Светска Банка одобри 70,98 милиони долари за подобрување на патната мрежа

Светска банка го одобри кредитот во износ од 70,98 милиони долари за Проектот за рехабилитација на магистрални и регионални патишта за Република Македонија. Целта на проектот е да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, првенствено кон коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и опторност кон климатските промени. „Македонија како континентална земја е особено зависна од добро развиена транспортна мрежа за нејзиниот економски и социјален развој, “објаснува Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата…

повеќе...

Претставувања на македонската култура низ светот до крајот на 2014

Македонската култура преку проектите на националните установи до крајот на годинава ќе биде претставена во неколку светски центри. Покрај фестивалските гостувања, подготвени се и меѓународни презентации со кои Република Македонија ќе одбележи две децении од воспоставување дипломатски односи – со Австрија, Чешка и Јапонија … Планираните активности денеска на прес-конференција ги најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, истакнувајќи дека меѓународното претставување на македонската култура е еден од приоритетите во културната политика. „Во периодот што претстои атрактивни културни содржини од сите дејности на културата ќе бидат презентирани во неколку светски метрополи……

повеќе...

Претставување на македонската музичка уметност во светот

Министерството за култура во рамките на Годишната програма поддржа низа проекти за промоцијата на македонската музичка уметност и уметниците во светот. Во таа насока во музичко-сценската дејност оваа 2014 година се поддржани многубројни претставувања на нашите институции и поединци на фестивали, манифестации, гостувања и натпревари во странство … Македонската Опера и балет со оперската претстава „Дон Џовани“на 13, 15 и 16 септември годинава со поддршка на Министерството за култура ќе учествува на 16-тото издание на „Меѓународниот фестивал на музика и игра“ кој ќе се одржи во културниот центар во Банкок,…

повеќе...

Светски познатото списание „HOLIDAY MAGAZIN“ пишува за убавините на Охрид

На неколку страни во престижното турско списание кое се печати на руски и англиски јазик, се пишува за Охрид како бисер на Балканот. Охридското езеро е опишано како едно од најубавите природни езера сместено во западниот дел на Македонија , а за Охрид како град кој со своите природни и културно- историски убавини е под заштита на УНЕСКО. Во одделен пасус се пишува за музичко сценската манифестација „Охридско Лето“. HOLIDAY MAGAZIN е доста популарно списание во светски рамки и се дистрибуира во големите аеродроми и трговски центри ширум Светов. Големата…

повеќе...

Беснеат пожари во Грција

Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено, јави дописникот на МИА од Атина. Грчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва. Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една…

повеќе...

ММФ: Да се зголеми старосната граница за пензија во Албанија

Меѓународниот монетарен фонд на почетокот на месецов на Албанија и даде заем од околу 330 милиони евра, но бара албанската влада да ја зголеми старосната граница за одење во пензија. „ММФ бара мажите да одат во пенизја на 67 годишна возраст, наместо на 65 колку што е сегашната граница, а жените на 65 наместо на 63години“, пренесува порталот „Албеу“. Според ММФ, актуелната тежина на пензиите врз државниот буџет е голема и може и понатаму да ја отежни ситуацијата, поради ниските придонеси за осигурување и неприкажувањето на реалната плата од страна…

повеќе...

Грција ќе го признае Косово?

Грчката позиција во однос на Косово е добро позната и таа не е променета, изјавил портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас. Неговата изјава следуваше како реакција на исказот на шефот на дипломатската мисија на Грција во Приштина, Димитрис Маскопулос, според кого ако Атина го поддржи членството на Косово во Еевропската унија, тоа значи дека ја признала неговата независност како држава, пишува „Блиц“. Според Кутрас, Маскопулос веќе го објавил соопштението во кое ги демантирал тврдењата дека Атина планира да го признае Косово. „Очигледно неговите зборови се погрешно интерпретирани“,…

повеќе...

НАСА: Наскоро ќе дојде крајот на светот

Како и Римското царство и цивилизацијата на Маите пред нас, модерниот индустриски свет каков што го познаваме денес, исто така би можел да исчезне, се истакнува во истражувањето на Центарот за вселенски летови од Американската вселенска агенција (НАСА). И во минатото постоеле различни теории за крајот на светот, но овој пат „неповратниот слом“ на индустриската цивилизација го најавуваат сериозни научници кои своите истражувања ги темелат врз моделот HANDY (Human and Natural Dynamical). Проектот кој го предводел математичарот Сафа Мотешари ги идентификувал елементите кои довеле до исчезнување на древните цивилизации а…

повеќе...

Нафтата поевтина по сумирање на профитите

Цените на нафта денеска се намалија, откако инвеститорите го сумираа профитот од повеќедневните добивки, додека во исто време, се фокусираа на меѓународните тензии околу настаните на Крим. Еден барел „лесна“ нафта за терминска испорака во април поевтини на Трговската берза во Њујорк за 25 центи на 99,45 долари за барел, додека истата количина северноморска нафта од типот „брент“ за испорака во мај на пазарите во Лондон чинеше 106,77 долари, односно два цента помалку во однос на вчерашното тргување. Рускиот претседател, Владимир Путин, потпишал документ за влез на Крим во состав…

повеќе...

Во Ирак со закон ќе се мажат девојчиња помлади од девет години?

Владата во Ирак го прифатила предлогот на новиот закон за брак, според кој што малолетници, помлади од девет години можат да стапат во брачна заедница. За голем број жители на оваа земја овие измени се чекор наназад за правата на жените. Овие мерки, чија цел е создавање на различни закони за шиитското мнозинство, дополнително ќе влијае на се’ подлабоките поделби на оваа земја. Исто така, може да доведе до се’ поголем број на девојчиња помлади од 18 години кои ќе бидат принудени да се омажат поради законот кој е на…

повеќе...