Од ОУ „Христо Узунов“ започна проектот „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“

Здружението за заштита и унапредување на животна средина и алтернативен туризам ЈАДРАНСКИ СЛИВ Охрид, од денес, во Основното училиште „Христо Узунов“ Охрид започна со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“. Целта на проектот е едукација на ученици од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилно развивање и потикнување на спортско–рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина.…

повеќе...

Концесии за стопански и рекреативен риболов

Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција со минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека ова придонесува кон економски развој…

повеќе...

Владата издвои 90 милиони денари за поддршка на рибарството и аквакултурата

На прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев соопшти дека Владата на РМ ја донесе Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2014 година. Вкупно средства за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2014 година изнесуваат 90 000 000 денари, или 1,5 милиони евра. Со овие средства со кои ќе се финансираат мерки и активности во оваа област не само што ќе се подобрат условите за стопанските субјекти кои функционираат во оваа област за раст на нивниот бизнис и отворање на нови работни места и ќе…

повеќе...

Започна вештачкиот мрест на охридска пастрмка кај Радожда

Владата на РМ оваа година ги зголеми финансиските средства за вештачкиот мрест. Минатата година дадени се 6 и пол милиони денари, додека пак оваа година Владата издвои 13 милиони денари. Денес во Радожда започна овогодишниот вештачки мрест на охридска пастрмка. „Денеска од мрестот се некои 15 до 20 илјади единки икра охридска пастрмка. Мрестилиштето во Шум е подготвено да ја прими икрата од охридската пастрмка, од овогодишниот мрест. Ние сме подготвени да примиме над 2 милиона икри. Се надеваме дека имајќи ги во предвид уловите, заштитата, вложувањата и интересирањата на…

повеќе...

24-годишниот Петар Рупески прв доплива до бурето со црвено вино

Илјадници верници на новоизградениот мал плоштад во Охрид денеска, на Денот на рибарите, со топла ракија и вино си посакуваа здравје и среќа во годината што е пред нас. Се јадеше вкусна рибина чорба, пача, но и плашици, а по традиција, охриѓани скокаа и по бурето со црвено вино. Најсреќен годинава се чини дека е 24-годишниот Петар Рупески кој прв доплива до бурето со црвено вино. „Оваа година ми е најсреќна зашто го фатив и Светиот крст. Еве сега и го фатив и бурето со црвено вино. Се надевам дека…

повеќе...

Граѓаните од Охрид ја добија наградата за „Трајно уништување на рибниот фонд на Охридско Езеро“

На Конкурсот за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014 година пристигнати се 49 пријави за кандидати од трети лица и тоа за: – Две научни установи од областа на рибарство – Два концесионери за стопански риболов – Концесионер за рекреативен риболов – Поранешен директор на рибарско стопанство – Водна заедница – Две здруженија на граѓани – Два државни инспекторати – Четири подрачни единици на министерства – Две локални јавни претпријатија – Две министерства – Двајца министри за земјоделство –…

повеќе...

Спроведена заедничка акција против недозволен риболов

Во заедничка акција на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарство и аквакултура од Охрид) и лиценцираниот рибочувар од З.Р.С.К „Пастрмка“ од Струга и рибочуварската комисија при З.Р.Р.С.К „Свети Апостол Петар“ од Охрид извршени се повеќе контроли на риболовните ревири „Црн Дрим 1“ и „Слив на Охридско Езеро“. При контролите кои се одвиваа во неколку наврати, и истовремено на три локации од река Сатеска и река Црн Дрим во периодот од 20.12.2013 год до 10.01.2013 год, затекнати се три лица кои вршеа риболов на пастрмка…

повеќе...

Конкурс за доделување на Плакета за животно дело – „Трајно уништување на рибен фонд од Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид за да ја збогати програмата на Денот на масовно капење на рибарите (Ден на рибарите) на 20-ти јануари ќе додели плакета за животно дело – ТРАЈНО УНИШТУВАЊЕ НА РИБЕН ФОНД ОД ОХРИДСКО ЕЗЕРО- сите заинтересирани заслужни и докажани граѓани, институции, правни лица и Здруженија на граѓани своите кандидатури можат да ги достават по пошта на следнава адреса ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ ул. Димитар Влахов бб, или на е-маил srdsvapostolpetar@yahoo.com. Најдоцна до 18- ти јануари. Може да се конкурира  за дела направени…

повеќе...

Македонија и Албанија ќе прават заеднички контроли по Охридското Езеро

Република Македонија и Република Албанија манифестираа настан, кој меѓусебно значи зближување, градење на доверба и градење на меѓусебна соработка. Имено, од денеска по законот за рибарсто и аквакултура, Инспекторатот од Р.Македонија и Р.Албанија заедно со граничните полиции ќе прават заеднички контроли по Охридското Езеро. „Оваа година (2013), Одделението за инспексциски надзор во водите на Охридско Езеро во соработка со езерската полиција и во соработка со концесионерот на Охридско Езеро има запленето преку 2283 мрежи, од страна на Инспекторатот поднесени се 4 кривични пријави, 147 прекршочни пријави, издадени се 147 платни…

повеќе...

Државниот инспекторат и рибочуварската служба синоќа запленија 28 мрежи кај Радожда

Како резултат на размената на информации помеѓу двата инспекторати (од Република Македонија и од Република Албанија) во синоќешната заедничка и организирана акција организирана од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) од Охрид во соработка со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд на Охридско Езеро (ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид) и УПС при П.С. за Г.Н. „Франгово“ во периодот од 21 до 02 часот на ден 24.12.2013 год према 25.12.2013 год во водите на Охридско Езеро во правец од караулата…

повеќе...