„Република Македонија со години наназад е единствена земја од регионот која во глобалниот Извештај на американскиот Стејт Департмент за состојбите со трговијата со луѓе е рангирана во групата ТИЕР 1 – држави кои што целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.“ ова денеска меѓу другото го истакна државниот секретар во МВР и национален координатор за борба против трговија со луѓе г-ѓа Анастасија Илиеска на отварањето на Втората регионална работилница на тема “Размена на искуства при транспонирањето и имплементацијата на европското законодавство во областа Борба против трговија со…
повеќе...Tag: работилница
Учениците од ОУ „Христо Узунов“ учеа за занаетчиство
Во ОУ „Христо Узунов“, на часот по иновации се одржа работилница „Тајните на занаетот“, со учениците од деветтите одделенија. Предавачи беа Локалното здружение на Занаетчиска комора од Охрид. На работилницата беа презентирани старите занаети и од какво значење е занаетчиството во Македонија. „Се надеваме дека со ова предавање на нашите ученици ќе им помогнеме при изборот за упис во средно училиште“– вели директорот Тони Симоновски. WebOhrid
повеќе...Одржана работилница за управување со ризик
Во период од 10 до 12 мај 2016 година, во Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација во Скопје, Царинската управа, во соработка со Светската царинска организација и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, организира работилница за управување со ризик. Проценката и управувањето со ризик има огромно значење во царинското работење и суштествено во проактивното донесување на одлуки значајни за успешното спроведување на царинските контроли Управувањето со ризик овозможува навремено преземање на соодветни мерки, дејствија и акции со кои ќе се спречи, намали или избегне ризикот…
повеќе...Работилница „Планирање на сценарио III“ – продолжување на развојот на цивилно – воените капацитети за одговор на катастрофи
Развојот на сценарио за одговор во случај на земјотрес и поплава, со акцент на важноста и улогата односите со јавноста и глобалниот информациски систем во справувањето со овие непогоди е целта на неколкудневната работилница „Планирање на сценарио – Фаза III“ која од денес се одржува во Домот на АРМ. Работилницата организирана од Секторот за цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана и Инженерискиот корпус на Армијата на САД претставува продолжение на претходните две работилници, односно Фаза I и Фаза 2 кои се реализира во текот на 2015 година. Преку овие работилници…
повеќе...Работилница за обука за надзор над болести поврзани со водата
Институтот за јавно здравје на РМ во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за здравство организира дводневна работилница чија цел е поддршка на напорите на земјата да го зајакнат надзорот над болестите поврзани со водата и да го подобрат знаењето и вештините на националните професионалци за ефективни пристапи за надзор и детекција, епидемиолошки истражувања и контрола на епидемии по потекло од водата. Работилницата ќе ја отвори директорот на ИЈЗРМ, Асс. д-р Шабан Мемети, на 9 март во Хотел Континентал во 9 часот. Покрај странските експерти од Европа на дводневната…
повеќе...Codefest инфо сесија и Стартап работилница со светски експерт овој четврток во Охрид
Овој четврток, 10 март, со почеток во 17:00 часот во NOA Lounge Bar ќе се одржи двочасовна работилница со Френк Нојригат, ко-основач на светскиот Стартап Викенд и член на бордот на директори на Up Global. Работилницата во Охрид е овозможена преку Girls in Tech Macedonia и организацијата на Codefest, па овој настан ќе опфати и инфо сесија за претстојниот Codefest кој по 4ти пат овој април ќе се одржи во Охрид. Нојригат во Македонија доаѓа од Њујорк преку SECO програмата за претприемништво на Swiss Contact, за да работи со локалните…
повеќе...Енергетска ефикасност – значен дел од одржливиот развој на општините
Општините играат значајна улога во промоција на енергетската ефикасност преку развивање и имплементирање на стратегии кои ја подобруваат енергетската ефикасност во објектите и активностите кои се во нивна надлежност. На тој начин, покрај финансиски заштеди, обезбедуваат одржлив развој и намалување на влијанието врз животната средина. Заради тоа на воведувањето на енергетска ефикасност не треба да се гледа исклучиво како законска обврска, туку како можност за долгорочен економски и одржлив развој. Ова беше речено на седмата од серијата работилници за претставување на резултатите од проектот на Светска банка „Промоција на енергетска…
повеќе...Во Струга ќе се одржи промоција на енергетска ефикаснот на општините од југозападниот регион
Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организира работилница за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетска ефикасност на општините во Македонија“. Работилницата ќе се одржи утре, со почеток во 10.30 часот во хотел Дрим, Струга. Во изминатите 18 месеци, преку грант финансиран од Светска банка, 8 општини во Република Македонија (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) добија техничка поддршка за изработка на различни документи кои се важни за енергетска ефикасност на општината (програми, акциски планови,…
повеќе...Работилница во СВР Охрид „Односите со јавноста и градењето имиџ и доверба кај граѓаните“
„Односите со јавноста и градењето имиџ и градењето доверба кај граѓаните“, беше тема на работилницата што вчера се одржа во СВР Охрид. Целта на работилницата и пригодните предавања што ги следеше целокупното раководство на СВР Охрид и на полициските станици од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, беше поблиско запознавање со организацијата на односите со јавноста, запознавање со алатките за односи со јавноста и со комуникациските вештини како и подобрување на транспарентноста на полицијата и ефективна внатрешна и надворешна комуникација. Пред присутните раководители, се зборуваше и за комуникациската стратегија на Министерството,…
повеќе...Работилница за мерење на времето за поминување на стоките преку граница
Царинската управа информира дека од 15 – 17 септември, во Охрид, се одржа Работилница за мерење на времето за поминување на стоките преку граница. Работилницата е дел од поширокиот проект за мерење на времето за поминување на стоките преку граница кој Република Македонија планира да го имплементира во следниот период, користејќи ја методологијата на Светската царинска организација (СЦО) позната како Time Release Study (TRS). Нејзината организација беше поддржана од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, a предавачи беа експерти на СЦО – Oluimo da Silva и Shujie Zhang.…
повеќе...