Стрелачите параолимпијци Наковска-Бикова и Каранфилов во посета на Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спортм Марјан Спасески организираше прием за членовите на македонската параолимписка стрелачка репрезентација по повод успесите на Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов кои со одличните настапи на Светското првенство во Германија изборија Олимписка норма за Летните ПараОлимписки Игри РИО 2016 година. Спасески резултатите на Бикова и Каранфилов ги оцени какао значен успех и најави соодветни награди. „Предводени од селекторот Бранимир Јовановски, актуелната шампионка од Лондон 2012 год. и светската рекордерка Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, уште еднаш потврдија дека ќе претставуваат сериозни претенденти за освојување на…

повеќе...

Две мостри позитивни на листерија, конечни резултати од анализите утре

Две од анализираните 200 мостри храна, земени од страна на инспекциските служби во рамки на засилените инспекциски контроли, се позитивни на бактеријата листреија. Ова, деновиве на прес конференција, на која беа презентирани првичните резултати од лабораториските анализи на мострите, го соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски. „Ние во изминатите неколку дена додека траеја контролите однесовме повеќе од 300 мостри во Ветеринарниот институт, односно во Институтот за храна при Факултетот за ветеринарна медицина и исто толкав број во Институтот за јавно здравје. Досега имаме резултат од околу…

повеќе...

Вонредни инспекциски контроли за утврдување на изворот на зараза со листерија

Агенцијата за храна и ветеринарство, од почетокот на неделава почна со вршење на вонредни инспекциски контроли кај операторите со храна производители и преработувачи на месо и млеко, и на зелените пазари, согласно препораките на Комисијата за заразни болести за утврдување на изворот на заразата со бактеријата листерија, од која според информациите од Институтот за јавно здравје, за еден месец е регистрирана појава на 7 случаи кај кои лабораториски е потврдено присуство на оваа бактерија, од кои тројца починале. Во рамки на вонредните контроли, се земаат на соодветен број на мостри…

повеќе...

Во Охрид одржана трибина на тема „Законски основи за финансирање на училишниот спорт“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Марјан Спасески денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Законски основи за финансирање на училишниот спорт“ што се одржа во Студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид. Според Спасески, следните неколку години Владата на Република Македонија преку активности и проекти ќе се насочи кон зголемување на бројот на ученици кои ќе спортуваат. „Имајќи го предвид стратешкото значење на училишниот спорт за развој на целокупниот спорт, за развојот на младата популација и за неговата позитивна улога во борбата против пороците, Владата…

повеќе...

Започна училишниот спортски камп во Охрид

Директорот на агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, Марјан Спасески, денеска престојуваше во Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид каде ги посети учесниците на Летниот училишен спортски камп „Охрид 2014 “. На овој летен камп учествуваат над 250 најталентирани ученици кои своето учество го обезбедија со нивниот пласман меѓу најдобрите на спортските натпревари во текот на изминатата учебна година. „Денеска го посетивме кампот на ракометарите и фудбалерите во првата смена. Во втората смена што почнува во понеделник присутни ќе бидат и најдобрите учесници во останатите спортови. Имавме прилика…

повеќе...

Продолжување на активностите од програмата „Општинско корисна работа“

Поради успешноста на програмата „Општинско корисна работа”, што општина Охрид ја реализираше минатата година во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството  за  труд и социјална политика, УНДП  и за оваа година за период од шест месеци обезбеди финансиска поддршка за продолжување на активностите од проектот „Промовирање на одржливи вработувања III и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014“. Како и минатата така и оваа година со обезбедените средства од УНДП  ангажираните лица во дневниот Центар „Зраци“ за период од шест…

повеќе...

Општината и Агенцијата за развој на туризмот заеднички за поголема туристичка промоција на Охрид

Општина Охрид  и  Секторот за ТЛЕР заедно со Агенцијата  за развој  и поддршка  на туризмот  наредниов период ќе работат на зацврстување на меѓусебната соработка со цел  да обезбедат  поголема  промоција на туристичките вредности на Охрид и Македонија. Ова  беше  заклучено  на работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески  и директорот на Агенцијата за развој  и поддршка  на туризмот , Кристијан Џамбазовски. „Договоривме неколку активности и идните правци за нашата меѓусебна соработка и заклучивме дека истата мора да биде многу поинтензивна. Она што за нас како Општина Охрид е многу важно е…

повеќе...

Младински лидерски форуми организирани од ОБСЕ/ОДИХР

Во наредниот период ќе се одржат два лидерски форуми во рамките на проектот на ОДИХР за стимулирање на политичко учество на младите во регионот на ОБСЕ. Првиот од двата настани ќе се одржи во Варшава на 16 и 17.06.2014 година, со учество на млади лидери од Југоисточна, Централна и Западна Европа,како и од Северна Америка, додека пак вториот настан е наменет за млади лидери од ИСточна Европа, Централна Азија, Монголија и Јужен Кавказ. Одржувањето на вториот форум зависи од прибирањето на доволен фонд на финансиски средства. Двата настани се отворени…

повеќе...

Средба помеѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт и претседателот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на РМ

Денес во Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу директорот Марјан Спасески и претседателот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија Бранимир Јовановски. Претседателот на Федерацијата Бранимир Јовановски го информираше Директорот Спасески дека состојбите во оваа сфера изминатите години благодарение на Агенцијата за млади и спорт се значително подобрени,спортистите со инвалидитет имаат пристап до спортските објекти и достапност до спортските реквизити. Јовановски додаде дека оваа федерација како членка на Меѓународниот параолимписки комитет и на Асоцијацијата на европските параолимписки комитети има постигнато многу успеси, од кои…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт со активности во рамки на Кампањата против говорот на омраза

Согласно програмските цели на Агенцијата за млади и спорт кои се однесуваат на младата популација како движечка сила и промотор нa новите вредности во општеството и државата, Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе реализира заеднички активности со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, во рамки на Кампањата против говорот на омраза.  За таа цел, Агенцијата за млади и спорт и Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на Европската недела против расна дискриминција, како дел од Европското движење против говор на омраза,…

повеќе...