Потпишана Програма за културна соработка меѓу Македонија и Албанија

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска вчера во рамките на еднодневната работна посета на Република Албанија, оствари билатерална средба со албанската колешка Мирела Кумбаро … На средбата, двете министерки за култура ја потпишаа Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Канческа-Милевска и Кумбаро изразија задоволство од односите во областа на културата меѓу двете земји и се согласија дека со потпишувањето на Програмата за културна соработка се отвораат многу нови можности за размена на…

повеќе...

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска во работна посета на Република Албанија

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска денеска престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија во чии рамки ќе оствари билатерална средба со албанската колешка Мирела Кумбаро. На средбата, двете министерки за култура ќе ја потпишат Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Овој значаен документ ќе претставува правна рамка за унапредување на соработката, како и за интензивирање на размената на проекти меѓу институциите од културата од двете земји. Со потпишувањето на Програмата…

повеќе...

Слаб земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван и во Охрид

Синоќа во 2 часот и 56 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес, чиј епицентар е во Албанија, 64 километри северно од Тирана, а неговиот интензитет изнесуваше 4.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid

повеќе...

Отворен заеднички Контакт центар на македонската и косовската гранична полиција

„Отворањето на заедничкикот Контакт центар е уште една потврда на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово и по неколкумесечното пробно работење денес само може да констатираме дека од технички апсект Контакт центарот одлично функционира, што значи дека полициските службеници од двете страни на границата заеднички во овие простори ќе можат да извршуваат задачи од доменот на своето работење, да разменуваат информации а се во функција на побрзо решавање на одредени спорни ситуации кои по природа можат да се јават на граничните премини“. Ова меѓу другото го изјави министерката за внатрешни…

повеќе...

Македонија и Албанија ќе ја продлабочуваат соработката во одбраната

Како да се развиваат веќе воспоставените одлични биалтерални односи помеѓу Македонија и Албанија и да се продлабочи соработката помеѓу двете министерствата за одбрана, беа темите на кои разговараа на денешната средба во Скопје министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и министерката за одбрана на Република Македонија Мими Кодели. Министрите Јолевски и Кодели нагласија дека Македонија и Албанија остануваат на патот за борба против тероризмот и секаков вид закана што ќе биде упатена кон граѓаните и државите, како и во одбрана на деморкатските вредности коишто ги претставуваме. Потенцирајќи дека…

повеќе...

Приведени албански државјанки кои работеле во угостителски објекти во Велешта

На 13/14.12.2014 година од страна на полициски службеници од ОПКМСР при РЦ за ГР Запад, полициски службеници од ОПКМСР при РЦ за ГР Север и УПС од СВР-Охрид, извршена е контрола во угостителските објекти ,,Ексклузив“ и ,,Јони“ во с.Велешта-Струга, при што се затекнати како работат во УО ,,Ексклузив“ 4 државјанки на Р.Албанија, а во УО ,,Јони“ 3 државјанки на Р.Албанија. На 14.12.2014. година во 00,20 часот истите се приведени и задржани во РЦ за ГР-Запад за понатамошна постапка.

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка по повод Денот на независноста на Република Албанија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до албанскиот претседател г. Бујар Нишани, по повод Денот на независноста на Република Албанија „Почитуван господине Претседател, Ми претставува особена чест и задоволство, по повод Денот на независноста на Република Албанија, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за натамошен просперитет и благосостојба на пријателска Република Албанија и нејзините граѓани. Дозволете ми во оваа свечена пригода да го изразам моето задоволство од пријателските и добрососедски односи кои ги негуваат…

повеќе...

Пронајдена дрога кај албански државјанин кој привремено престојувал во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Д.Б. (22) од Елбасан-Република Албанија. На 19-ти овој месец, при претрес во куќа на улицата „11 септември“ во Кичево каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се 40,7 грама наркотична дрога марихуана. Тој неовластено ја набававил со цел за натамошна продажба на наркозависници од Кичево. Кај Д.Б. во кутија за цигари оставена во својата јакна пронајдени се две мали опаковки со марихуана…

повеќе...

Македонија очекува укинување на бариерите за извоз на лекови во Албанија и вино во Србија

Укинувањето на трговските бариери со кои се соочуваат земјите на ЦЕФТА во меѓусебната размена на стоки, беше централна тема на денешната седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА страните во Скопје, со која претседаваше министерот за економија Беким Незири. „Македонија има бариери за извоз на лекови во Албанија и за извоз на вино во Србија. На седницата донесовме заклучок Република Албанија во наредниот период да ја согледа можноста да направи измена на Законот за здравство во делот со кој се регулира увозот на лекови, кој предвидува лековите што се увезуваат да…

повеќе...

44-то издание на Златен Гонг за Кристијан Демај од Албанија

За првпат боксер од Албанија, Кристијан Демај победи на боксерската ревија златен гонг. Демај го освои 44-тото издание откако во категоријата до 91кг три пати го испрати во нокдаун нашиот репрезентативец Илчо Јоноски. Вториот фаворит Џошуа Буатси од Англија во средна категорија го нокаутираше Димитар Ташков и се закити со признанието најдобар техничар. Единствениот македонец кој победи во финале е Амет Еминовиќ кој го совлада Романецот Михаи во категоријата до 60кг. Македонија се претстави со 7 боксери. Најуспешен странски боксер е Радослав Пантелеев. На програмата беа вкупно 14 финални борби…

повеќе...