Општина Охрид по барање на жителите на ул. „Кузман Капидан“ – Охрид, а заради уредување на дрворедот на истоимената улица, на 9-ти јуни, во 13:00 часот во големата сала на Општина Охрид, организира јавна расправа. Се покануваат жителите од ул.„Кузман Капидан“- Охрид и сите други заинтересирани граѓани да учествуваат на јавната расправа и да ги изнесат своите ставови и размислувања во врска со уредувањето на оваа улица која е главен приод до Св.Климентовата црква . Група граѓани, жители на ул.„Кузман Капидан“ до Градоначалникот, Секретарот, Советот на Општина Охрид, Инспекциските служби,…
повеќе...Tag: улица
Баскерфест 2015 од 12-ти јуни низ цела Македонија
Караванот кој носи радост оваа година го прославува 10-от роденден и по повод јубилејот подготви одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија. Баскерфест 2015 започнува на 12-ти јуни, а ќе трае се до 13-ти јули, односно точно месец дена. Во Скопје официјалниот почеток е на 12-ти јуни со траење до 21-ви јуни. Традиционално фестивалот ќе се одржува во центарот на градот. Покрај Скопје, Баскерфест ќе се одржува и низ поголемиот дел градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност…
повеќе...Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа и Рача и на улиците „Ѓорче Петров“ и „Гоце Делчев“
Поради санација на дефект на водоводната линија, денеска до 14:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има во селата, Љубаништа и Рача а без вода ќе бидат и жителите на улица „Ѓорче Петров“. Поради приклучок на новата водоводна линија до 14 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „Гоце Делцев“.
повеќе...Се интензивира реконструкцијата на улицата „Питу Гули“
Градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“, продолжуваат со засилена динамика. Старите бехатонски плочки од тротоарите се отстрануваат и се врши подготовка на подлогата за поставување на тампонски материјал, по што ќе следува поставување на нови бехатонски плочки на тротоарскиот дел од улицата. Во текот на денешниот ден, стручните служби од општина Охрид заедно со надзорот и изведувачот излегоа на терен при што на изведувачот му се дадоа насоки со кои ќе може да започне со висинско поставување на ивичниците. Влезовите кон околните влезови веќе се дефинирани со што…
повеќе...Никнува нова депонија вдолж улицата „Ристо Чадо“
И покрај акциите на ЈП „Охридски Комуналец“, за чистење на отпадот, несовесните граѓани повторно ја загадуваат околината! Како што може да се забележи на фотографиите, расфрланиот отпад покрај улицата „Ристо Чадо“ наликува на депонија! А.Андриоски
повеќе...Заврши уредувањето на дрворедот по улицата „7-ми Ноември“
Денеска екипите на „Паркови и зеленило“ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул. „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс” до ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски” – Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките. Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за оваа година на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по „Кеј Македонија”. Екипите на „Паркови и зеленило“ активно се вклучени во…
повеќе...Вечерва собир на граѓани од УЗ „15-ти Корпус“
Се известуваат граѓаните жители на Урбаната заедница 15 – „15-ти Корпус“ дека денес(четврток) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи Собир на граѓани, жители на Урбаната заедница 15 „15-ти Корпус“ за избор на членови на Совет на Урбана заедница. Собирот на граѓани е свикан од страна на Градоначалникот и објавен на ден 16.02.2015 година. Собирот ќе се одржи во просториите на општина Охрид сала 1.
повеќе...Се расчистува улица „Кленоец“
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, денеска започнаа акција на темелно чистење на улицата „Кленоец” од почетокот до влезот во село Долно Лакочереј. Се метат тротоарите, се отстранува ниската вегетација и темелно се чистат наносите од земја и песок покрај граничниците. Овој потег ќе се расчистува оваа и наредната работна седмица.
повеќе...Прекин во водоснабдувањето на улица „Туристичка“
Од МЈП „Проаква“ РЕ Водовод –Охрид, информираат дека денеска во период од 10 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на Булевар „Туристичка“ во зградата на Трим-лум, поради промена на водомерите и шиберите. Промена на водомери и шибери ќе се врши и на улиците: „Шар Планина“ , „Сирма Војвода“ и „Абас Емин“ како и во селото Велгошти.
повеќе...Запален контејнер на улица „Пере Тошев“
Многу често ЈП „Охридски Комуналец“ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани. Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на улицата „Пере Тошев“ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица“ и тука беа поставени три контејнери за депонирање на комунален отпад. „Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување…
повеќе...