Охрид без бариери за лицата со попреченост

Општина Охрид, со грант од Амбасадата на Австралија од Белград во Дневниот центар „Зраци“ го реализира проектот „Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Проектот во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулијана Фини, денеска во големата сала на општина Охрид, беше промовиран со одржување на јавна трибина посветена на грижата за лицата со попреченост во развојот. Проектната апликација „Охрид без бариери за лица со попреченост“ за грант во австралиската амбасада го изработи Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид. Апликацијата беше одобрена во…

повеќе...

Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе одржи трибина на 4-ти мај

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, во рамките на прославата на 70 годишнината од Денот на победата над фашизмот, по повод 35 годишнината од смртта на Јосип Броз Тито и 112 години од смртта на Гоце Делчев, организира Свечен собир (трибина) во просториите на Организацијата на 4-ти Мај (понеделник) со почеток во 11:00 часот.

повеќе...

Груевски: Таблети за студенти и 10 отсто зголемување на социјалната помош

Сите студенти на државните и приватните универзитети, кои првпат запишале трета или четврта година, а чии семејства немаат поголем месечен приход од просечна нето плата во Македонија, која во моментот изнесува околу 21.500 денари, ќе добијат бесплатен таблет со тастатура, најави премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СЦ „Борис Трајковски“. Целта, нагласи, е да им помогнат да се здобијат со поквалитетно образование, со повеќе можности, шанси, и еднаквост со оние чии родители имаат поголема заработка. Груевски објави дека следното покачување на социјалната помош, кое треба да се реализира во…

повеќе...

Шест нови инвестиции со 4.500 директни вработувања, најави Груевски

Шест нови инвестиции кои ќе овозможат 4.500 директни вработувања и уште многу индиректни, најави денеска премиерот Никола Груевски, во обраќањето на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“. Ќе има, како што рече, американска инвестиција од автомобилската индустрија во висина од 15 милиони евра стационирана во Тетово со 2.500 вработувања во тој регион. Друга веќе неформално потврдена инвестиција ќе има Василево, во капацитет за производство на материјали во рударство и градежништво. Пред две-три недели, информира премиерот, Владата одлучила да издаде уште една концесија за проширување на сопственикот на сегашниот рудник…

повеќе...

Груевски: Преодна Влада можно и остварливо, но без ВМРО-ДПМНЕ

Барањето за преодна влада во Македонија е можно и остварливо. Но, без ВМРО-ДПМНЕ во нејзе. Ние сме сметале и секогаш ќе сметаме дека народот е тој кој дава мандат и легитимитет на избори и дека народот бира кој ќе формира влада а кој не, истакна премиерот Никола Груевски на денешната трибина во СЦ „Борис Трајковски“. Со формирање на преодна влада, додаде тој, се отвора простор за сериозен преседан, кој потоа лесно може да биде предмет на конфликтност меѓу партиите. „Кога сме кај големите прашања, ние имаме јасен и дециден став…

повеќе...

Груевски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот кој не поддржува

На денешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ, Премиерот на Република Македонија Никола Груевски истакна дека силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот. „Кога за првпат до нас допре идејата на некои општински комитети за организирање на ваков настан, помисливме како да го направиме, а да не изгледа на митинг. Знаете опасно е ако изгледа дека правиме митинг, опонентиве ќе си речат, овие тргнаа на избори. И ете проблем. Здравствен за некого, а за друг обврска да смислува изговори како да не учествува на избори. Еве за да им ги скратиме маките на старт,…

повеќе...

Заев: Бакрачески победи на криминални избори

Бомбардирањето го има во државава, но се уште се нема случено експлозијата. Власта се ниша од сите страни. На тацна ќе ги претставиме сите аргументи и докази, но и тогаш не можеме да и наштетиме на Македонија, туку ќе го трнеме злото од неа. Ова на трибината „Заедно од проблеми до решенија“ што ја организира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во Охрид го изјави претседателот на оваа партија, Зоран Заев. „Нашето сценарио коешто допрва ќе се случува мора да вроди со успех, злото да го нема ама да ги отвори патиштата…

повеќе...

СДСМ организира трибина со граѓаните на Охрид „Заедно од проблемите до решенија“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија организира трибина со граѓаните на Охрид:  „Заедно од проблемите до решенија“. Трибината ќе се одржи во среда, на 17.12.2014 год. во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот. ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани сограѓани да повелат на трибината и да земат учество во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ, како и коалиционите партнери.

повеќе...

Стоп за насилството врз жените и девојчињата!

Денес во големата сала на општина Охрид се одржа трибината насловена: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Организирана од страна на Советот на млади при општина Охрид, оваа трибина беше дел и од светската кампања „16 дена активизам – да ставиме на насилството врз жените и девојчињата – сега.“ Во почетокот, во името на организаторот присутните ги поздрави Павел Донески, ПР на Советот на млади, кој истакна дека овој настан е во функција на подигнување на јавната свест против различните форми на насилство врз жените и девојчињата за што е…

повеќе...

Трибина на тема „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“

Локалниот совет на млади при општина Охрид организира трибина на тема: „Стоп за насилството врз жените и девојчињата“. Трибината ќе се одржи на 3 декември (среда), со почеток во 11:00 часот во малата сала на општина Охрид. Свое обраќање на трибината ќе имаат: Ѓорѓи Тодороски, дипломиран педагог, Марија Тренева, доктор по општа медицина, како и Славица Костоска, директор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј.“ „Со овој настан, Советот на млади се приклучува кон глобалната кампања: „16 дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“.…

повеќе...