Меѓународна конференција „Smart City“ во Драч, Република Албанија

Министерот за образование и наука, м-р Абдилаќм Адеми, денеска присуствуваше на првата меѓународна конфенреција „Smart City“ во Драч, Република Албанија. „Огромна е улогата на образованието, обуката и на научно-истражувачката дејност во напорите за развој на просперитетно општество кое води грижа за сопствената одржливост и развива креативен и иновативен човечки капитал. Би сакал да се задржам на две работи: Политиката за истражување и развој, и на подготовката на младите и на возрасните за квалитетно вработување преку образовните политики креирани во сите степени на образованието,“ истакна во своето обраќање пред присутните министерот…

повеќе...

Декларација на Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

Министрите за транспорт на Македонија, Бугарија и Албанија денеска на средба во Софија усвоија Декларација за спроведување проекти од значење за трите држави и со која ќе се залагаат Коридорот 8 да стане еден од приоритетите на Европската унија. „Со Декларацијата која ја усвоивме утрово со моите колеги министри тежнееме Коридор 8 да стане еден од приоритетите на Европската Унија. Сакам да потенцирам дека во Македонија се градат два нови автопати на Коридорот 8. Оваа година започнавме со работа на првата од трите делници за железничко поврзување со Бугарија, што…

повеќе...

Во понеделник во Корча ќе се изврши Инаугурација на Прекуграничниот Биосферен Резерват на УНЕСКО

Понеделник, 13-ти Октомври, е денот кога во Корча, Албанија и официјално ќе се изврши Инаугурација на Прекуграничниот Биосферен Резерват на УНЕСКО . Настанот ќе биде јавен и ќе започне со церемонија во 15 часот и 30 минути во Хотелот Гранд во Корча. На настанот ќе присуствуваат високи владини преставници , преставници на Парламентите, преставници на Општините , на УНЕСКО, ЕУ  и дипломатскиот кор. Поздравни говори е предвидено да имаат Заменик премиерот на Република Албанија и Министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставниците на мисиите на Обединетите Нации…

повеќе...

Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО

Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување…

повеќе...

УНЕСКО проект – Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро

На 15 и 16. Септември, во Поградец на брегот на Охридско Езеро ќе стартува со имплементација Проектот за Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финанасиран од ЕУ и УНЕСКО. Проектот е дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така цел е да ја зајакне прекуграничната соработка во овој дел, да ги зајкне капацитeтите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Финално, целта на проектот е ставање на албанската страна…

повеќе...

Учество на директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази на обука за менаџери на здравствени системи во Албанија

Директорот на Фондот за здравство услуги осигурување на Македонија, Џамали Мехази на 11 и 12 септември 2014 учествува на обука за менаџери на здравствени системи во земјите од Балканот, на тема “ Системот на националното финансирање на здравствени услуги; анализа на трошоци и ДСГ – дијагностичко сродни групи” организирано од универзитетот “ Нашата госпоѓаод добар совет ” Тирана, Албанија. Овој тренинг се одржа во Тирана, во соработка со регионот на Тоскана, Италија и Универзитетот во Фиренца, Италија. Директор Мехази, како дел од панелот на предавачи, ги презентираше искуствата на ФЗОМ…

повеќе...

Дуото „Кадеша“ приреди неповторлива музичка вечер

Камерното дуо „Кадеша“ од Албанија што го сочинуваат искусниот виолинист Јонијан Алијас Кадеша и помладиот пијанист Флоријан Глемсер, вечерва на „Охридско лето“ ги донесоа најпознатите композиции на светски познатите класичари. Во црквата „Света Софија“ која има совршена акустика и е одлично место за практицирање, но и конзумирање класична музика, младите музичари ја воодушевија публиката на фестивалот. И двајцата музичари се образувале во познатите европски музички академии, а нивното „мајсторство“ на музичките инструменти виолина и пијано е заслужно за нивните настапи на европската сцена заедно со реномирани камерни состави и светски…

повеќе...

Министерката за култура во посета на Албанскиот театар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехаби, денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје каде што е во тек реконструкцијата на објектот, која се очекува да биде завршена во септември следната година. Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката со која се реализира реконструкцијата на објектот и информираше дека наесен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе продолжи уредувањето на внатрешноста на објектот.   „Се работи за корисна површина од над 4.300 квадратни метри.…

повеќе...

Пановски во Тирана: Статусот на водите, пред се во Охридското Езеро, ќе ја одреди иднината на градот и регионот

Во Тирана вчера и денес се одржува работна средба како дел од проектот на Германското друштво за соработка за Заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен: Охридското, Преспанското и Скадарското. Претставници на Хидробиолошкиот  завод и на Министерствата за животна средина од Македонија Албанија и Црна гора ги презентираа последните наоди од заедничките анализи на флората и фауната во Езерото и донесената новата легислатива која се ускладува со Рамковната директива за води на Европската Унија. Од страна на Билатералниот секретаријат за Охридското езеро се истакнаа предизвиците кои претстојат за одржување…

повеќе...

Идентификувани 20 икони украдени од цркви во Македонија

Минатата недела, поточно на 23-ти во Тирана – Р.Албанија беше остварена работна средба помеѓу претставници на албанската и македонската полиција како и претставници од Министерството за култура на Р.Македонија, во врска со поголем број на икони и црковни предмети кои беа пронајдени и одземени во рамките на полициската акција која ја спроведе албанската полиција во Тирана во октомври годинава. Притоа, поради основано сомнение дека дел од иконите и црковните предмети се украдени и потекнуваат од територијата на Р.Македонија од страна на македонските претставници беше извршен увид на истите при што…

повеќе...