Ротаракт Клубот од Охрид и Македонската Мисија за Хуманост, денес доделија пакети со храна и средства за хигиена, во Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Во рамките на посетата, беше остварена средба и со директорката на институцијата, Наташа Младеновска – Лазаревска, која истакна голема благодарност за донацијата, во име на сите деца кои се под заштита на оваа установа. Беа договорени и иницијативи за понатамошни активности од ваков вид, кои ќе помогнат во подобрувањето на условите и на квалитетот на живот на децата кои престојуваат таму.
повеќе...Tag: битола
Груевски: Во Битолско интервенцијата навремена и вистинска
Навремената и вистинска интервенција на надлежните на централно и локално ниво придонесоа штетите во поплавеното битолско подрачје да не се големи во делот на куќите, но се големи на земјоделските површини. Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Новаци, каде по обилните врнежни се излеа Црна Река. „Се сретнав со доста мештани што живеат тука и сите истакнаа дека вистинска и навремена реакција постоеше особено со доаѓањето на помошта од Владата и од заедничкото спојување со локалниот кризен штаб. Една од клучните одлуки беше да се…
повеќе...Од утре се очекуваат пообилни врнежи и засилен ветер
Утрово во општина Битола се одржа состанок на локалното Кооринативното тело за спасување со кризи, на кој што присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, при што се разгледа моменталната состојба во општина Новаци и предизвиканите штети од поплавите. Согласно најавите од УХМР, од утре под влијание на влажен бран од запад ќе има врнежи од дожд, а локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. На планините врнежите ќе бидат од снег. Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во…
повеќе...Царинарница Битола се уште работи отежнато
Од Царинската управа информираат дека поради прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет врските, како и големите наноси снег и денес, 2 јануари 2015 година работата на повеќе гранични царински испостави на територијата на Царинарница Битола се одвива во отежнати услови. Поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија, прекин на телефонската и интернет врската, како и недорасчистените наноси од снег на патишатата, работата во царинската испостава Ќафасан се одвива крајно отежнато, посебно на отсекот за стоково царинење. Иста е ситуацијата и во царинската испостава Стење. Во отежнати услови поради нерасчистените…
повеќе...Злоупотреба на културно наследство
СВР Битола, во два одделни случаи, до ОЈО Битола поднесе кривични пријави за присвојување, оштетување или уништување и изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Во првиот случај пријава е поднесена против К.Т.(64) од Битола, Т.Н.(31) од с. Живојно општина Новаци и З.Л.(44) од с. Ивањевци општина Могила поради постоење на основи на сомнение дека извршиле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и се обиделе да сторат кривично дело „изнесување во странство на добра под…
повеќе...Во Охрид пронајдена дрога кај битолчанец
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид против Т.М. (23) од Битола поднесе кривична пријава. При извршен преглед кај пријавениот пронајдени се 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци. Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30…
повеќе...По две децении, посетителите на Стоби имаат можност повторно да го видат раскошниот мозаик на Старата епископска базилика
Со поддршка од Министерството за култура се реализираше финалната фаза од конзерваторско–реставраторските работи на мозаикот што го красел подот на најстарaтa ранохристијанска црква во Република Македонија – Старата епископска базилика во Стоби … Проектот подразбираше детална обработка на фрагментите од мозаичниот под со вкупна површина од 160 квадратни метри и негово враќање на оригиналната местоположба во базиликата. За таа цел, за првпат во историјата на конзервацијата и презентација на мозаиците in situ (на самото место), беше изградена слободно стоечка челична конструкција што ја има улогата на нов носач на мозаикот.…
повеќе...Одржан петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје
Викендов, на стрелиштето во поранешната касарна во Битола, се одржа петтиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма. Еве ги и резултатите: Во сениорска категорија-пушка, Михаил Шишкоски ја потврди првата позиција во Куповите со резултат од 601,7 кругови. Горан Здравески со 564,3 кругови се пласира на петта позиција. Во конкуренција на јуниорки- пушка, Ангела Алексовска со резултат од 384,8 се пласира на втората позиција, додека пак Јана Маркоска со резултат од 382,2 кругови заврши како третопласирана. И кај јуниорите Мартин Гоџоски со резултат од 563,4 кругови го зазеде второто…
повеќе...Продолжуваат конзерваторските работи на археолошкиот локалитет Баргала
Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Штип интензивно работат на конзервација на 181 метарскиот северно-источен бедем на овој значаен археолошки локалитет кој датира од четвртиот до шестиот век. Според предвидениот план во тек е конзервацијата на третата делница од бедемот во должина од 46 метри. Покрај работите на бедемот во тек е и конзервацијата и реконструкцијата на печките за стакло и метал. Археолозите од Штипскиот Музеј во моментов работат и на градската базилка и на средовековната некропола, кај црквата Свети Ѓорѓија, која се поврзува…
повеќе...Битолските актери вечерва ги носат Отело и Дездемона на „Охридско лето“
Драмскиот дел на годинешното 54.то издание на фестивалот „Охридско лето“ стартува вечерва со театарската претстава „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего де Бреа. Претставата ќе ја изведат помладата генерација актери на Битолскиот народен театар, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот. Костимографот на „Отело“ Благој Мицевски вели дека соработката со режисерот Диего де Бреа претставува едно огромно искуство за целата екипа што ја подготвуваше оваа претстава. „Диего де Бреа е еден од оние режисери кои се случуваат еднаш на неколку години и којшто…
повеќе...