На охридскиот аеродром: ТАВ го пречека првиот чартер-лет од Полска

Првиот чартер-лет со 220 полски туристи од Катовице пристигна утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Македонија и еден од најголемите полски тур-оператори, Рего-Бис Со меѓународниот воздухопловен гест – воден мост во форма на виножито, со традиционалната македонска закуска – погача и сол, како и со церемонија на сечење торта, ТАВ Македонија утрово го пречека првиот чартер-лет од Полска на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, одбележувајќи го почетокот на соработката меѓу ТАВ Аеродроми и еден од најголемите полски тур-оператори Рего-Бис. Првиот…

повеќе...

Во четврток на охридскиот аеродром пристигнува првиот чартер лет од Катовице

Во четврток, 22 ви јуни на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице – Полска. Како што информираат од ТАВ Македонија авионот на полската авиокомпанија „Смол планет ерлајнс“ (Small Planet Airlines)  ќе пристигне во 10:15 часот. Организатор на најголемиот полски тур-оператор е „Рего-бис“. На настанот пред присутните гости и медиуми ќе се обратат министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески; генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој; амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“, Габриела Манка Сокулу.

повеќе...

Ученици од ОУ „Григор Прличев“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата по предметот Општество, учениците од трето одделение од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Од страна на вработените учениците се запознаа со работата на аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ во посета на охридскиот аеродром

Согласно програмата, но и со успешната соработка со родителите од училиштето учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид заедно со своите учителки од второ одделение го посетија Охридскиот аеродром. При посетата учениците беа сведоци на слетување и полетување на еден авион, а притоа беа пречекани како патници, при што се запознаа и со пилотот на авионот.

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ во посета на охридскиот аеродром

Учениците од прво до петто одделение од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти заедно со нивните наставници денес го посетија Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и можност да видат полетување и слетување на авион на пистата. Тие се дружеа со пилотот, стујардесите и вработените на охридскиот аеродром. Учениците благодарејќи на вработените беа запознаени со основните принципи и вработени на оваа институција. На крајот тие си заминаа среќни и задоволни од новото доживување, кое сигурно долго ќе го паметат. WebOhrid

повеќе...

На охридскиот Аеродром: ТАВ го дочека првиот сезонски лет за 2017 од Амстердам

Со воден мост , традиционална македонска закуска со леб и сол и разнобојни колачиња, ТАВ Македонија ги дочека 180-те патници кои утрово пристигнаа на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле од Амстердам со авиокомпанијата Корендон, со првиот сезонски чартер лет кој ја отвори летната сезона 2017. „Овде сме утрово да го дочекаме првиот сезонски чартер лет на охридскиот аеродром годинава и во исто време да го одбележиме отворањето на летната сезона 2017, која веруваме дека ќе биде успешна од аспект на зголемен авиосообраќај. Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата…

повеќе...

Во вторник пристигнува првиот чартер лет со холандски туристи за оваа сезона

ТАВ Македонија на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, ќе го одбележи отворањето на летната сезона 2017 година, со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам, со авиокомпанијата Корендон. Настанот ќе се одржи во вторник, 2 мај, со почеток во 9.30 часот . Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски,  Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

повеќе...

TAV i Wizz Air ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје

ТАВ Македонија и „Виз ер“ во среда (5-ти април) ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје. Настанот ќе се одржи со почеток во 11:45 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Дукс Ласло Иштван, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија.

повеќе...

Утре „Виз ер“ и „Тав“ ќе промовираат три нови линии

ТАВ Македонија и „Виз ер“ утре ќе промовираат три нови линии од Скопскиот аеродром и достигнувањето три милиони патници во Македонија од страна на унгарската авиокомпанија. Настанот ќе се одржи утре, вторник (28 февруари 2017) во 11.30 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“. На настанот ќе зборуваат Министерот за транспорт и врски, г-дин Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Овен Џонс, главен директор за корпоративни прашања на „Виз ер“.

повеќе...

„ТАВ“ промовира нов лет од Охрид до Цирих со „Германија флуг АГ“

Предводени од маркетинг-одделот во Истанбул, „ТАВ Аеродроми“ ги заврши преговорите со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“ за воведување директни редовни летови од Охрид до Цирих. Оваа дестинација веднаш ќе биде додадена на распоредот на аеродромот „Св. Апостол Павле“, а летовите ќе отпочнат на 17 декември. Тие се реализираат во соработка со тур-операторот „Ер Приштина“ и билети веќе можат да се резервираат на интернет-страницата www.airprishtina.com. Според договореното меѓу ТАВ и „Германија флуг АГ“, авиокомпанијата ќе оперира еднаш неделно во зимскиот ред на летање за сезоната 2016/17, а тој бројот ќе се…

повеќе...