Ќе се подобрува способноста на планските региони за искористување ИПА средства

Со грант од 400.000 евра од германската и швајцарската влада осумте плански региони во Македонија ќе ги подобруваат способностите за подготовка на техничка документација за конкурирање за претпристапните фондови од Европската унија. Тоа ќе се реализира преку Програмата за регионален економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која во земјава се спроведува од 2008 година. Програмата што трае до 2014 година во моментов е во втората фаза, а од 1 ноември 2012 година покрај Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја кофинансира и Швајцарската агенција за соработка и развој. Нејзината цел…

повеќе...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид потпишаa Меморандум за соработка

Претседателот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, проф. д-р Нинослав Марина, потпишаa Меморандум за соработка, чијашто цел e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. Посебно ќе биде ставен акцент на следниве активности…

повеќе...

Над 220.000 посети на џоб-маркет на АВРМ

Веб-сервисот на Агенцијата за вработување на Република Македонија преку коj се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа, навремено информирање на младите лица за расположиви работни места и распишани огласи за само два месецa забележал над 220 илјади посети и над 83 илјади уникатни посети. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека овој сервис, покрај активните мерки што ги презема Владата за намалување на невработеноста кај младите, е алатка за полесно, побрзо, навремено и релевантно да се информираме сите невработени лица, а особено младите, кои, како…

повеќе...

Катастарот го заокружува запишувањето на правата на сите парцели

Околу 50 илјади градежни парцели кои се уште немаат утврдено сопственички права, во следниот период ќе бидат запишани во Агенцијата за катастар на недвижности. Од нив, за 40 илјади парцели има податоци во Катастарот и за нив по службена должност ќе се направи запишување со што 26 илјади граѓани бесплатно ќе добијат имотен лист, додека за останатите 10 илјади парцели веќе е објавен повик до граѓаните да ги достават сите документи за сопственост со кои располагаат до надлежните институции. „За 40-те илјади парцели граѓаните не треба да поднесат никакви документи,…

повеќе...

Денес е Светски ден на енергетската ефикасност

По повод 5 март – Светски ден на енергетска ефиксаност, тимот од Локалната агенција за развој, Струга која го спроведува проектот „Сино и зелено наспроти црно и сиво“,  ја известува јавноста дека трошат речиси двојно повеќе енергија од европскиот просек. „Во таа смисла потребна ни е поширока акција за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Токму енергетската ефикасност значи намалување на енергетската потрошувачка без притоа да се наруши комфорот на животот и работата на населението. Едно од решенијата е и инвестирање во обновливите извори на енергија. Обновливите извори…

повеќе...

Нов оглас за кредити за самовработување

Кредитите за самовработување можат да ги добијат невработените евидентирани во Агенцијата за вработување. Според условите за секое ново отворено работно место може да се добијат 3000 евра кредити. Ако се основа мала фирма со тројца вработени, кредитот може да достигне до 9.000 евра. За дејности од поголем обем може да се спојат и петмина невработени. Во тој случај првиот добива 5000 евра, а останатите по 3000 евра или вкупно 17.000 евра за почнување сопствен бизнис. Ако лицата кои аплицираат за кредити се невработени по основ на технолошки вишок или стечај…

повеќе...

Ставрески: Целосно исплатени субвенциите за лозарите

Субвенциите за лозарството се во целост исплатени, а според планот тече исплатата на субвенциите и за останатите гранки во земјоделство, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на виновата лоза во Неготино по повод празникот свети Трифун. „Во изминатиот период се исплаќаа субвенциите за лозарите. Исплатени се 386 милиони денари на 12.615 лозари. Започнаа да се исплаќаат и оние за тутун и преку 27 илјади производители на тутун веќе ги добија своите пари за субвенционирање на производството. Оние кои допрва ќе го…

повеќе...

Објавени огласи за дел од владините мерки за вработување

Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година. Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од Буџетот на Република Македонија. Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци…

повеќе...

Спасов задоволен од посетеноста на веб сервисите наменети за невработените

Граѓаните се заинтересирани за новиот веб сервис на Агенцијата за вработување и новата мобилна апликација prv.mk на кои невработените можат да се информираат за сите можности за работа што им се нудат. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изјави дека досега новиот веб сервис на Агенцијата за вработување има 326 илјади прегледи и 94 илјади посети. „Задоволен сум од досегашната заинтересираност на граѓаните и на младите луѓе за овие веб сервиси. Новиот веб сервис на Агенцијата за вработување има вкупно 326 илјади прегледи и 94 илјади посети.…

повеќе...

Бесплатни микробиолошки тестови за бремените од социјално ранливите категории

Бремените жени кои примаат социјална помош, минимална плата или се невработени нема да плаќаат партиципација за микробиолошки брисеви во рамки на предвидените прегледи за време на бременоста согласно донесените протоколи. Станува збор за нова мерка, содржана во Програмата за мајки и деца која е изменета во однос на програмите изминатите години, а која денеска на прес-конференција ја најави министерот за здравство Никола Тодоров. Посочи дека бремените жени потребно е само да достават потврда дека се невработени од Агенцијата за вработување, доказ дека се приматели на социјална помош од центрите за…

повеќе...