Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска, денес оствари средба со претставници на Холандската организација АЛЕСКОН, од градот Асен, која е специјализирана во областа на социјалната политика. Средбата се реализира на големата заложба на Ели Младеновиќ Поцеста, охриѓанка која долги години живее и работи во Холандија. Гостите од Холандија без запознати со социјалните политики на Општина Охрид и проектите кои општината ги спроведува во оваа област. На средбата се зборуваше за искористување на холандските искуства и нивната примена кај нас, како и заедничко ползување на европските фондови за одредени…
повеќе...Tag: проекти
Бакрачески: Најголема сатисфакција за Локалната и за охриѓани се резултатите од успешната туристичка промоција на Охрид
Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески денес на прес-конференција направи преглед на позначајните активности во изминатите години од развојната програма, реализирани во Секторот за туризам како и преглед на позначајните проекти изработени и реализирани во соработка со различни меѓународни, европски и национални фондови, институции и организации. Сектор во кој како што рече Бакрачески, Локалната создала солидна основа за иден забрзан развој на туризмот и општествените дејности, сектор кој е креативна и иновативна сила, кој создава резултати на бенифет за сите граѓани на Охрид. „Во 2016 година во фокусот на вниманието беа активностите за…
повеќе...Познати програмите и проектите кои ќе ги финансира Општина Охрид
Познати се добитниците на финансиски средства по „Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година“. Претставниците на здруженијата на граѓани и институции кои се избрани за доделување на финансиски средства, се повикуваат во рок од три работни дена, почнувајќи од 23.05.2016 година (понеделник) од 08 – 16 часот, да дојдат во Секторот за образование за да ги потпишат договорите за учество во финансирање на програми и проекти. ПРИЛОГ: ЛИСТА НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ГИ ФИНАНСИРА ОПШТИНА ОХРИД ВО 2016…
повеќе...Околу три милиони евра за регионални проекти од Владата
Околу 180 милиони денари или три милиони евра за 28 проекти, доставени од Центрите за развој на осумте плански региони, распределени се на повикот за финансирање на проекти за развој на планските региони. Ова денеска го соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски. Тој информира дека се одржа 16. седница на Советот за рамномерен регионален развој. „Запазен е законскиот критериум со кој најразвиениот, Скопскиот регион доби 7,2 отсто од вкупните финансиски средства. Најнеразвиениот, Североисточниот регион доби 17,3 отсто од вкупните финансиски средства или околу 500.000 евра“, изјави Пешевски. На…
повеќе...Читални со стручни книги од проектот на Владата во Аеродром, Велес и Струмица
Во општините Аеродром, Велес и Струмица ќе бидат отворени читални опремени со изданија од проектот „1000 книги“ на Владата и Министерството за образование и наука, како и со едициите што се објавуваат преку Министерството за култура. Се очекува новите три читални да почнат да работат идната година, а во договор со општините ќе бидат утврдени локациите. Ќе имаат ресурси и ќе бидат организирани како и читалната „1000 книги“ која засега е единствена, отворена во мај 2011 година во Градскиот трговски центар во Скопје. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски…
повеќе...Во Охрид ќе се градат Конгресен центар, катни гаражи и други капитални проекти
До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е над 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат. Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа…
повеќе...Проекти кои се поддржани од Министерството за култура за 2016 година
Врз основа на член 65 став (2) и член 70 став (5) од Законот за културата („Сл. весник на РМ“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15 и 154/15), Министерството за култура ги објавува проектите кои се поддржани од Министерството за култура за 2016 година… ПОДИГНИ ПРОГРАМА ПРОЕКТИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2016 ГОДИНА ИПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ПО ОДДЕЛНИОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2016 ГОДИНА ПРОГРАМАТА Е ИЗДАДЕНА ВО ПЕЧАТЕНА ФОРМА НА 16 ЈАНУАРИ 2016…
повеќе...Промовирани 12 нови дела од три капитални проекти
Нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На промоцијата се обратија премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Онака како што работевме цела година, така ја заокружуваме и оваа 2015 година, со нова промоција на два тома од проектот „Антологија на светската поезија“, седум дела од едицијата „Антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и три книги од проектот…
повеќе...Грантови од ИПА за проекти на 12 граѓански организации
Дванаесет граѓански организации добија грантови преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија. Средствата во износ од еден милион и 500 илјади евра ќе бидат искористени за реализација на проекти за зајакнување на граѓанскиот сектор. На денешното врачување на договорите за грант, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав истакна дека вклученоста на граѓанското општество во клучните политички, социјални и економски реформи е од суштинско значење. „Среќни сме да видиме уште повеќе иницијативи од граѓанското општество за нивната практична вклученост во реформите поврзани со ЕУ и за повеќеструктурна соработка со владините…
повеќе...Низа развојни проекти на Општина Дебрца за 2016 година
На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година. Буџетот на Општина Дебрца е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2016 година. Во Буџетот за 2016 година програмирани се средства со кои што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и…
повеќе...