го водат главниот збор, таму има напредок. Учениците и студентите масовно го кажаа својот став за погубните политики во образованието. Штетното екстерно тестирање ќе го укинеме, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на Информација за општите состојби во образованието во Република Македонија и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование.

повеќе...

asdfgh

(?????) ??????: ?? ?? ??????? ???????? ???????? ????????? ???? ???? ??? ??????? ?? ????? ???????? ????, ???? ??? ????????. ????????? ? ?????????? ??????? ?? ????? ?????? ???? ?? ????????? ???????? ?? ?????????????. ???????? ???????? ????????? ?? ?? ???????, ???? ?????????? ???????? ?????? ?? ????? ?? ??????????? ?? ??????? ???????? ?? ????????????? ?? ????????? ?????????? ? ???????? ?? ?????????? ????????? ?? ????????? ? ???????? ???????????.

повеќе...

Тунтев: Ќе ја укинеме радиодифузната такса, МТВ ќе биде сервис на граѓаните

„21 милион евра треба да донесеме одлука да бидат одобрени со финансискиот план за МТВ за 2016 година. Тоа е величина на Буџет на една општина. Општина Охрид нема толкав Буџет. 67% од средства се наплаќаат од радиодифузна такса. Тоа е онаа позната давачка, со која имаш телевизор, немаш телевизор, гледаш МРТ, не гледаш МРТ, нема врска. Има да си платиш. СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса, затоа што е нелогична давачка“, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на одлука за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио…

повеќе...

Николоски претседаваше со јунската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Во текот на редовната летна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа која се одржува од 22-ри до 26-ти јуни во Стразбур, Франција, шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Александар Николоски ја имаше честа да претседава со Парламентарното собрание на Советот на Европа во функција на потпретседател на 24 јуни 2015 година. Пратеникот Николоски ја водеше седницата во текот на три дискусии, кои предизвикаа голем интерес и тоа за состојбата во Унгарија, за зголемување на транспарентноста во однос на сопственоста на медиумите, како и одговорноста на медиумите…

повеќе...

Николоски во ПССЕ: Заштита на „известувачите“ за корупција

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска го усвои извештајот за заштита на т.н. известувачи, како продолжение на Резолуцијата за осуда на масовното прислушување усвоена во април. Во овие два извештаја се осудува масовното нелегално прислушување и се бара државите да воведат подобри мерки на заштита. Исто така се бара заштита за т.н. известувачи кога пријавуваат потенцијални неправилности или корупција во системот. Александар Николоски во името на целата пратеничка група на Европската народна партија, која е најголема и највлијателна во Европа, се обрати и го изнесе ставот на ЕНП. Тој…

повеќе...

Интензивно се работи на автопатот Кичево-Охрид

Пратеникот Александар Николоски постави писмено пратеничко прашање по однос на динамиката на изградба на автопатот Кичево- Охрид при што доби одговор дека работите отпочнаа оваа година, а рокот е 2018 година, на истиот интензивно се работи, пробиени се 25 проценти од трасата, формирани се косини и усеци на првите три делници од вкуоно пет, а отпочнати се и подготвителни работи за пробивање на тунелот кој ќе биде во должина од 2 километри. Во своето обраќање по повод одговорот на пратеничкото прашање пратеникот Николоски изрази задоволство што во периодот од еден…

повеќе...

Николоски побара побрза интеграција во ЕУ за земјите од регионот меѓу кои и Македонија

Пратеникот Александар Николоски – шеф на македонската делегација во ПС на Совет на Европа учествуваше во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на 10 декември и на Мониторинг комитетот чии е прв Потпретседател на 11 декември 2014 година. На Комисијата за правни прашања и човекови права се разгледуваше состојбата со почитување на човековите права во Европа, беа разгледани извештаите за ефективноста на Европската конвенција за човекови права и Брајтонската декларација за реформ на Европскиот суд за човекови права во Стрзбур, извештајот за заканите за принципот на владеење на…

повеќе...

Николоски во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Алексадар Николоски од утре, 10-ти до 12-ти декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. На Мониторинг комисијата, Николоски ќе учествува во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските превземни при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина, пост-миониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгедува…

повеќе...

Пратеникот Николоски се сретна со пратеникот на Долниот дом на Парламентот на Канада

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Александар Николоски, оствари средба со Рас Хиберт, пратеник на Долниот дом на Парламентот на Канада. На средбата присуствуваа и членовите на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада:  Светлана Карапетрова и  Лилјана Кузмановска. Николоски во воведното излагање искажа задоволство за континуираната соработка со Парламентот на Канада и благодарност до Канада што во 2007 година ја призна Република Македонија под уставното име. Пратеникот Рас Хиберт беше запознаен со можностите за…

повеќе...