АХВ: Препаратот Health and beauty turmeric capsules extra strenght 125 mg не се продава легално во Македонија

По добиеното известување од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и во Македонија, дека на пазарот се продава небезбеден диететски Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg ( препарат кој најчесто се продава во облик на прав или касула) и кој содржи 2,4 динитрофенол (DNP), а се користи за намалување на телесната тежина, Агенцијата за храна и ветеринарство по деталната контрола констатираше дека ваков препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg не е ниту одобрен ниту регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство.…

повеќе...

Македонската Џиу – џица репрезентација на прием и работна посета во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасескиденес имаше работна средба со челниците и репрeзентативците на Македонската Џиу-џица репрезентација, кои минатиот викенд од 01.05 до 03.05.2015,одржаа тридневен семинар во Истанбул, на покана од Турската федерација. Нашиот истакнат мајстор во џиу џица, Александар Ацевски, кој воедно е и претседател на Македонската џиу-џица Федерација, одржа семинари концепциски определени за самоодбрана од нож, но истовремено презентираше и други техники од џиу џицу. Додека пак, семинар во судиска едукација и правила одржа нашиот реномиран судија Зоран Ристевски, кој има важечка европска лиценца „Континентал…

повеќе...

Македонија е најбрзо растечка земја во Европа во туризмот

Македонија е една од најбрзо растечките држави во Европа во областа на туризмот. Ова е оценката на претставникот на Светската туристичка организација кој деновиве учествува на конференција на тема за развој на винскиот туризам. Ако се споредат статистичките податоци за 2014 година, со оние од минатото може да се видат извонредни резултати, вели Кристофер Ибзен, заменик-регионалниот директор на Светската туристичка организација, пренесува Лидер. „Македонија е една од најбрзорастечките земји во Европа во областа на туризмот и приходите добиени од туризмот. Растежот во туризмот претставува прекрасна можност да се изложат прекрасните…

повеќе...

Бизнис средби со австриски туроператори за отварање на нов туристички пазар

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година и можноста за отварање на нови туристички пазари од 20-23.04 во Австрија, АППТРМ –Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија ќе учествува на бизнис настан „An Evening with THE Experts“ кое вклучува презентации и бизнис средби со австриски тур оператори. Претставници од АППТРМ и директорот Кристијан Џамбазовски ќе ги презентираат туристичките потенцијали во Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет во Македонија и можностите за…

повеќе...

Туроператори од Русија остварија B2B средби со туристичкото стопанство на Македонија

Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот туроператори од Русија одржаа B2B средби со претставници на АППТРМ и со туристичкиот сектор од Македонија. АППТРМ организира информативно патување за тур оператори и новинари од Русија во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година. На едно неделното патување, гостите имаат можност да се запознаат со културните и природните убавини на Македонија, да ја почувствуваат македонската гостопримливост, да пробаат македонски специјалитети и врвни вина. Според руските експерти за туризам, Македонија е…

повеќе...

Македонија – нова туристичка дестинација за Французите

Пет француски тур-оператори ја посетија Македонија од 13-ти до 17-ти април на покана од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, пишува специјалзираниот веб-весник за туризам TurMag.com, јавува дописникот на МИА од Париз. Претставниците на тур-операторите Куони, Вердием, Интермедес, Арт е вие и Алест Воајаж имаа можност да ги откријат адутите и новините на оваа нова туристичка дестинација на Балканот. Според „TuristMag“ – весникот на професионалните туристички работници, по засилената медиумска кампања во Франција за туристичката понуда на Македонија, во текот на минатата година биле забележани 14 отсто повеќе француски…

повеќе...

Намалени трошоците за задолжително испитување на Listeria Monocytogenes при увоз на храна

Агенцијата за храна и ветeринарство им излезе во пресрет на операторите со храна и одговори на нивните барања за намалување на трошоците при увоз на храна, поставени во рамки на одржаните „Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство” кои се однесуваат на измена на постоечкото решение за задолжително испитување на Listeria monocytogenes. Врз основа на новото решение, кое почна да се применува од 8 овој месец, во насока на намалување на финансиските трошоци на операторите со храна и задржување и одржување на императивот – безбедна храна од увоз, задолжителното…

повеќе...

Туристичкиот сектор од Македонија оствари B2B средби со туроператори од Франција

Во согласност со програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и промотивната кампања на Македонија како туристичка дестинација во Франција, АППТРМ организираше информативно патување за тур оператори и новинари од Франција. Во работните простории на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот тур операторите од Франција на 17.04.2015 година одржаа B2B средби со директорот на АППТРМ, Кристијан Џамбазовски и со претставници од туристичкиот сектор во Македонија. Истите тур оператори на 15.04.2015 во Хотел Милениум во Охрид одржа B2B средби со хотелјерите и туристичкото стопанство од Македонија. Беа…

повеќе...

Шаховските работници во официјална посета на Агенцијата за млади и спорт

Претседателот на Македонската шаховска федерација во придружба на првите луѓе на шаховските клубови како и претставникот на Европската шаховска федерација г-дин Иван Соколов, денес остварија средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт мр. Марјан Спасески. Повод е посетата на шаховскиот велемајстор Соколов во врска со подготвеноста на Македонија за одржување на Европското клубско шаховско првенство најавено за Октомври годинава. Дискутирани беа детали околу подготовката, техничките и oрганизациони поединости, медиумското покривање како и поддршката која Агенцијата може да ја обезбеди за беспрекорно одржување на едно континентално натпреварување. Целта е…

повеќе...

Стартуваше процесот за изработка на новата Национална стратегија за млади 2016-2025

Агенцијата за млади и спорт во соработка со младинските организации и сите релевантни државни институции и организации, а со поддршка на Програмата за развој при ОН, денеска со првата работна конференција го започнапроцесот на изготвувањето на Националната стратегија за млади за периодот 2016-2025. „Во нашите излагања често велиме дека младите се нашата иднина, но всушност тие се сегашноста на оваа држава и овој документ се однесува токму на нив, на нивните потреби и ставови. Токму затоа, денес ве повикувам да се вклучите во целиот процес на креирање на овој документ…

повеќе...