Основци од „Христо Узунов“ утре во посета на спортски терени, објекти и клубови во Охрид

Во рамките на реализација на програмата на Сојузот на спортови Охрид за популаризација на спортот, утре во периодот од 11:00-13:00 часот, во соработка со ОУ „Христо Узунов“, Охрид ќе се промовираат одредени спортски терени, објекти и клубови. За таа цел ќе биде посетена спортска сала, големиот фудбалски терен и теренот за фудбал со вештачка трева при ЈП „Билјанини Извори“. Потоа ќе бидат посетени Кајак кану клубот„ Стрмец“ и Едриличарскиот клуб „Стрмец“. Учесници се третите одделенија од ОУ„ Христо Узунов“ Охрид со нивните одделенски наставници и професори по физичка култура. Се очекува…

повеќе...

Фудбалски турнир за ученици од основните училишта во Охрид

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а под покровителство на Општина Охрид, утре и задутре 31 март и 1-ви април (четврток и петок) на фудбалскиот терен со вештачка трева кој е дел од СРЦ „Билјанини Извори“, организира фудбалски турнир за деца (машки) од основните училишта и тоа 6 и 7 одделение. Турнирот ќе се реализира во соработка со Сојузот на училишен спорт Охрид и Бирото за развој на Образованието. Турнирот е дел од годишната програма за работа на ЈП „Билјанини Извори“ и е почеток на многубројните спортски настани наменети пред се за најмладите…

повеќе...

Панорамскиот двокатен автобус пуштен во сообраќај за оваа година

Со вчерашното возење на релација Охрид (ОСУ „Св.Климент Охридски“) – Струга (ОСУ „Ибрахим Темо“) официјално ЈП „Билјанини Извори“ во сообраќај за 2016 година го пушти панорамскиот двокатен автобус. Оваа година можноста за користење на панорамскиот автобус први ја искористија учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ кои предводени од соодветниот наставен кадар имаа научно природна посета на своите врсници од ОСУ „Ибрахим Темо“. ЈП „Билјанини Извори“ ги потсетува сите институции, правни субјекти посебно тие кои ја сочинуваат и градат туристичка понуда на Охрид дека двокатниот панорамски автобус од денес ќе можат да…

повеќе...

Европскиот шампион Игор Стефановски – Иџе одржа едукативен час за безбедност во сообраќајот

Под мотото „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во СРЦ „Билјанини Извори“ за најмладите се одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот. Иницијатор, и промотор на оваа идеа е двократниот европски првак во ридски трки, македонецот Игор Стефановски – Иџе. Настанот се одржа под покровителство на општина Охрид. Во име на општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески, присутни ги поздрави заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Целта на денешнава кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот е преку…

повеќе...

Едукација за опасностите од брзо и неодговорно возење

Во Спортско рекреативен центар „Билјаниниизвори“ на 24ти февруари ( среда), од 12 часот и 30 минути до 13 часот и 30 минути, со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи настан од едукативен и забавен карактер, под мотото „Шампионот обединува – насмевка, живот, едукација“. Промотор на настанот е познатиот возач и двократен европски шампион во ридско-брзински автомобилизам Игор Иџе Стефановски, најбрзиот човек во Европа, кој ќе говори за безбедноста во сообраќајот. Целта на оваа кампања која се реализира со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и на Републичкиот Совет…

повеќе...

Започнуваат подготвителните фудбалски натпревари на СРЦ „Билјанини извори“

Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК Радник од Лучане и ФК Младост од Сурдулица започнуваат подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. Во наредниот период Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се домаќини на уште 7 фудбалски екипи од кои 3 се од нашиот сосед Србија ( ФК Спартак Суботица, ФК Јавор Ивањица и ФК Борац Чачак ) и 4 од нашата држава и тоа ФК Ренова, ФК Металург, ФК Шкупи и ФК Тетекс. Од година во година Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ постанува центар за…

повеќе...

Победа за Охрид 2013 против Радовиш

Охрид 2013 веќе го заборави поразот од Металург од пред три дена и повторно им се враќа на победите. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ Охрид 2013 вечерва играше против Радовиш во 13 коло од ВИП ракометната лига. Охриѓани одиграа одличен натпревар и убедливо со 35-26 (полувреме 20-13) го совладаа тимот на Радовиш. По комплетирањето на 13-то коло од ВИП Суперлигата, Охрид 2013 се наоѓа на второто место со 30 бодови. Лидер на табелата е супериорниот Металург кој има 39 бодови и сеуште е без пораз. WebOhrid

повеќе...

Нова победа за АВ Охрид

Екипата на АВ Охрид забележа уште една нова победа, осма по ред во Втората машка кошаркарска лига. Синоќа во Спортската сала „Билјанини Извори“, АВ Охрид со високи 101:75 го победи тимот на Шкупи. По оваа победа, АВ Охрид се зацврсти на првото место од табелата со 16 бодови, пред Вардар и Пелистер кои имаат по 14 бодови. WebOhrid

повеќе...

Победа за КК „АВ Охрид“ против КК „Вардар“

Нова победа за КК „АВ Охрид“. Вечерва во Спортската сала „Билјанини Извори“ охриѓани го пречекаа „Вардар“ во дерби натпреварот за врвот од табелата во Втората македонска кошаркарска лига. Првото полувреме му припадна на Вардар, во кое гостите прикажаа добра, цврста игра и сосема заслужено заминаа на полувреме со предност. Но, сепак крајот го краси делото. АВ Охрид прикажа далеку подобра игра во второто полувреме. Играта на Вардар спласна во завршницата на натпреварот, а од друга страна АВ Охрид поентираше, ја зголеми предноста и успеа да победи со 83-75. По одиграни…

повеќе...

Уште една убедлива победа за РК „Охрид 2013“

РК „Охрид 2013“ забележа уште една убедлива победа во 11 коло од ВИП македонската ракометна Суперлига. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ овој пат тимот на Охрид славеше со убедливи 40-26 против тимот на Металург 2. Победникот беше познат уште по завршувањето на првото полувреме кое Охрид го доби со резултат 21-8. Потоа остана само да се одигра и второто полувреме, во кое охридските ракометари ја одржуваа предноста се до крајот на натпреварот кој го добија со 40-26. По 11 одиграни натпревари РК „Охрид 2013“ се наоѓа на второто место од…

повеќе...