Директорот на АМС Спасески оствари средба со раководството на Регионалната лига во бокс

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март. Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот. „Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија,…

повеќе...

Спортските федерации ги добија првите средства од АМС од игрите на среќа

Откако стапија на сила измените во Законот за игрите на среќа и другите забавни игри кон крајот на минатата година значително се зголеми буџетот на АМС, а со тоа и можноста за дополнително финансирање на работата и активностите на националните спортски федерации. Имено, за неполни три месеци на посебна наменска сметка на АМС, од страна на приредувачите на игри на среќа беа трансферирани околу 28 милиони денари, како резултат на новата давачка за обложувалниците и автомат-клубовите во насока на поддршка на македонскиот спорт. Од овие средства, 6.6 милиони денари на…

повеќе...

Спасески се обрати на Глобалниот младински форум во Обединетите Нации

Директорот на АМС, Марјан Спасески изминатите два дена учествуваше на Глобален младински форум во седиштето на Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, чија цел беше да се покрене свесноста за неопходноста од инвестирање во младински политики, за имплементација на Одржливите Развојни Цели на ОН, за младинското ангажирање во искоренување на сиромаштијата, мерките за финансирање на младинските политики и добрите практики за поддршка на младинскиот развој. Спасески имаше обраќање на министерскиот панел на тема: „Обезбедување на неопходни средства и финансии за поддршка на младинскиот развој“, каде се осврна на успешниот процес…

повеќе...

Македонија фаворит за Активен туризам во Лондон

Со штанд број 19 во конференцискиот центар Олимпиа во Лондон, Македонија се претстави на Конференцијата за Активен туризам и бизнис со понудата специјално подготвена за овој настан. На конференцијата на која се присутни 200 учесници – излагачи, тур-оператори и медиуми, Агенцијата за туризам дискутираше за предизвиците и трендовите на оваа брзо растечка индустрија. Активниот туризам во Македонија станува се поактрактивен и експлоатиран, особено после одржувањето на Регионалната конференција во мај 2016-та година во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија. Агенцијата за туризам на…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт и додели 110 илјади евра на Ракометната Федерација

Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, за финансиската помош во износ од 6,6 милиони денари добиени по основ на новиот Закон за спорт, односно измените во Законот за игри на среќа. Од горенаведените средства, 6 милиони денари се наменети за настапот на македонската сениорската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција кое ќе се одржува од 11-29 јануари годинава, во неколку градови во Франција, додека 600.000 денари се наменети за организација на квалификацискиот турнир за младата ракометна селекција (У-21) за…

повеќе...

„Травео Травел“ нова туристичка агенција во Охрид

Со пригодна свеченост на која присуствуваа голем број пријатели и деловни партнери, вчера во Охрид беше отворена новата туристичка агенција „Травео Травел“. „Повеќегодишното работно искуство во туризмот, професионализмот и доверливите партнери овозможија агенцијата да започне самоуверено да делува на туристичкиот пазар“, – вели Оливера Ничевска – сопственик и генерален менаџер на туристичката агенција „Травео Травел“. Агенцијата ќе има комплетна понуда со туристички аранжмани во земјата и странство, приватно и хотелско сместување, патничко осигурување, автобуски билети, рент а кар и сите други услуги од туристичката индустрија. Од „Травео Травел“ информираат дека…

повеќе...

Организаторот на Ултра Маратонот „Тоше Проески“ на прием во Агенцијата за млади и спорт

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Наум Капричевски организатор на УЛТРА МАРАТОНОТ „ТОШЕ ПРОЕСКИ“ кој се одржа во период од 13 Октомври до 16 Октомври од Нова Градишка до Крушево. Капричевски во името на маратонците и фановите на Тоше Проески во чест на благодарност за поддршката која ја дава Агенцијата за млади и спорт за ултра маратонот, на Директорот Спасески му додели благодарница и примерок од книгата за Тоше Проески „ОВА НЕ Е КРАЈ“. Директорот Спасески се заблагодари и истакна дека Агенцијата за…

повеќе...

Романците најзаинтересирани за зимски туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на есенското издание на саемот за туризам во Букурешт, Романија (Romexpo, 17-20 Ноември, 2016). На саемот во Романија кој е специјализиран за промоција на дестинациите и директна продажба на туристички пакети има 223 излагачи кои својата понуда ја презентираат по 36-ти пат на овој саем. Посетителите и тур операторите од Романија покажуваат голем интерес за Македонија како туристичка дестинација поради фактот близината на двете земји, а преференцата на романските туристи е во насока…

повеќе...

Медалистите од Балканското бодибилдинг првенство на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за дел од членовите на Македонската бодибилдинг репрезентација која неодамна настапи на Балканско првенство, кое се одржа во Књажевац Србија. Македонската репрезентација настапи со пет натпреварувачи во различни категории, а настапот на нашата репрезентација е повеќе од успешна. Освојувањето на првото место за Алекксандар Трајковски во боди билдинг класик и второ место за Дарко Стојановски во физик го надополнија 4-тото место за Горан Тромбев во јуниорска категорија за и двете петти места во боди билдинг лесна за Сергеј Цветковски…

повеќе...

Во Охрид презентирани брошурите за опасностите во храната

Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со Организацијата на потрошувачи Охрид и Агенцијата за храна и ветеринарство денес во Охрид презентираше три нови заедничко изработени брошури кои што се однесуваат на исхраната на населението. Целта беше тие брошури да се промовираат во маркетите во Охрид, да им се поделат на граѓаните, практично да се доближат до потрошувачите на кои што им се наменети овие брошури. „Едната брошура „Опасности во храната“ се однесува на опасностите, кои опасности би можеле да произлезат од прехрамбените производи кои што ние насекаде ги јадеме, без…

повеќе...