Четири нови апарати во Клиниката по хируршки болести во Скопје

Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница во Скопје) доби четири нови апарати и тоа мамограф, ехо апарат, апарат за колоноскопија и гастроскопија и катмограф. Апаратите се ставени во функција, освен мамографот за кој термини за прегледи ќе бидат пуштени од 20 март. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска истакна дека мамограф првпат се набавува за оваа здравствена установа иако во неа се изведуваат хируршки интервенции од оваа област. Пациентите биле препраќани за овој преглед во други болници. „Од тие причини сметавме дека е потребно во…

повеќе...

Почна изградбата на новата Клиничка болница во Штип

Во Штип денеска е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, двајцата директори на ФЗОМ, директорот на Бирото за лекови, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата пратеници во Собранието на РМ Никола Мицевски и Трајче Димков и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев. Премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека му претставува големо задоволство што…

повеќе...

Реконструкција на одделот за хидротерапија и физикална медицина во ГОБ „8 Септември“

Почна комплетната и темелна реконструкција на делот за хидротерапија во Градската општа болница „8 Септември“ и делот за физикална медицина, каде ќе бидат комплетно реконстурирани трите базена-еден голем и два помали, како и делот за хидротерапија. Ќе бидат направени и две фински сауни и една парна бања и ќе се изврши комплетна реконструкција на целиот овој оддел во болницата. Станува збор за една капитална инвестиција од околу 25 милиони денари. Целиот зафат се очекува да заврши во наредните три до четири месеци. Одделот за медицинска рехабилитација во ГОБ „8 Септември“…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Кожната болест „скабиес“ била дијагностицирана минатата година, а надлежните не пријавиле во министерството

Министерската за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ги посети Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Дневниот центар за деца со посебни потреби и Центарот за социјална работа во Битола при што изврши увид во работењето на установите со цел запознавање со потребите и активностите на истите. При посетата на Домот за доенчиња и мали деца, Ташевкса-Ременски посебно се интересираше за здравствената грижа и состојбата на дечињата кај кои во текот на месец јули, ноември и декември минатата година било дијагностицирано кожно заболување. Министерката посетата на Домот…

повеќе...

Премиерот Груевски во посета на Охрид

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска престојуваше во работна посета на Охрид. Заедно со министерот за здравство ги посети Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија целосна реконтрукција и проширување е во тек, како и Општата болница во Охрид која од неодамна доби нова опрема за рано дијагностицирање канцер на дојка. „Реконструкцијата на болницата „Свети Еразмо е инвестиција на Владата односно Министерството за здравство вредна 215 милиони денари. Се работи за темелна реконструкција на објектот, а во еден дел и доградба, односно ставање во употреба на нови пет…

повеќе...

Општа болница – Охрид доби санитетско возило од Здравствен дом Скопје

Здравствен Дом Скопје за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид, отстапи комплетно опремено со медицинска опрема санитетско возило од Итна медицинска помош. Од Здравствен дом Скопје соопштија дека ова е резултат на нивната политика за соработка со сите здравствени установи во Републиката со цел за успешно спроведување на здравствена заштита на населението. Извор: Нет Прес

повеќе...

Кузески: Хаосот што Тодоров и Груевски го направија во здравството се случува и во охридската Општа болница

Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Општата болница во Охрид, рече на денешната прес-конференција Секретарот и портпарол на ОО на СДСМ Охрид, м-р Александар Кузески. Тој кажа дека во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското „одделение немало греење. „Во ек на ниски температури, пациентите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да…

повеќе...

Директорите на ФЗОМ утре во работна посета во Охрид

Утре директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, ќе остварат работна посета на охридските здравствени установи: Oпшта Болница Охрид, Болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо и Завод за кардиоваскуларни заболувања. Директорите заедно со менаџерските тимови ќе дискутираат за буџетите за 2016 година и воведување на нови методи во овие здравствени установи.

повеќе...

Општата болница во Охрид меѓу установите што нудат најквалитетна здравствена услуга

Општата болница во Охрид е меѓу лидерите кога станува збор за квалитетот на услугите што ги нудат здравствените институции на национално ниво. Тоа го покажуваат резултатите од спроведното испитување што го спроведе Министерството за здравство за тековната 2015 година. Директорот на Општата болница во Охрид Љубен Арнаудов по однос анонимната анкета спроведена меѓу пациентите истакна дека дури 85,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од медицинската нега што ја нуди установата. Дури 92,2 проценти од анкетираните се задоволни од условите и конферот во чекалните, 66,6 проценти од опремата…

повеќе...

Министерот Спасов во посета на реконструираниот објект на Центарот за социјални работи во Охрид

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска во рамки на работната посета на Охрид заедно со градоначалникот Никола Бакрачески го посетија целосно реконструираниот Центар за социјална работа, зафат вреден околу 5,3 милиони денари. „Ова е 11-тиот центар за социјални работи што целосно е реконструиран и опремен со сосема нова опрема со што во значајна мера се подобруваат, како условите за работа на стручните служби, така и условите за прием на барањата на граѓаните за остварувањето на нивните права од делот на социјална и детска грижа“, истакна Спасов. Тој…

повеќе...