Одиграно третото коло од футсал лигата за основни училишта

Денес во рамките на училишните спортски лиги  за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид  под покровителство на Локалната самоуправа Охрид го организира третото коло од футсал лигата за основни училишта. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ учество зедоа учениците од VI и VII одделение во машка  конкуренција, а постигнати беа следните резултати : ОУ „Братство Единство“  2:3  ОУ „Св.Наум Охридски“ ОУ „Св.Климент Охридски“ 0:2  ОУ „Христо Узунов“ ОУ „Григор Прличев“  3:1  ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти  4:1  ОУ „Кочо Рацин“ ТАБЕЛА Ред.број Група…

повеќе...

Основните училишта играа баскет по повод Интернационалниот ден на спортот за развој и мир

Денес во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Интернационалниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“, второ место ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека пак учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место. Во женска конкуренција најдобри беа…

повеќе...

Охрид домаќин на ракометниот Фајнл Фор турнир за кадетки

Завршниот ракометен турнир во Кадетска женска конкуренција (генерација 2000 и помали) ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид во недела, 2 април 2017 година. Организатор на Фајнл Фор турнирот е екипата на Лихнид 2012. Распоред на натпревари (02.04.2017): (Полуфинале, 11:00) Металург – Лихнид 2012 (Полуфинале, 12:45) Куманово – Вардар СЦЈС (Натпревар за 3 место, 18:00) (Финале, 19:45)

повеќе...

РК Охрид убедлив против РК Пролет

Во рамките од 17-то (претпоследно) коло од ВИП машката ракометна Супер лига, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ убедливо со 34-22 го совлада тимот на РК Пролет. Охридските ракометари работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 21-10. Во второто полувреме остана само рутински да го доиграат натпреварот и да го добијат со конечни 34-22. РК Охрид и понатаму останува на врвот од табелата со 40 бодови исто колку што има и тимот на РК Пелистер. Следниот натпревар РК Охрид ќе го…

повеќе...

РК Охрид и РК Лихнид ќе одиграат хуманитарен натпревар за Трајан Тачо Целески

Младинската екипа РК Охрид 2013 и РК Лихнид ќе играат хуманитарен натпревар со екипата на РК Филип Вардар во машка и женска конкуренција. Средствата собрани ќе бидат донирани на сметка на младиот спортист Трајан Тачо Целески. Трајан Целески Тачо боледува од тумор (Астроцитома). Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka Телефонски број за донации на Оне.ВИП 143-486 Телефонски број за донации на Телеком 070 143-155 Натпреварот кој е во организација на Младинската екипа на РК Охрид 2013 ќе се одигра во недела во СРЦ Билјанини извори, со почеток во 16:00 часот.…

повеќе...

Мишев: Во отсуство на проекти и конректни решенија, СДСМ одржува несекојдневна, помалку чудна прес конференција

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, со реакција излезе и директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев, кој изјави: „Портпаролот на СДСМ денес со прес конференцијата на која зборува за празни терени за тенис, на минусни температури во месец јануари, уште еднаш докажа дека оваа партија во отсуство на проекти и конректни решенија, во јавноста се одржува несекојдневна, помалку чудна прес конференција со чудна содржина. Нејасно е зошто Мишел Наумоски се чуди на празните тениски терени, кога и самиот знае дека е месец јануари, и сигурно…

повеќе...

АВ Охрид стартуваше со победа во Првата лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитираше со победа на стартот од новата сезона во Првата Македонската кошаркарска лига. Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридскиот тим ја имаше контролата врз играта и убедлива предност во текот на целиот натпревар. На крајот тимот на АВ Охрид триумфираше против Пелистер со резултат 73-61.  WebOhrid

повеќе...

РК Охрид вечерва игра против РК Еурофарм Работник

Вечерва со почеток во 19:30 часот, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе го пречека тимот на Еурофарм Работник во рамките од 11 коло од македонската ракометна Супер лига. „Денес не очекува тежок натпревар со Еурофарм Работник, тоа е единствената екипа која го има совладано Охрид годинава. Изгубивме со 1 гол разлика во Битола, иако водевме цел натпревар. Успеаа еднаш да поведат и да го добијат натпреварот. Се надевам дека денеска нема да е така. Имаат една искусна екипа, но ние со помош на охридската публика,…

повеќе...

Охрид домаќин на најголемиот музички настан „Ohrid calling“

По Лондон, Белград и Загреб и Охрид станува центар на светски музички имиња. Од 1-ви август со настапите на светски познатите ди -џеи Nicky Romero и Lost Frequences заикажани на стадионот „Билјанини извори“, Охрид станува домаќин на најголемиот музички настан годинава, „Ohrid calling“. Локалната самоуправа и Авалон продукција како организатори на случувањето очекуваат неколку илјадна публика ако се земе во предвид дека во рамки на фестивалот на 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Al Di Meola, а ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската рок…

повеќе...

Спортските игралишта во Охрид мета на несовесни граѓани

И покрај апелите кои ЈП „Билјанини извори“ постојано ги упатува за совесно користење на спортската опрема која е во составен дел од СРЦ „Билјанини извори“ за жал се уште тие апели не допираат до одредени личности. Таков пример е и денешното оштетување на заштитната ограда на новото мултифункционално игралиште кое се гради како дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт. Во изминатите неколку години спортската инфраструктура, со поддршка на Владата и општина Охрид , доживува една експанзија која не се памети од самите почетоци на СРЦ „Билјанини Извори“,…

повеќе...