Основци од „Григор Прличев“ во посета на ТВ Морис

Повеќе од педесетина ученици од прво до петто одделние од ОУ „Григор Прличев“ подрачна единица Рача денес ја посетија локалната Телевизија Морис. Основците се запознаа со начинот на работење и информирање, ги посетија просториите каде се снимаат емисии и информативната програма како и редакцијата во која се подготвува дневникот. Најмногу ги привлече студискиот простор, како и преточувањето на снимката при монтажа, па до целосна сликовна реализација. Дел од дечињата изразија желба еден ден да работат како новинари и водители во телевизија.

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ традиционално дел од акцијата „Ден на дрвото“

Како и при секоја акција за „Денот на Дрвото“, ОУ „Христо Узунов“ Охрид и денес организираше акција за засадување на дрва во рамките на училишниот двор, со присуство на наставниците и учениците од училиштето. Оваа година беа засадена садници кои ќе имаат и заштитна и естетска функција на делот на влезот во Училиштето од страната на улицата „Питу Гули“. „Традиционално ја обогатуваме уреденоста на училиштето и внесуваме воспитна компонента кај учениците за да развијат посебен однос кон природата. Тоа го правиме и на овој ден и секој друг ден во…

повеќе...

Резултати од Конкурсот за стипендирање на ученици и студенти

По завршувањето на постапката по конкурсот за стипендирање на ученици и студенти, објавена е листата на избраните ученици и студенти. Учениците и студентите кои добиле право на користење на општинските стипендии во наредните пет дена во Одделението за образование во општина Охрид, треба да достават трансакциона сметка. ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СТИПЕНДИСТИ ЛИСТА НА СТУДЕНТИ СТИПЕНДИСТИ

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12-а од Закон за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15 и 146/15), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија („Службен весник на Република Македонија” бр.191/15) и Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за учениците во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2015/2016…

повеќе...

Едукативни предавања за безбедноста на патниот сообраќај

Во рамки на предвидените активности за одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес и утре ќе реализира сообраќаен едукативен час со најмладите. Едукативни проактивни предавања ќе се одржат денес во 11 часот и 30 минути во Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“, а утре во основното училиште „Григор Прличев“. Предавачи ќе бидат полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид. Целта на овие предавања е јакнење на свеста за одговорно и совесно учество пред…

повеќе...

Прв звучен буквар на македонски јазик

„Просветно дело“ објави „Звучна азбука“ – прв звучен буквар – сликовница на македонски јазик со кој децата, без помош од родителите, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука. „Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата. По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и…

повеќе...

Објавени конкурси за стипендирање, менторство и туторство на средношколци од ромска националност

Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта објави два конкурса со кои ќе додели 671 стипендија на редовни ученици во јавните и приватните средни училишта во државава кои се припадници на ромската заедница, а ќе обезбеди и дополнителна стручна помош за учениците што добиле ваков вид стипендија преку ангажирање ментори и тутори. Краен рок за поднесување на документите до Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при МОН е 30-ти овој месец, а информации за условите, критериумите и…

повеќе...

Одржан традиционалниот ноемвриски крос во Дебрца

Во рамките на одбележување на Патрониот празник на ЦОУ „Дебрца“ денес пред општинската зграда во с.Белчишта се одржа 11-ти ноемвриски атлетски крос, на кој учествуваа 110 ученици. Секретарот на општина Дебрца, Илија Дуклески најдобрите учесници на кросот ги закити со медали, а наградите ги додели Директорот на ЦОУ „Дебрца“ Иван Димоски. Победници на кросот се: Одделенска настава: Женска конкуренција: Машка конкуренција: 1.Андријана Огненоска 1.Ненад Левески 2.Јана Сиљаноска 2.Димитар Митрески 3.Тамара Трајческа 3.Зоран Николоски Предметна настава: Женска конкуренција: Машка конкуренција: 1.Росана Силјаноска 1.Даниел Цветаноски 2.Мартина Чолеска 2.Антонио Војдиноски 3.Марија Паункоска 3.Цветан…

повеќе...

Распишан конкурсот за ученички стипендии за учебната 2015/2016 година

Министерството за образование и наука и оваа година доделува стипендии за учениците кои учат во јавните и приватните училишта. Конкусрот за доделување стипендии за учебната 2015/2016 година е веќе објавен во дневните весници и на интернет страната на Министетсвото за образование и наука, со цел учениците да имаат доволно време да ги подготват документите и да аплицираат за некоја од нив, најави денеска министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми. „И годинава ќе доделиме 745 стипендии кои се поделени во 6 категории. Станува збор за стипендии за за социјална поддршка…

повеќе...

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби

По објавениот конкурс за избор на најдобри литературни и ликовни творби на тема „Природата порачува- спасувај не загадувај“ , што го распиша Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Локалната самоуправа, жири комисијата ги објави наградените трудови. Од пристигнатите литературни творби првата награда во висина од 7.000,00 денари ја освои Ана Марија Јанковска, VII одделение од ОУ „Христо Узунов“ , втората во висина од 5.000,00 денари, Никола Сандрески, IVодделние, од ОУ „Кочо Рацин“, а третата награда во висина од 3.000,00 денари, Сара Ламбеска, VI одделение, од ОУ „Григор…

повеќе...