Започна асфалтирањето на улицата „Илија Смически“ во Лескоец

Попладнево започна асфалтирањето на улица „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 1 100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4,5 метри. Проектот за реконструкција на оваа улица започна пред две недели а на асфалтирањето му претходеше поставување на нова фекална канализација по должината на патот и поставување на нов тампон. Асфалтирањето на улицата „Илија Смически “ќе се одвива по фази во наредниве неколку денови. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Овој проект општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка.

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад од Горна Влашка Маала

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и УЗ 10 „Горна Влашка Мала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамал“ и „Горна Влашка Mала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски…

повеќе...

Интензивно се работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“

Градежната компанија АД „ Илинден“ интензивно работи на реконструкцијата на улицата „Ристо Чадо“. На улицата се отстранува постојниот асфалт по целата ширина, се поставува тампонски слој, а потоа следува асфалтирањето. На терен се и екипите на ЈП „Нискоградба“ кои работат на приклучување на објектите на новата траса на канализацијата.

повеќе...

Континуирани градежни активности за поубав Охрид

Со забрзано темпо се реализираат активностите за изградба на две нови кружни крстосници по должината на булеварот Туристичка на пресекот со улица „Македонски Просветители“ и улица „Стив Наумов“. Во моментов и на двата градежни објекти, екипи на охридските јавни претпријатија вршат интензивни градежни зафати за поставување на нова атмосферска канализација и подготовка на теренот за претстојните крупни градежни активности. Кружната крстосница на пресекот на булевар Туристичка со ул. „Македонски Просветители“ е проект којшто Локалната самоуправа го реализира со средства од Светска Банка и негова договорена и проектирана цена е 10.397…

повеќе...

Покосен семафор кај „Мини-маркет“

Семафорот кај „Мини-маркет“ е буквално покосен. Некои би рекле: „Ех да има уста да зборува!“ На надлежните не им останува ништо друго освен ова да им биде прва задача утре наутро, онака „понеделнички“, повторно да го исправат семафорот. WebOhrid

повеќе...

Свечено пуштен во употреба кружниот тек на Булевар „Туристичка“

Со пригодна свеченост, денес, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески го пуштија во употреба кружниот тек кој се наоѓа на пресекот од Булеварот Туристичка и ул. Бистрица. Проектот за изградба на кружниот тек е вреден повеќе од 5 милиони денари и е од витално значење за Охрид и охриѓани затоа што обезбедува подобра регулација на сообраќајот. „Ризичната раскрсница за сообраќај ја уредивме по најсовремени стандарди. На новиот кружен тек поставена е хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а уредени се и тротоарите околу кружниот тек.…

повеќе...

Невестинско оро ја блокира улицата „Мирче Ацев“

Најмногу свадби во Охрид се прават кога времето е најжешко, односно среде лето. Речиси и да нема хотел во Охрид во кој нема закажана свадба за време на викендите од мај па се до октомври. Оваа денешна свадба, поточно невестинското оро, за момент го блокира сообраќајот на улицата „Мирче Ацев“. Нека е со среќа! WebOhrid

повеќе...

Дел од улицата „Питу Гули“ привремено затворен за сообраќај

Дел од улицата „Питу Гули“ од утрово беше затворен за сообраќај. Станува збор за делот од крстосницата на улицата „Питу Гули“ со улицата „Марко Нестороски“ до Автобуската станица. Градежните активности на улицата „Питу Гули“ започнаа во април оваа година. Проектот се реализира со кредит од Светска банка, потпомогнат од Владата на Р.Македонија, односно Министерството за финансии. WebOhrid

повеќе...

Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување

Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid

повеќе...

Атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ изведува градежни активности на ул. „Питу Гули“ на делницата од пресекот со ул. „Марко Нестороски“ до кружниот тек на пресекот со ул. „Јане Сандански“. Во состав на активностите ќе се изработат четири премини, една собирна шахта и пет сливници за собирање на атмосферската вода. Со одделување на дождовната вода од фекалната канализација се подобрува функционалноста на колекторскиот систем, а учесниците во сообраќајот ќе можат да се движат побезбедно во периодот на врнежи.

повеќе...