Агенцијата за храна и ветеринарство го подготви Регистарот на здравствени тврдења и истиот од понеделник ќе биде објавен на интернет страната на Агенцијата. Преку него заинтересираните граѓани ќе може да се информираат за тоа кои здравствени тврдења кои компаниите ги истакнуваат на нивните производи при комерцијална презентација се одобрени, а компаниите на ваков начин ќе се информираат за статусот на поднесените барања за одобрување, но и да ги користат во комерцијалните презентации на производите здравствените тврдења кои се одобрени од страна на Агенцијата. Ова го истакна директорот на Агенцијата за…
повеќе...Tag: агенција
Во Македонија повеќе од половина катастарски општини се веќе дигитализирани
Претставници од подрачните одделенија на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и раководството на Агенцијата во Скопје, денеска во Охрид одржаа состанок на кој се дисутираше за проектот за дигитализација. На овој процес, како што истакна директорот на Агенцијата Славче Трпески, се работи сериозно и посветено, и според него, ќе се исчистат многу проблеми кои се наталожувале во текот на последните 80-тина години. „За целата работа се направија и доста напредни инвестиции во делот на технологијата и софтверот, така што Агенцијата за катастар на недвижности направи мак-едит софтвер…
повеќе...Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности утре во посета на Охрид и Струга
Агенцијата за катастар на недвижности и оваа година продолжува со веќе започнатата акција „Отворено со катастар“. Утре и на 6 февруари стручни лица од секторот за внатрешна контрола на чело со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпески ќе бидат во посета на подрачните одделенија во Струга и Охрид. Меѓу другото директорот на Агенцијата ќе одржи работен состанок со сите раководни лица на подрачни одделенија, каде темата ќе биде процесот на дигитализација на катастарските општини и нивната важност. WebOhrid
повеќе...Нова инвестиција од 5 милиони евра во ТИРЗ Тетово
Италијанската компанија Итек која произведува композитни материјали се очекува наскоро да започне со изградба на новиот објект во индустриската зона во Тетово. Оваа инвестиција ќе чини 5 милиони евра и на самиот почеток се очекува да се отворат 150 нови работни места. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Р. Македонија, Висар Фида по потпишување на договорот изјави: „Ова е прва инвестиција која ќе се реализира во ТИРЗ-Тетово. Оваа компанија ќе реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES“. Инвестиција е…
повеќе...Македонија го доби својот „Job market“
Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска ја промовираше веб страната www.avrm.gov.mk каде за прв пат на едно место ќе ја има понудата и побарувачката за работна сила. На промоцијата на веб сервисот, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека овој портал ќе биде од големно значење за сите коишто бараат работа и оние коишто нудат. „На овој начин сакаме да дадеме придонес кон подобрување на информираноста за можностите за вработување и мотивираноста на граѓаните за барање работа. Пред се, со овој проект се овозможува брз и…
повеќе...Нема небезбедни корнишони на домашниот пазар
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски и првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделство,вчера, одржаа заедничка прес конференција. Како што истакна директорот Рунтевски, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија (АХВ), како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија (RASFF), на 28.10.2013 и 31.10.2013 година доби две нотификации бр.2013.BVV (94214) и бр.2013.BVY (94184) за две небезбедни пратки, првата со 20.435 килограми и втората со 13.695 килограми свежи корнишони со потекло од Република Македонија, извезени во Република Хрватска.…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт доби грант од УНЕСКО
„Допинг во спортот“ значи употреба на фармаколошки допинг примероци (супстанци), односно, средства, или, пак, допинг методи од страна на спортисти. „Фармаколошки допинг примероци, односно, средства, или, пак, допинг методи“ се оние фармаколошки допинг примероци или методи кои се забранети од страна на меѓународни релевантни спортски организации и се појавуваат на документ одобрен од страна на Мониторинг групата при Советот на Европа одговорна за спроведување на Меѓународната конвенција против допингот во спортот на УНЕСКО, односно, на Листата на забранети супстанци и методи на Светската анти-допинг агенција или Меѓународниот олимписки комитет каде…
повеќе...Агенцијата за храна и ветеринарство ќе го одбележи 28 септември – Светски ден на борба против беснилото
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се вклучува во кампањата за одбележување на Светскиот ден за борба против беснилото – 28 септември. Со цел подигнување на јавната свест на граѓаните за ризикот од болеста и преземање на мерки за нејзино спречување и ширење, голем број ветеринарни станици, ја поддржаа иницијативата на Агенцијата за храна и ветеринарство и овозможија попуст на вакцинацијата против беснило за домашните миленичиња, кучиња и мачки иницијатива која во рамки на оваа кампања, успешно се реализираше и во минатите години. Вакцинацијата со оваа акција, во…
повеќе...Објавен огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски информираа за огласот за учество на обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица и спроведувањето на ново анкетирање на активни и пасивни невработени. „Еден од приоритетите на Владата на Р.Македонија е превземање на конкретни мерки за подобрување на вработливоста на невработените и нивно вработување, преку оперативниот план за вработување и активните мерки, се реализираат и обуки со кои на невработените лица ќе им се овозможи надградба на вештините од областа…
повеќе...Презентирана новата процедура за безбедност на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денес се обрати пред шеесеттина компании членки на Стопанската комора на Македонија на работилницата на која беше презентирана новата процедура како дел од имплементацијата на Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната. Како што истакна тој, станува на една исклучително важна тема и за потрошувачите и за компаниите, но и за Агенцијата како орган на државната управа одговорен за безбедноста на храната, а со тоа и за здравјето на потрошувачите. „Станува збор за не…
повеќе...