ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од Детските Рацинови средби

Учениците од охридските училишта постигнаа голем успех на поетската манифестација „49 Детски Рацинови средби“, која се одржа во организација на клубот на писатели „Коста Солев-Рацин“ од Велес. Со Пофалници се стекнаа тројца ученици и нивните ментори професорите по македонски јазик и литература.  Во категоријата средни училишта Сергеј Костовски од ОУТУ „Ванчо Питошески”под менторство на проф. Перчо Божиновски. Во категоријата основни училишта: Јована Димитрова од ОУ „Братство Единство”со менторот проф. Јованка Љаткоска и Михаела Василевска од ОУ „Кочо Рацин” и менторот проф. Ивана Рилкова-Томеска.  Учениците имаа чест да бидат избрани и пофалени…

повеќе...

Кирацовски: Вработените секојдневно говорат за притисоците и политичкото влијание кои се прават врз нив

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација м-р Александар Кирацовски, согласно мисијата за обезбедување на услови за слободни, фер и регуларни избори, заедно со членови од кабинетот го посети Центарот за социјални работи во Ресн и Крушево, како и Општина Охрид каде имаше средба со градоначалникот на Општината, Никола Бакрачески. На средбите со раководителот на центарот за социјални работи во Крушево и на градоначалникот на Охрид Бакрачески, им беа предочени дојавите кои што од вработените во тие институции, но и од граѓаните стигнале до веб страницата на дополнителниот заменик министер…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средби со жителите од неколку месни заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид и директорите на јавните претпријатија, денес остварија средби со жителите од месните заедници Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Коњско и Рача. Ваквата практика на директна комуникација со граѓаните која ја практикува градоначалникот е значајна бидејќи токму жителите имаат можност активно да учествуваат во креирањето на програмата за комунален развој. Денешната средба беше искористена и за таргетирање на приоритетните проблеми кои месното население ги има како и можни решенија. Најчесто како потреба беа посочувани изградбата на потпорни ѕидови, поставување на…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Одржана средба со урбаните заедници „Кошишта“ , „Железничка“ и „Радојца Новичиќ“

Средбите на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните продолжуваат. Денес, градоначалникот заедно со директорите на јавните претпријатија и претставници од Локалната самоуправа остварија средба со жителите на три урбани заедници. Градоначалникот пред жителите од овие населени места ги презентираше проектите кои се реализирани во овие урбани заедници, а средбата ја искористи за директно од жителите да се информира за проблемите чие решавање е приеритетно. На средбата се дискутираше за одредени урбанистички решенија, беа дадени идеи за инфраструктурни решенија но и идеи од комуналната сфера. Ваквата комуникација на градоначалникот со жителите од…

повеќе...

Започнува новиот циклус на средби со урбаните и месните заедници

Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со претставници од стручните служби на општина Охрид како и претставници од Јавните прептријатија кои се под општина Охрид, од понеделник (07.11.2016) година, го стартуваат новиот циклус на средби и посети на урбаните и месните заедници. Со почеток во 17 часот во голема сала на општина Охрид, ќе се оствари средба со жителите од урбаните заедници „Билјанини извори“, „Даме Груев“ и „Лескајца“. Во вторник (08.11.2016) со почеток во 17 часот, исто така во голема сала ќе се оствари средба со жителите од УЗ „Кошишта“, „Железничка“ и…

повеќе...

Охридски староградски средби

Дваесет и осмите „Охридски староградски средби“ во саботата навечер, во Центарот за култура „Григор Прличев“, беа во знакот на настапите на неколку староградски ансамли од Република Македонија.Во името на општина Охрид, која ја поддржува оваа манифестација, учесниците и присутните ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Кога ние ќе засвиревме, Охрид молчеше. Не помина многу време и во вечерните часови, обично во саботите,кога нашата тајфа ќе засвираше по старите охридки улици, низ Варош и Месокастро, градот замолчуваше и ми се чинеше дека сите замолчуваат- раскажува трубадурот Димитри Вељаноски.„ Ви тврдам дека…

повеќе...

На први октомври 28мо издание на „Охридски староградски средби“ 2016

На 1ви октомври (сабота) по 28ми пат ќе се одржат „Охридските староградски средби“ 2016, во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.  Фестивалот има за цел да ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции. На 28то издание ќе настапат Градски Хор при ЦК „Григор Прличев” од Охрид, ЗПK Куманово и Културно уметничко друштво Ѓоко Симоновски, Пеачка група „Весела Тајфа” од Богданци, Здружение на граѓани-Градски хор од Штип, КУД Далги ЗП Охрид и Дебрца,  Ансамблот за народни песни „Вања Лазарова” од Скопје, Ансамбл Љупчо Љубен Кумбароски и…

повеќе...

Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Унгарија, на Италијанската Република и на Соединетите Мексикански Држави во Р. Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Унгарија, на Италијанската Република и на Соединетите Мексикански Држави во Република Македонија. На средбата со новоименуваниот амбасадор на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. г. Иштван Ласло Дукс, претседателот Иванов ги истакна одличните односи кои ги карактеризира искрено пријателство и заемна поддршка и почит и изрази надеж дека во наредниот период ќе се продлабочи започнатата активна соработка во повеќе сфери, особено во економската. „Верувам дека мерките и активностите што ги преземаат македонската и унгарската влада…

повеќе...

Заев во Охрид: Со промените доаѓа сигурна и подобра иднина за Македонија

Претседателот Зоран Заев денеска е меѓу граѓаните на Охрид. Тој утрово се сретна со жителите на Пештани кои срдечно го пречекаа. „Само притисоци и закани имаме затоа што отворено сме против оваа криминална власт. Мора да има владеење на правото. Мора да им се врати имотот на вистинските сопственици во Пештани“, побараа пештанци. Се краде имот, се крадат гласови. По сите основи сме дискриминирани и обесправени, едногласни се граѓаните. „Промените незапирливо доаѓаат. Ставаме крај на криминалот и корупцијата, во Македонија да има право и правда за сите. Сите ќе бидаме…

повеќе...