ММФ со позитивни согледувања за можностите за инвестирање во Македонија

Надворешната стабилност на Република Македонија и интересот за странски инвестиции во поедини економски и инфраструктурни области беа тема на разговор на средбата на министерот  за економија Ваљон Сарачини со шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Ивана Владкова Холар. Шефот на мисијата на ММФ истакна дека од контактите и разговорите што ги имале со некои од големите инвеститори, согледале дека странските инвеститори се задоволни од можностите за инвестирање што се нудат во Република Македонија. „Важно е да се знае каков е односот на домашните снабдувачи со инвеститорите, бидејќи…

повеќе...

Македонија и Кина да ја интензивираат економската соработка

Македонија и Кина имаат многу знaчаен потенцијал за динамизирање и интензивирање на економската соработка. Факт е и дека нашите билатерални односи не биле никогаш поинтензивни и поцврсти, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски на дебатата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика за „Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа – можност за стратегиско партнерство со Република Македонија“. Кина во последните години постојано се наоѓа на листата со кои Македонија остварува најголем обрт на трговска размена. „Кина во 2012 година е седми…

повеќе...

Ставрески: Странските инвестиции се успешна приказна во Македонија

Со одржување најниски даноци во Европа и добра бизнис клима Македонија и натаму ќе биде исклучително атрактивна за инвеститорите, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Приказната за странските инвестиции во Македонија е една успешна приказна за тоа ако ја подобриш бизнис-климата што е евидентно, бидејќи со години по ред сме меѓу најдобрите реформатори во светот, меѓу 10 топ-реформатори во светот и преку еден амбициозен план на презентации на инвестициските можности пред инвеститорите во Европа, но и на другите континенти да можат да се привлечат странски инвестиции во земја…

повеќе...

Македонија меѓу 10-те економии со најголеми подобрувања во водење бизнис

Во новиот извештај на Светска банка и ИФЦ Република Македонија по четврти пат е меѓу десетте врвни економии во светот каде најмногу се подобрило деловното и регулаторно опкружување во периодот од јуни минатата  година до  јуни годинава, спроведувајќи шест регулаторни реформи кои го олеснија водењето бизнис на локалните претприемачи. Канцеларијата на Светска банка во Скопје, соопшти дека Република Македонија го олеснила добивањето електрична енергија преку намалување на времето потребно за добивање нов приклучок и преку утврдување фиксен надомест за приклучување по киловат за приклучоци што бараат моќност до 400 kW.…

повеќе...

Француски компании заинтересирани за бизнис условите во Македонија

Добриот фискален пакет, добрата деловна клима, одличниот однос на Владата кон странските инвеститори и големиот број договори за слободна трговија што ги има потпишано Македонија, а кои дозволуваат настап без тарифи на други пазари, особено на европските, се само некои од причините кои треба да ги привлечат француските вложувачи во земјава. Како што изјави вицепремиерот Владимир Пешевски на француско-македонскиот бизнис форум, сите инвеститори кои отвораат работни места се добредојдени.  „Ќе му излеземе во пресрет на секој што сака да отвори фирма кај нас. Ќе настојуваме, преку моделите на државна помош…

повеќе...

Претседателот Иванов во Пекинг на средби со раководства на компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на првиот ден од посетата на Пекинг имаше средби со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија. Станува збор за China State Construction Engineering, најголема градежна компанија во Кина, петта по големина во државата, а десетта во светот, Sinohydro Corporation LTD, која ќе ги гради автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид и нафтената компанија Sesai Jiliajija Petro Chemical Equipment. Политичкиот дел, односно средбата со неговиот домаќин, кинескиот претседател Џинпинг Си, е закажана за утре. Раководството на државната градежна компанија,…

повеќе...

Со забрзано темпо Општината работи на отворањето на индуструската развојна зона

Во поодмината фаза е изработката на планска документација за индустриската развојна зона кај Мауцхер. „До крајов на годинава се зададени последните рокови до секторите за Урбанизам и Комунален развој и сообраќај  да ја завршат целокупната планска документација. Веднаш после тоа ќе  се спроведе постапка за поделба на индустриската развојна зона на парцели и ќе се објави постапка за издавање на тие парцели се со цел да привлечеме инвеститори кои ќе можат во таа зона да отворат мали и средни претпријатија во кои ќе бараме можност за вработување на голем број…

повеќе...

Прогласени најдобрите бизнис планови за 2013-та

Може да имате милион идеи, но сите се безвредни доколку не преземете нешто да ги реализирате. Можеби сакате да основате свој бизнис, да креирате нешто ново, и секогаш си велите дека не е вистинското време. Вистински момент не постои, треба сами да го создадете. Ова им го порача министерот за економија Ваљон Сарачини на младите претприемачи денеска на прогласувањето на најдобрите бизнис планови во рамки на проектот – Натпревар за започнување на бизнис „Биди перспективен, започни свој бизнис”. На проектот чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку…

повеќе...

Пешевски ги претстави македонските инвестициски можности пред германски стопанственици

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска имаше работна средба со германски стопанственици на која ги претстави инвестициските можности што ги нуди Република Македонија со посебен акцент на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа. Како што информира владината прес-служба, вицепремиерот се осврна на поволните услови за странските инвеститори, особено на реформите и мерките кои Владата ги презема во насока на подобрување на деловната клима, бизнис…

повеќе...

Македонија меѓу 10-те најдобри места за почнување бизнис во светот

Македонија е меѓу 10-те најпогодни земји за почнување бизнис, според најновиот извештај на Меѓународната финансиска корпорација и Светската банка, објави Си-Ен-Ен во делот „Гоинг глобал“. Во извештајот е наведено дека Македонија е на петтото место како резултат на поедноставените процедури преземени во изминатите пет години за основање фирма, намалениот услов за минимум потребен капитал при основање фирма, намалените административни процедури и времето потребно за аплицирање и воспоставување електронски систем за поднесување документи. Рангирањето опфатило 185 земји во светот. Први на ранг листата се Нов Зеланд, Австралија, Канада и Сингапур. По…

повеќе...