Нов апарат за невромониторинг на Торакална и васкуларна хирургија

На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија е ставен во функција еден од најсовремените апарати за невромониторинг со кој ќе се сведат на минимум сите можни компликации кои се јавуваат при интервенции на тироидната жлезда. Станува збор за апарат кој првпат се набавува во Клиниката и во јавното здравство во Република Македонија, а ретко го има и во земјите од регионот. Вредноста на апаратот, кој го набави Министерството за здравство, е 2,1 милион денари. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката каде по средбата со директорот Зоран Спировски…

повеќе...

Прв зафат на интервентна кардиологија во ГОБ „8 Септември“

Во Градската општа болица „8 Септември“ е реализирана прва интервенција на интервентна кардиологија. Тим предводен од доктор Владимир Ристовски, кој неодамна се вратил од доедукација во Дедиње, вчера интервенирал на 63 годишна пациентка, која, според докторот, се чувствува одлично и денеска е пуштена на домашно лекување. „Пациентката беше со докажана коронарна артериска болест, по направени неколку неинвазивни дијагностички испитувања. Беше со нестабилна ангина. Направени се испитувања, коронографија и се е завршено“, информира доктор Ристовски. Со реализација на првата интервенција, според министерот за здравство Никола Тодоров, Градската општа болница „8 Септември“…

повеќе...

Комплетна реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид

Министерството за здравство продолжува со инвестицискиот циклус во здравствена инфраструктура, во рамки на кој значителен број проекти се комплетно реализирани, започнати и во тек на реализација, а одреден број проекти ќе почне да се реализираат во претстојниот период. Овие инвестиции се од особено значење имајќи предвид дека целокупниот квалитет на еден здравствен систем во голема мера зависи од квалитетот на инфраструктурата. Од Министерството за здравство информираат за почетокот на еден крупен инфраструктурен проект, а тоа е комплетната реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, за која веќе…

повеќе...

Пуштен во употреба нов апарат за ангиографија во ГОБ „8 Септември“

Во ГОБ „8 Септември“ денеска официјално беше пуштен во употреба нов современ апарат ангиограф кој ќе извршува многу процедури, вклучувајќи и процедури од областа на интервентната кардиологија. „Ова практично ќе биде еден нов момент во оваа болница, затоа што болницата немаше досега ваков апарат. Со ова болницата ќе биде втор центар во Скопје во кој ќе се вршат ваков вид интервенции за инфаркти, стентови за инфаркти и други интервентни процедури“, рече премиерот Никола Груевски кој во присуство на министерот за здравство Никола Тодоров го пушти во употреба апаратот. Набавката на…

повеќе...

Еден фински и еден германски параглајдерист со тешки телесни повреди примени во Клиничкиот центар во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се пријавени два одвоени несреќни случаи во кои што двајца странски државјани (параглајдеристи) се здобиле со тешки телесни повреди и се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје. Во првиот случај пријавен околу 14,30 часот, во буковата шума на м.в.Лимо Нивје во близина на Мечкин Камен од страна на лицето А.С. од Финска кој е инструктор за летање ,бил пронајдено лицето Н.Т.К. исто така од Финска кој околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на м.в. Мечкин Камен а било забележено дека го нема околу…

повеќе...

ФЗОМ со донација на детски играчки во четири болници

Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку бројните проекти кои ги реализира продолжува со грижата за своите осигуреници. Овој пат своето внимание им го посвети на најмладите, односно на дечињата кои се лекуваат во болниците низ републикава и на Детската клиника во Скопје. Во четири јавни здравствени установи, ЈЗУ Детска клиника – Скопје, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, ЈЗУ Клиничка болница – Тетово и ЈЗУ Општа болница – Охрид, Фондот донираше играчки, камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12…

повеќе...

Комплетна реконструкција и нова опрема во клиниката „Св. Наум Охридски“- Скопје

Со реконструкција, според најсовремени стандарди и со набавка на нова медицинска опрема се заокружува целата инвестиција во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров. „Ќе инвестираме околу 140 милиони денари или околу 2,3 милиони евра во комплетна реконструкција на внатрешноста на установата и за набавка на нова медицинска опрема за хируршките сали и за Центарот за изгореници“, рече Тодоров. Отпочнавме, како што посочи, постапка за набавка на нова медицинска опрема за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.…

повеќе...

Груевски: Почнува реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“

Реконструкцијата на специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје ќе започне следниот месец, најави премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање на официјалното пуштање во сообраќај на проширената и реконструирана улица „Јордан Мијалков“ премиерот рече дека минатата недела била донесена одлука за отпочнување на тендерска постапка за темелна реконструкција на болницата „Свети Наум Охридски“, која деновиве започнува како постапка, а во текот на август се очекува да почнат и градежните работи и да завршат кон крајот на јануари следната година. „Станува збор за темелна реконструкција која вклучува…

повеќе...

Отворена првата државна кардиохирургија

Првата државна кардиохирургија е пуштена во употреба денеска во рамки на Скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“. На отворањето присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за здравство Никола Тодоров, медицинскиот персонал кој ќе работи во оваа болница, странските доктори кои помогнаа за едуцирање на тимот проф. Предраг Милиевиќ од Институтот за кардиоваскуларни заболувања од Дедиње, проф. Омер Џемаили од Клиниката Триемли во Цирих, проф. Антонио Маруло од Клиниката Сапиенца во Рим, Италија и проф. Бојан Биочин од Клиниката за кардиохирургија Ребро, директорите на ФЗОМ и на клиниките. „Ова беше сон на многу…

повеќе...

Се инсталира ангиограф за кардиолошки и радиолошки процедури во ГОБ „8 Септември“

Во тек е инсталација на новонабавениот ангиограф во Градската општа болница „8 Септември“, чија вредност е околу 35 милиони денари. Монтажата треба да заврши кон крајот на овој месец и ангиографот ќе биде пуштен во употреба на 1 јули. Ќе има тестирања, мерења, дали има радиолошки зрачења и од 1 август ќе се почне со регуларна работа, прво со интервентната радиологија. На ангиографот ќе се работат и кардиолошки и радиолошки процедури. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети ГОБ „8 Септември“ по што изјави дека таа јавна здравствена установа…

повеќе...