Започна Велигденскиот саем

Во организација на локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, денеска на плоштадот „ Крушевска република“ започна дводневниот „Велигденски саем“. Оваа манифестација има хуманитарен карактер и предвидено е со средствата од продажбата на изложените предмети и храна, да им се помогне на социјално загрозените семејства. „Организирањето на саемот кој има хуманитарен карактер е почеток на славењето на најголемиот христијански празник „ Велигден“ . На поставените штандови, околу 25 учесници ќе продаваат ракотворби, слатки , украси, сувенири, накит и други рачноизработени предмети. За тоа им изразуваме благодарност на општествено…

повеќе...

Прв Мрежен настан помеѓу основни училишта од проектот „Со читање до лидерство“

Компонентата Заедници за учење во рамките на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ спроведуван од Фондацијата Чекор по Чекор – Македонија го организира првиот МРЕЖЕН НАСТАН помеѓу основните училишта од 1. и 2. фаза, вклучени во овој проект. Целта на мрежниот настан е споделување на искуствата, постигнувањата и предизвиците од работата на развојните активности на членовите на заедниците за учење. На оваа средба ќе учествуваат наставниците – членови на заедниците за учење кои своите развојни активности ќе ги претстават со постер презентации и Power Point презентации, а директорите на…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ со најдобар солист и освоено второ место на хорот на Регионалните хорски смотри

Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржаа Регионалните хорски смотри. На манифестацијата учествуваа хорови од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево.  Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ го освои првото место на Регионалниот натпревар во дисциплината најдобар солист и со тоа се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај. Хорот од Основното училиште „Живко Чинго“ на хорските смотри го освои високото второ место. Сето ова е водено под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Упатувам големи честитки до сите ученици…

повеќе...

Пуштена во употреба фонтаната во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска во ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид после повеќе од 12 години пуштна е во употреба училишната фонтана. „Радоста и кај учениците и вработените беше голема. Истата е значајна покрај за учениците, вработените и за туристите кои секојдневно поминуваат во овој дел на градот. Како училиште сакаме да изразиме голема благодарност до директорот на МЈП „Проаква“- Охрид Томе Паскалоски и вработените, кои наидоа на разбирање и конечно после една деценија се реши проблемот.“– велат од училиштето.

повеќе...

Во училиштата ќе се ангажираат 131 дефектолог

Во основните и средните училишта од 1 септември 2016 година ќе бидат ангажирани вкупно 131 дефектолог. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски додавајќи дека на овој начин дополнително се унапредуваат стручните служби во образовниот систем, од аспект за асистенција на учениците на кои им е неопходна поддршка за правилен развој и тек на образованието. „Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Република Македонија и врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им…

повеќе...

Проект „Живеј здраво – Живеј безбедно“

Согласно развојната програма за образование, Општина Охрид во соработка со СВР Охрид, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“ и основните училишта и оваа година ќе го реализираат проектот „Живеј здраво – Живеј безбедно“. Целта на проектот е превенција од дрога, алкохол и цигари, за што учениците од основните училишта, преку спортски игри ќе промовираат здрави животни стилови. Спортските игри ќе се реализираат утре кај градскиот парк на „Кеј Македонија“ (наспроти Центарот за култура) со почеток во 12:00 часот. На настанот секое училиште со своја екипа ќе се натпреварува во повеќе тимски…

повеќе...

Презентирани новините од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

На работилницата на која учествуваа претставници на Oдделението за образование на Локалната самоуправа и основните и средните училишта од Охрид, тимот на УСАИД, предводен од координаторот Тула Тахири, ги презентираше новините од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Општина Охрид, како една од десетте општини во кои се имплементира проектот има прецизно утврдени обврски, како што се учество на обуки и работни состаноци, следење на изработените акциони планови, координирање и поддршка на училиштата, како и анализа на преземените активности. На работилницата стана збор за досегашните резултати од спроведувањето на активностите…

повеќе...

Продолжуваат активностите за проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето

Коалицијата на невладини организациии „СЕГА“, Младински Совет Охрид и децата правобранители и овој месец продолжија со реализацијата на активностите, предвидени со проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија. Овој проект се спроведува веќе седма година, во ОУ „Братство Единство“ и во С.С.О.У „Свети Кирил и Методиј“. Во тој контекст, во текот на изминатите триесет дена децата правобранители од двете гонреаведени училишта извршија презентации на Ревидираниот прирачник за дете правобранител, пред нивни соученици и пред наставниот кадар во основните училишта „Христо Узунов“ и „Свети Климент Охридски”,…

повеќе...

Средношколци од „Св.Наум Охридски“ најдобри на Регионалниот натпревар на стручните училишта

ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ беше домаќин на регионалниот натпревар на стручните училишта од Прилеп, Битола, Струга и Охрид кој се одржа на 25-ти март. Се натпреваруваа вкупно 17 ученици од III година, во 5 образовни профили од електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покажаа најдобри резултати и обезбедија учество на државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Струмица. Први места освоија Климент Ѓорѓиевски – автотехничар мехатроничар, Филип Милошески – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Кристијан Богданоски – техничар за патен сообраќај. Втори места освоија…

повеќе...

Во среда во Велгошти ќе се одржи Општински натпревар во ракомет

Во спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, оваа среда (23март) ќе се одржи Општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Натпреварите ќе се играат со почеток во 10:00 часот. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.  Инаку, натпреварот се одржува веќе трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. WebOhrid

повеќе...