Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска заедно со претставниците Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај, со денешното делење зелени и црвени флаери за правилно однесување на пешаците во сообраќајот на кружниот тек кај СП „Планет“ во скопски Ѓорче Петров го означија почетокот на кампањата во рамки на –“Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија“ која ќе трае до 7 април. Статистиката, според министерката Јанкулоска, покажува дека годишно околу 40 лица го губат животот во сообраќајни несреќи како пешаци, а дури 200 сообраќајки се предизвикани од лица кои…
повеќе...Tag: безбедност
СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план за вечерашниот митинг
Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план. Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот. СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во центарот…
повеќе...Лани поволна и стабилна безбедносна состојба во областа на ЈРМ
Во областа на јавниот ред и мир бележиме поволна и стабилна безбедносна состоја, со намалување за околу 14% во делот на вкупниот број регистрирани прекршоци, потоа намалување на инцидентите на спортски натпревари, како и мирни протести во кои граѓаните го изразуваа своето незадоволство од одредени настани и појави во државата. Од посебно значење се активностите на полицијата околу обезбедувањето на спроведување на локалните избори, кои помина мирно и без ниту еден посериозен инцидент или поголемо нарушување на јавниот ред и мир, како за време на одржување на митинзите, така и…
повеќе...Пилот од „Wizz Air“ заслепен од зелен ласер при слетување на аеродромот во Скопје
Вчера, 17-ти јануари во 17:05 часот, телефонски во Полициската станица за ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје се јавил извршниот контролор на кула (контрола на летање) при Агенција за Цивилно воздухопловство и пријавил дека добил известување од Капетанот на воздухопловот на Авиокомпанијата „WIZZ AIR“ од Тревизо-Италија, дека при слетување на прагот на пистата во 16:57 часот, бил заслепен од зелен ласер што доаѓал од правец на с.Петровец.
повеќе...Јанкулоска: Сите заеднички треба да се грижиме за безбедноста
Безбедноста зависи од сите нас и сите заеднички треба да се грижиме за неа. Полицијата е таа која ги има овластувањата и има најголема одговорност околу анализите, проектите и мерките кои се преземаат, но без соодветна поддршка од граѓаните резултатите, што ги посакуваме и јавноста ги очекува од нас не можат да бидат задоволителни, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Затоа, како што додаде на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на 9 декември – Денот на превенција, се промовира проектот „Полицијата блиска до граѓаните“ и се зголемува соработката и…
повеќе...Одржана средба помеѓу СВР и советодавната група граѓани од Охрид
Превенција на криминалот преку соработка на полицијата со заедницата, беше темата на денешниот состанок на советодавната група граѓани од Охрид. Состанокот тематски беше посветен на конципирање превентивни мерки за борба против криминалот како и мерки за интензивирање на соработката помеѓу полицијата и заедницата. На средбата која што денес се одржа во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, се направи осврт кон актуелната безбедносна состојба, а се разговараше и за други прашања од безбедносната сфера. На средбата, покрај претставниците на Секторот за внатрешни работи Охрид, учествуваа и претставници од школските центри…
повеќе...СВР Охрид: Во текот на изминатата летна туристичка сезона имавме стабилна и поволна безбедносна состојба
Во текот на изминатата летна туристичка сезона, на целото подрачје на СВР Охрид имавме стабилна и поволна безбедносна состојба. Во Јули и Август, во Охрид регистрирани се 128 казнени дела што преставува намалување за 15 % во однос на 150-те казнени дела регистрирани во истиот период лани. Во расветлувањето на казнените дела, СВР Охрид остварила ефикасност од 63 проценти што е зголемување од минатогодишната за истиот период од 48 проценти. Летово, СВР Охрид регистрира 10 тешки кражби во куќи и станови, 16 кражби на плажи, 2 кражби во патнички моторни…
повеќе...Трактори без сигнализација – опасност за возачите!
Трактори без сигнализација, без светла, нерегистрирани трактори, со други зборови трактори „фантоми“. Иако најчесто може да се сретнат на есен, овие трактори претставуваат сериозна опасност по животот на возачите преку целата година. Без разлика дали превезуваат дрва, песок, камења, овошје или зеленчук овие трактори ги има се почесто. Искористувајќи го денот за работа, така натоварени ги напуштаат нивите по зајдисонце и се приклучуваат и возат по магистралните и регионалните патишта кога видливоста е сведена на минимум. Сигурно и статистичките податоци од МВР доволно зборуваат за несреќите предизвикани токму од овие „фантомски“…
повеќе...Јанкулоска и раководството на БЈБ во посета на реконструираните простории на „Tигрите“
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и раководните лица во Бирото за јавна безбедност ги посетија целосно реконструираните простории на единицата за специјални задачи „Тигар“, во скопската касарна „Илинден“. Како што истакна министерката Јанкулоска, полициските „тигри“ се несомнено една од најподготвените специјални единици во Република Македонија, за што говорат бројните успеси што ги постигнува на меѓународните натпреварувања во дисциплини карактеристични за вакви единици. На последното Балканско првенство, претставниците на „тигрите“ екипно го освоиле првото место, како и бројни медаљи во различни категории. Инаку, во 2013 година на светско првенство оваа…
повеќе...Внимавајте – „стока“ на патот!
Ова на сликава не е кенгур и не се случува во Австралија, но кај и да е тука е некаде во охридскава околија, во нашава Македонија. Коњ ли е, магаре ли е – не е важно, но важно е: опасно е! Опасно по возачите и по патниците на нашите патишта! Затоа, возачи, внимавајте! Си имате работа со непредвидливо и не многу паметно суштество за кое не важат сообраќајните знаци ниту известувањата на патоказите. Инаетот и тврдоглавоста му се поголеми и над се! И по цена на неговиот живот, а богами…
повеќе...