Учениците од ОУ„Григор Прличев“ поборници за чисти води

Денес, ученици од Основното Училиште „Григор Прличев“ беа дел од свеченото предавање на „белото знаме“ на плажата Инекс „Горица“. „Учениците имаа можност да се запознаат со значењето на знамето и да бидат сведоци на свеченото подигнување. Овие ученици ќе бидат амбасадори меѓу нивните врсници и ќе ја пренесуваат пораката за заедничка грижа за чиста вода во Охридското Езеро.“– велат од училиштето.

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува КОНКУРС за доделување стипендии на талентирани ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2014/2015 година   Општина Охрид за учебната 2014/2015 година ќе додели 15 (петнаесет) стипендии за талентираните ученици од VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид и 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици од II, III и IV година во општинските…

повеќе...

Свечено одбележан првиот училишен ден во ОУ „Св.Климент Охридски“

И на првачињата во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор. Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен…

повеќе...

Донирани чанти и училишен прибор на првачињата во Дебарца

Денес во просториите на општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски оствари средба со најмладите. На првачињата им посака успех во образовниот процес, а притоа ги поднови со чанти и училишен прибор кои се донација од познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Драган Капинков кој е сопственик на фондацијата „Капинков“.  Оваа донација од страна на Капинков ја организираше почесниот конзул на Република Македонија Г-дин Зоран Ќосески.

повеќе...

Учениците кои нема да полагаат екстерно ќе имаат оценка недоволен (1)

Учениците кои нема да се јават на екстерно тестирање и отсуството не го оправдале со медицинска белешка или потврда за учество на државен или меѓународен натпревар, ќе имаат оценка недоволен (1) во свидетелство, која е преодна и ќе влијае на нивниот општ успех. Тоа е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за основно образование, што ги изгласа Собранието на Република Македонија на продолжението на 11. седница. „За учениците кои не се јавуваат на екстерно некои училишта не даваат свидетелства а некои ја регистрираат како недоволна. Сега со законска обврска…

повеќе...

Намален бројот на ученици и студенти сместени во домовите

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2013/2014 година, вкупниот број на ученици – студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и студентските домови изнесува 7 488 што претставува намалување за 7.9% во однос на 2012/2013 година. Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 232 ученици. Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови. Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана…

повеќе...