Бројот на туристи од Србија во константен пораст

Од 18ти до 21ви февруари 2016 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот…

повеќе...

Ќе се зголемува бројот на израелските гости во Охрид

По остварената средба во Израел, денес во возвратна посета на Охрид, престојуваше Шмуел Цурел, генерален директор на S. ZUREL компанија за туристички маркетинг, кој имаше работна средба со Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за ТЛЕР. Гостинот од Израел понуди платформа за соработка, со која потенцијалните партнери од Израел организирано ќе носат гости на охридското крајбрежје, преку авионската чартер линија, која ќе биде воведена од наредната година. На средбата стана збор и за воведување на редовна авио линија, по сличниот принцип на соработка воспоставен со Визер, со што прогрогресивно би растел…

повеќе...

Во Македонија годинава 11,6 отсто повеќе странски туристи

Македонија позитивно се движи во развојот на туризмот. Во првите пет месеци од годинава забележан е раст на туристи од 6,5 проценти при што се бележат 11,6 отсто раст на странски и пад од 2,9 проценти на домашни туристи. Ова денеска го истакна министерот за економија Беким Незири на средбата со претставници на туристичките здруженија во Република Македонија на која биле анализирани резултатите објавени на 13 август од Заводот за статистика. „За разлика од претходните години каде што имавме раст од 6,1 проценти, оваа година имаме покачување од 0,4 отсто…

повеќе...

Расте бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2015 година изнесува 71 384, а бројот на ноќевањата изнесува 174 785.  Бројот на туристите во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 1.0%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.3%. Бројот на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е намален за 2.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2015 година, во однос на јуни…

повеќе...

Јавен повик за поднесување барања за добивање субвенции на дел од уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи

Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на дел од уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во општина Охрид. Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност од мал обем во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2015 година изнесува 82 084, а бројот на ноќевањата изнесува 170 943. Бројот на туристите во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е зголемен за 7.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 0.1%. Бројот на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014 година, е намален за 2.8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2015 година, во однос на мај 2014…

повеќе...

Втора нова линија од охридскиот аеродром летово: ТАВ Македонија го дочекува првиот лет од Базел

Новите летови меѓу македонскиот туристички бисер и швајцарскиот град Базел почнуваат вечерва. Авиокомпанијата „Визер“ ќе лета на релацијата Базел-Охрид-Базел два пати неделно. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле’’, опериран од „ТАВ Македонија“, вечерва ќе го пречека првиот лет од Базел со што ќе се воспостави новата директна линија Базел-Охрид-Базел со авиокомпанијата „Визер“. Авионот кој ќе слета од швајцарскиот град во Охрид вечерва во 18 часот и 40 минути, во Македонија ќе донесе 179 патници, a од „Св. Апостол Павле“ во Базел ќе однесе 133 патници. Како и за секоја новоотворена линија,…

повеќе...

АППТ: Безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека на веб-страната на МНР е поставено известување за политичко безбедносната состојба во РМ. Воедно информираат дека МНР до сите свои дипломатско- конзуларни претставништва во светот достави допис во кој се укажува дека безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво и дека туристичките работници се подготвени да ги примат странските туристи во РМ. ДКП-ата на РМ се задолжени, во контакт со институциите од земјите на прием, да ги пренесат овие укажувања. Повеќе информации на следниот линк.

повеќе...

Необични туристи во Елшани

Охридското село Елшани веќе од поодамна е на мапата на европските и светски тур-оператори. Од година во година бројот на туристи кои го посетуваат селото се зголемува. Доаѓаат различни луѓе од различни места и со различни манири, но со една цел – да ги видат убавините на Елшани и на Езерото и Галичица, гледани и почувствувани во Елшани. Меѓу бројните гости доаѓаат Холанѓани, Израелци, Јапонци, Французи, Бугари, Срби, Словенци, Пољаци и други. И оваа година туристичката сезона во Елшани веќе започна. Секојдневно доаѓаат групи туристи кои го вкусуваат елшанското добредојде…

повеќе...

На Аеродромот во Охрид „ТАВ Македонија“ им посака добредојде на првите холандски туристи

Со церемонија за добредојде, ТАВ Македонија утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ги пречека првите 180 холандски туристи кои пристигнаа со чартер-летот на авиокомпанијата „Корендон“. Девојки облечени во македонска народна носија, ги понудија туристите кои допатуваа од Амстердам, со традиционалната закуска од леб и сол, а претходно вработените на ТАВ Македонија приредија интересна глетка за присутните – воден мост во форма на виножито го опкружи авионот. Од ТАВ Македонија велат дека се задоволни што овие чартер-летови со холандските туристи продолжуваат и оваа летна сезона, петта година по ред. „Денеска…

повеќе...