Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа во 19 часот и 54 минути се случи на регионалниот пат Струга-Подмоље. Од силината на ударот и здобиените повреди на лице место починал Ајнур Ц. (29) од Кичево. На местото на настанот, смртта е констатирана од доктор од брзата помош во Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди фрактура на лева клучна коска и фрактура на три ребра на лева страна се здобил возачот на возилото М.М (28) од Кичево. Тој со возило на брза помош е пренесен во…
повеќе...Tag: сообраќајка
20 лица се повредени во сообраќајна незгода на патот Кичево – Охрид
Десет лица се здобиле со тешки, а десет други со лесни телесни повреди во сообраќајната незгода што денес во 06 часот и 45 минути се случи на регионалниот пат Кичево-Осломеј во близина на селото Мамудовци. Во тешката сообраќајна незгода учествувале мини бус марка „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксваген“ кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј како и едно товарно возило марка „Форд“ што сообраќало од спротивниот правец. Сообраќајната незгода се случила во момент кога мини бусот „Мерцедес“ кој превезувал 18 патници-работници во РЕК „Осломеј“ започнал да врши…
повеќе...Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај с.Врбјани
На 12.10.2015 година околу 06,20 часот на регионалнот пат Прилеп-Крушево кај с.Врбјани случена е сообраќајна незгода во која Николче М.(24) од Прилеп управувајќи ПМВ„Рено Меган“ со прилепски регистерски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел на земјена површина во насобрана вода. Од здобиените повреди истиот починал на местото на настанот. Од страна на ЈО и увидна екипа од ПС Прилеп извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
повеќе...Мерцедес удри во приколка со грозје на „Туристичка“
Денес нешто по 16:30 часот на булеварот „Туристичка“ на крстосницата кај „Мини-маркет“, патничко моторно возило Мерцедес удри во приколка со грозје. Освен предницата од Мерцедесот, материјална штета беше причинета и кај автомобилот со приколката, односно самата приколка од која поголемиот дел од грозјето заврши на самата улица. Сообраќајот беше во мал застој и беше пренасочуван додека траеше увидот од страна на полицијата. Веднаш потоа беа повикани и екипите од комунална хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“ кои го собраа грозјето. WebOhrid
повеќе...Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Кичево – Македонски брод
Едно лице го загуби животот по тешката сообраќајна незгода што денес во 11 часот и 20 минути се случи на пресекот на регионалниот пат Кичево-Македонски брод со улицата „Маршал Тито“. Од здобиените повреди, во општата болница во Кичево почина Насуф Н. (74) од Кичево кој по регионалниот пат управувал велосипед движејќи се кон Кичево. Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот управувајќи го велосипедот се обидел да го премине коловозот од регионалниот пат при што дошло до удар врз велосипедот од патничко моторно возило марка „Цитроен Берлинго“ со кичевски регистарски…
повеќе...Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Охрид – Св.Наум
Едно лице го загуби животот, а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин. По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20) од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки. Незгодата се случила во…
повеќе...Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Струга – Ќафасан
Вчера околу 16.00 часот на Магистралниот пат од Струга према Ќафасан, на излез од градот се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управувано од Г.Г.(27) од с.Франгово и велосипедист Владимир М.(1949) од Струга. Во незгодата Владимир М. се здобил со повреди и бил пренесен во ГБ-Струга каде починал. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
повеќе...Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево
Вчера околу 17 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево на спојката со локалниот пат за село Годивје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, Лазо Н. (43)од селото Издеглавје општина Дебрца. Имено, Лазо Н. управувајќи моторно возило марка „Застава-101“ изгубил контрола и преминал на левата страна од коловозот. Притоа, со предниот дел од автомобилот удрил во бетонски sид од шахта за атмосверска вода која, на тој потег од патниот правец била во изградба. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза…
повеќе...Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода на патот Ќафасан – Подмоље
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што синоќа околу 21 часот се случи на магистралниот пат Ќафасан-Подмоље во близина на струшката населба Мислешевски пат. Од силината на удар од автобус на лице место починала Нафије М. (79) од Струга. Сообраќајната незгода се случила во момент на непрописно преминување на коловозот од сега починатата и неприлагодена брзина према условите на патот со која се движел автобус „Мерцедес“ со гостиварски регистарски таблици сопственост на „Дурмо турс“ а управуван од Г.Д. (48) од Гостивар. Во моментот на непрописното преминување на…
повеќе...Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода на патот Кичево – Гостивар
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што рано утрово во 01 часот и 10 минути се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Трапчин Дол. На лице место починал Шукри А.(60) од истото село. Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Опел Астра“ движејќи се во правец Кичево-Гостивар, со предната лева страна го удрил сега починатиот Шукри А. кој се движел на магистралниот пат. Возилото „Опел Астра“ имало кичевски регистарски таблици а било управувано од А.С. (64) од кичевското село Букојчани.…
повеќе...