Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор „Даруваме радост на првачињата“

Со мотото „Даруваме радост на првачињата“ Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца. Акцијата започнува од петок, 11.08.2017 и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година. Црвен крст Охрид упатува апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваат да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата. Потребен е следниот училишен прибор: • Тетратки со квадратчиња (А5 формат) • Тетратки без линии (А4 формат) • Тетратки…

повеќе...

Министрите Спасов и Мисајловски за само еден ден го надминаа проблемот со социјалните станови

Министрите за труд и социјална политика и транспорт и врски, Диме Спасов и Владо Мисајловски за само еден ден го надминаа проблемот со социјалните станови кои ги засегаше најранливите категории. „На мое задоволство и на сите граѓани кои беа ставени во милост и немилост да ги добијат социјалните станови во Прилеп, Ресен и Демир Хисар, сакам денеска да ги известам сите граѓани и да упатам голема благодарност до министерот Диме Спасов и Министерството за труд и социјална политика, што за еден ден се реши ова прашање, овој горчлив проблем за…

повеќе...

30-та седница на Економско-социјалниот совет

Денеска се одржа 30-та седница на Економско-социјалниот совет со која претседаваше претседателот на ЕСС и министер за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. На дневен ред на 30-та седница на ЕСС беа повеќе точки: разгледување и усвојување на Нацрт-трипартитниот акциски план за унапредување на колективното договарање согласно со разговорите на трипартитната работилница, одржана во Скопје на 22 септември 2015; разгледување и усвојување на Нацрт-верзијата на Предлог програмата за работа на Економско – социјалниот совет за 2016 година; разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија и план на ЕСС; утврдување на…

повеќе...

Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик

Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…

повеќе...

Потпишана Административна спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и Амбасадорот на Словачка Република, Н.Е Мартин Безак денес ја потпишаа Административната спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување. Со Административната спогодба се уредува начинот и постапката на остварувањето на правата од социјално осигурување, надлежните институции и органите за врска за спроведување на Договорот. Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Словачката Република се потпиша минатата година во Братислава. Договорот е ратификуван од парламентите на Република Македонија и Словачка Република и стапува на сила…

повеќе...

Обнова на документација на корисниците на социјална парична помош во Охрид и Дебрца

ЈУМ Центар за социјална работа – Охрид информира дека законската годишна обнова за корисниците на правото на Социјална парична помош ќе се одвива во периодот од 09.11.2015 година до 11.12.2015 година секој работен ден во просториите на ЈУМЦСР Охрид, а тоа се однесува за општина Охрид и општина Дебрца. Потребна документација за годишната обнова е: -Важечки лични карти за сите возрасни над 18 годишна возраст -Пресуда за развод на брак (доколку лицето е разведено) -Пресуда за определена законска издршка -Потврда за студент.

повеќе...

Ставрески: Историски највисоки инвестиции и најнизок дефицит, зголемени пензии и социјална помош

Со предлог буџетот за 2016 година ќе се овозможи историски највисоко ниво на инвестиции, ќе се зголемат пензиите и надоместоците за социјална помош, а буџетскиот дефицит ќе се намали од 3,6 на 3,2 проценти од БДП, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Во образложението за Предлог-буџетот за 2016 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет Ставрески рече дека капиталните инвестиции се планирани на износ од 25.092 милиони денари, како развојна компонента на буџетот што директно ќе помогне за динамизирање на економската активност во следната година. Капиталните…

повеќе...

Груевски: Ново покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та

Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година. „На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5…

повеќе...

Дополнителен финансиски стимул за семејствата во социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес конференција ја информираше јавноста дека продолжува проектот за условен паричен надоместок за учениците од средно образование коишто потекнуваат од семејства приматели на социјална парична помош и е што е дел од програмата на Владата. „Овој проект продолжуваме да го реализираме веќе шеста година и значи дополнителна финансиска помош на примателите на социјална парична помош, односно, на најранливата категорија на граѓани во Република Македонија, дополнителен финансиски стимул за нивните деца да посетуваат редовна настава во рамките на средното образование. Станува збор…

повеќе...

Седум центри за социјални работи ќе бидат реконструирани

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети Центарот за социјална работа во општина Демир Хисар и општина Крушевo, при што го означи почетокот на втората фаза на реконструкција и реновирање на Центрите за социјална работа во Република Македонија. „Станува збор за 7 центри за социјална работа кои што во период од 9 месеци целосно ќе бидат реконструирани, реновирани и ќе бидат опремени со нов мебел и опрема. Денес се започнува со реконструкција на Центарот за социјална работа во Демир Хисар и исто така и во Крушево,…

повеќе...