Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици. Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип. Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување. Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.
повеќе...Tag: болест
Тодоров: Во поплавените подрачја нема епидемија
Нема заразни заболувања во поплавените подрачја во скопско, изјави вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Тој истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалува. „Ако првите денови бил стотина, сега тој број е седум. На Клиниката за инфективни болести нема лица со заразни заболувања од тие подрачја. Имаме комплетна контрола над ситуацијата и за среќа немаме епидемија иако ги имаше сите предуслови да ја има. Она што експертите ми го сугерираа е…
повеќе...Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа
Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји. Претставниците на земјите каде е присутна болеста, ги презентираа преземените мерки и искуствата…
повеќе...Колариќ: Вакцинирани 80 илјади говеда од јазлеста кожа
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста „јазлеста кожа“ кај говедата денеска пристигнаа во Република Македонија. Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста „јазлеста кожа“.
повеќе...АХВ: Во 14 општини 62 говеда болни од јазлеста кожа
Од појавата на болеста Јазлеста кожа кај говедата кон крајот на минатиот месец, во земјава, досега евидентирани се 53 жаришта на болеста во 14 општини, главно во источниот дел на Република Македонија ( Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево. Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија, Македонска Каменица). „Во жариштата, позитивни се 62 грла, односно кај нив болеста Чвореста кожа е лабораториски потврдена, а афектирани или сомнителни се 829 говеда. Заклани и нештетно уништени досега се 362 говеда,“ велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Бројот на заболени…
повеќе...Болеста чвореста кожа кај говедата засега само во Источна Македонија
Заклучно со денеска, болеста „јазлеста кожа“ е потврдена во осум општини. Вкупно 12 животни во 10 одгледувалишта манифестирале клиничка слика и за нив е добиена лабораториска потврда дека се заболени, а 235 се афектирани, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски на денешната прес конференција. Како што рече Поповски, покрај усмртувањето и нештетното отстранување на заболените грла, превентивно се формирани и заштитни зони со радиус од три километри околу жариштата каде болеста е потврдена, зони под надзор со радиус од 10 километри околу жариштата и зони под…
повеќе...Виолетов ден во Скопје за поддршка на лицата со епилепсија
Виолетовиот ден е меѓународен ден, посветен на напорите за зголемување на свеста за епилепсијата во светот. На 26 Март секоја година луѓето се облекуваат во виолетово и на различни настани го одбележуваат овој ден. Оваа година Здружението „Епилепсија Македонија“ ќе го одбележи овој ден под мотото „РАЗЛИЧНИ А СЕПАК ИСТИ“ во 11 часот на градскиот плоштад во Прилеп, а во соработка со Лигата за борба против епилепсија на Македонија ќе го одбележи „ВИОЛЕТОВ ДЕН“ во 12 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје, и во 17 часот во „Skopje City Mall“.…
повеќе...„Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираното
Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика. „Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, со задоволство може да констатираме дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме.…
повеќе...Четири нови апарати во Клиниката по хируршки болести во Скопје
Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница во Скопје) доби четири нови апарати и тоа мамограф, ехо апарат, апарат за колоноскопија и гастроскопија и катмограф. Апаратите се ставени во функција, освен мамографот за кој термини за прегледи ќе бидат пуштени од 20 март. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска истакна дека мамограф првпат се набавува за оваа здравствена установа иако во неа се изведуваат хируршки интервенции од оваа област. Пациентите биле препраќани за овој преглед во други болници. „Од тие причини сметавме дека е потребно во…
повеќе...Охридските гимназијалци се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, во соработка со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Општиснкото средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваше во активностите со кои се одбележа денот под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести. Активностите беа насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите. Во рамките на тоа ученици од Охридската гимназија учествуваа во атлетскиот крос што се одржа по кејот на Охридското…
повеќе...