Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена

 Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека пак дизелот останува со истата цена. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.  Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, односно новата цена за литар ќе биде 78,50 односно 80 денари.  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денари, додека мазутот поевтинува за 0,525 дденари за килограм и новата цена изнесува 40,208 денари.

повеќе...

Од полноќ Еуросупер БС 98 поевтинува за половина денар

Од ноќеска на полноќ, на бензинските пумпи Еуросупер БС-98 ќе се точи поевтино за половина денар, додека цените на дизелот и Еуросупер БС-95 остануваат непроменети. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 79,50 денари, додека цените на Еуросупер БС-95 останува 78 денари, а дизелот ќе се продава за 70 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,359 денари за килограм и ќе изнесува 40,733 денари…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата за 1,5 денари

Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи низ земјава ќе се точи поскапо гориво и тоа за 1,5 денари. Вака одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 78 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 70 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар и ќе чини 59 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 денари за килограм…

повеќе...

Од полноќ поскапува бензинот БС-98 за половина денар

Цената на дизелот и бензинот Еуросупер БС-95 останува иста, додека пак бензинот БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, цената на БС-95 останува 76,50 денари за литар, додека дизелот и понатаму ќе се продава за 68,50 денари. Цената на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе се изнесува 78,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата за два денари

 Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ќе се точат  поевтини горива за два денари.Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.   Новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денари, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.   Малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини  57,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за половина, а дизелот за еден денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари, додека Еуросупер БС 95 ќе изнесува 78,50 денари за литар.На бензинските пумпи од полноќ новата цена на дизел горивото ќе биде 70,50 денари за литар.  Малопродажната цена на Екстра  лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,409 денари за килограм, па така новата цена ќе биде 40,535 денари за…

повеќе...

Од полноќ бензините поевтини за 1,5 дизелот за 2 денари

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините за 1,5 денари, а дизелот поевтинува за 2 денари. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС- 95 е 78 денари, што е намалување од 1,5 денари, а за истиот износ се поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 денари и сега ќе чини 79,50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 69,50 денари, за два денари помалку од претходната цена 71,50 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит со што таа изнесува…

повеќе...

Од полноќ бензинот поевтин за 4, дизелот за 1,5 денари

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергегетика од ноќеска на полноќ бензинот поевтинува за 4 денари, а дизелот за 1,5 денари за литар.  Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе чини 71,50, додека пак Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 60,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,554 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  кој сега ќе чини 42,220 денари за…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата

Oд полноќ цените на горивата во земјава ќе се зголемат за 1,5 до 2,5 денари за литар, вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензините ќе се зголеми за 1,5 денари, така Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 за 85 денари за литар. Дизелот поскапува за 2,5 денари и новата цена ќе изнесува 73 денари.  Екстра лесното масло за домаќинства поскапува за три денари и новата цена е 62 денари за литар. Мазутот поскапува за 1,171 денари…

повеќе...

Од полноќ горивата поскапуваат за еден денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ за еден денар поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе се продава по 70,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 59 денари. За 0,193 денари поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари. Одлуката за поскапување на горивата…

повеќе...