Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ. „Ваше Блаженство, Дозволете ми, до Вас лично, до сите верници од православна вероисповед, до членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и монаштво, да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Божиќ. Големиот христијански празник кога го славиме раѓањето на Синот Божји, нека нè исполни со добра мисла, мир и единство. Радоста на овој празник нека биде поттик да…
повеќе...Tag: божик
Денес е Рождество Христово – Божик
Божик е најрадосен христијански празник. Бидејќи на овој ден, според христијанската вера се роди Божјиот Син, Исус Христос – Спасителот на светот, Божик е празникот на раѓањето на нов живот, празник на децата и на детството, родителството и создавањето. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божик на 7 јануари. Во повеќето земји во…
повеќе...Честитка од претседателот на СДСМ Заев за Бадник и Божик
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, за големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до сите граѓани кои ги чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, свештенството и монаштвото. „Упатувам најискрени честитки за Бадник и Рождество Христово, Божик, до Вас лично, до членовите на Синодот, на свештенството и монаштвото, до сите граѓани кои ги чествуваат овие големи православни христијански празници, во мое име…
повеќе...Света литургија за Рождество Христово – Божиќ
По повод Рождество Христово – Божиќ, на 7ми јануари (четврток) ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Свети Ѓоргија“, Охрид со почеток во 8:45 часот. Света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.
повеќе...Бадник неработен ден за православните, Божиќ за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2016 година (среда), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед. Исто така, Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 7 јануари 2016 година (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за…
повеќе...Премиерот Никола Груевски на Божиќна миса
По повод големиот христијански празник – Божиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, присуствуваше на божиќна миса во католичката црква „Пресветово Срце Исусово“ во Скопје. Повеќе во фотогалеријата: http://vlada.mk/node/11650
повеќе...Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Католички Божиќ
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до сите граѓани со католичка вероисповед по повод раѓањето Христово- Божиќ. „Денот посветен на Христовото раѓање- Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги симболизира, семејните вредности, човечката толеранција и заемното разбирање . Овој празник на љубовта и добрината нека донесе душевен мир и спокој, светлина и топлина во домовите и сила да правиме добри дела, да влеваме надеж на сите оние кои страдаат и меѓусебно да се почитуваме и помагаме. Божиќ е празник кој не учи да живееме во простување и милосрдие, да…
повеќе...Божиќна честитка од премиерот Груевски
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, како и Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија. „Почитуван г. Стојанов, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монашки заедници и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој…
повеќе...Католички Божиќ
Христијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Божик денес, освен Римокатоличката црква и западните цркви, го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар. Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се пошитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават…
повеќе...За првпат во Скопје Божиќен Маркет
По примерот на светските метрополи, за првпат и Скопје ќе добие вистински Божиќен маркет. Од утре па се до 13.01, централниот градски плоштад „Македонија“ ќе биде претворен во божиќна бајка. Секој ден во попладневните часови ќе има забавна програма со Дедо Мраз за најмалите, а потоа секојдневни музички настапи на македонски артисти. Крајот од секоја вечер ќе биде крунисан со шоу со огномет и акробати. За уживањето да биде поголемо, ќе има штандови со пиво, греено вино, ракија, колачиња, пецива, чоколади, колбасици на германски начин, топли напитки, млечни производи, мезиња…
повеќе...