НВО „Натура Лаб“ одржа јавен собир изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом

Вчера, во периодот од 14:00 до 15:00 часот во с.Боровец, струшко, поточно на спортското игралиште, околу 500 граѓани во организација на невладината организација „Натура Лаб“ од с.Лабуништа одржале ненајавен јавен собир, изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом на м.в. „Стижак“ од А.Д „Илинден“ – Струга. За време на собирот немало нарушување на јавниот ред и мир.

повеќе...

Народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Вечерва во Охрид пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија.  „Се собравме во масовен број членови на ВМРО-ДПМНЕ да го крениме гласот и да кажеме дека веќе ова вака не може, дека ние веќе како граѓани на нашата држава Република Македонија нема да дозволиме разнебитувње, двојазичност, федарализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ…

повеќе...

Започна стручниот собир „Сите заедно за здравје за секого до 2020“

Во организација на Министерството за здравство и канцеларијата на Светската здравствена организација, синоќа во хотелот „ Метропол“ започна стручниот собир „Сите заедно за здравје за секого до 2020“ . На почетокот на собирот, во името на градот домаќин, се обрати председателката на Советот на општина Охрид , Гордана Коњановска. „Гледајќи ја програмата за работа, тематските области кои ќе се обработуваат и бројноста на сесиите на работните групи, можам само да упатам искрени честитики до организаторите за напорната работа во композицијата на овој несомнено важен настан за донесување на Националната стратегија…

повеќе...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да дозволи промена на уставот со цел промена на уставното име

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за името на Република Македонија е јасен, цврст и непроменет. За било какво можно решение, народот ќе биде прашан на референдум. Премиерот Никола Груевски на масовниот народен собир пред македонското Собрание истакна дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да прифати промена на уставот со цел промена на уставното име. „ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози кои ќе ги нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик. Нема да дозволи какво било решение и компромис да бидат прифатени без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум“, рече Груевски.…

повеќе...

Груевски: СДСМ и Заев се минливи, а ВМРО има план како да се надмине кризата

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе најдат начин да го запрат овој залет на правење штета на Македонија, порача премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани собрани под мотото: МАКЕДОНИЈА СИЛНА! Први во тој правец, додаде тој, презедоа чекор Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков, кои иако без докажана вина, покажаа одлука во интерес на државата да се повлечат. СДСМ и Заев постепено ќе станат изолирани, подвлече Груевски и продолжи: „Ние имаме план да ја надминеме кризата создадена од СДСМ и ќе го реализираме тоа што го ветивме. Нема да дозволиме на Заев да тоа…

повеќе...

Денес пред Собрание голем народен собир на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Македонија силна!“ вечер со почеток од 20 часот, пред Собранието на Република Македонија владејачката ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат голем народен собир. „Со собирот за поддршка на Македонија зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ ќе покажеме дека оваа држава има народ со крената кичма и нема да дозволи некој однадвор, со инструмент и полтрон на нечии интереси, да ја руши државата, да руши легитимно избрана власт и да спроведува други сценарија“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во интервју пред два дена. На…

повеќе...

Граѓански собир за поддршка на полицијата во Охрид

Неколку стотици граѓани се собраа попладнево на градскиот плоштад во Охрид за да изразат поддшка на и почит за македонската полиција. На собирот, кој беше организиран преку социјалните мрежи присуствуваа граѓани од сите генерации, а можеа да се забележат и носители на јавни функции и претставници на локалната самоуправа. На собирот беше присутен и Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. Насобраните граѓани од охридскиот плоштад со мирен марш се упатија кон крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“, каде што на сообраќаецот кој го регулираше сообраќајот му беше предадено знаме…

повеќе...

Откажан народниот собир во Велес

Поради актуелната безбедносна ситуација во Куманово, Големиот народен собир што беше најавен за недела 10.05.2015 во Велес е откажан. ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.

повеќе...

Утре народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со големите народни собири низ цела Македонија. Утре, недела ќе се оддржи нов голем народен собир, овој пат во Велес. Народниот собир е закажан за 13 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“. Јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. На собирот ќе се обратат повеќе личности меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.

повеќе...

Експресниот пат Охрид – Пештани ќе биде согласно сите еколошки стандарди

Експресниот пат Охрид – Пештани, кој е значајна инвестиција за регионот, ќе биде согласно сите еколошки стандарди, порача премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Охрид. „Во моментов интензивно работиме на овој проект со цел да се спречат сите грижи околу еколошките стандарди со ЕБРД договоривме изработка на еколошка студија која ќе ги утврди точните параметри на патот. Сакам да најавам дека со таа еколошка студија ќе обезбедиме еколошка одржливост согласно сите процедури“, потенцира Груевски. Веќе наесен, како што додаде, се очекува распишување на постапка за избор на изведувач…

повеќе...