Од ноќеска во три часот по полноќ ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. Отпрвин договорот…
повеќе...Tag: час
Привршуваат уписите за есенскиот циклус за „Час за приказни на англиски јазик“
Привршуваат уписите за есенскиот циклус од едукативната програма на Црвен крст Охрид, „Час за приказни на англиски јазик“ за деца на возраст од 4-7 години. Програмата започнува со реализација во четврток (21.09.2017), а новините кои ќе се воведат во овој циклус и ќе бидат наменети за децата, но и за родителите, ќе бидат презентирани на утрешната прес-средба.
повеќе...Од ноќеска започнува летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, ноќеска по полноќ во 2 часот почнува летното сметање на времето што ќе трае до последната недела на октомври годинава. Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји. Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се…
повеќе...Историски час во чест на Цар Самуил
Со историски час на учениците од основните училишта, утре на 6ти октомври, со почеток во 12 часот во Самуиловата тврдина, ќе бидат одбележани 1002 години од смртта на Цар Самуил.
повеќе...Започнува новиот циклус Час за приказни на англиски јазик
Црвен крст Охрид го најавува почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 22.09.2016 година и ќе трае 15 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 7 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат…
повеќе...Од вечерва започнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето започнува вечерва (27-ми март, недела), кога стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе бидат поместени еден час нанапред и ќе биде 3 часот. Летното сметање на времето ќе трае до 30-ти октомври, кога стрелките ќе бидат вратени еден час наназад. Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2016 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.
повеќе...Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија стана хит низ целиот свет!
Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје. Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје, каква што само добија и Шпанија, Франција, Сингапур, Велика Британија, но и Македонија. „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Над 66 локации потонаа во мрак за Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа над 3000 фотографии и видеа од одбележувањето…
повеќе...Охрид се вклучува во глобалната акција „Часот на Планетата Земја“
Општина Охрид, во соработка со Црвен крст, утре се вклучува во најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата земја“. Во времето од 20 часот и 30 минути до 21 часот и 30 минути, ќе биде исклучено осветлувањето на црквата Света Софија, малиот плоштад кај музичкото училиште и гимназијата Св. „Климент Охридски“. Истовремено, во период од еден час, во мрак ќе потонат над 178 земји и 7000 градови ширум светот. Како што акцијата ќе патува низ часовните зони, милиони луѓе ширум светот преку симболично исклучување на осветлувањето во период од еден…
повеќе...Уписи за пролетниот циклус „Час за приказни на англиски јазик“
Црвен крст Охрид објавува уписи на деца за новиот пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4-7 години. Волонтерите предавачи – професори по англиски јазик од Црвен крст Охрид во периодот од три месеци од 18 февруари до крај на мај 2016-та година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, со користење на англиска литература наменета за деца од англиската библиотека на Црвен крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот…
повеќе...Вечерва започнува зимското сметање на времето
Вечерва, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското сметање на времето. Денот ќе трае пократко, ќе почне да се стемнува во 16:30. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
повеќе...