Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата. Синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка VOLKSWAGEN PASAT со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес,…
повеќе...Tag: царина
Спречен обид за шверц на 8 тони течен лепак
Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на 8.400 кг. акрилен емулзатор (течен лепак) со вредност од 10.080 евра. На 8 август 2015 година во 20:30 часот, на граничниот премин Меџитлија на влез во Република Македонија се пријавил С.К. државјанин на Република Македонија, управувајќи транспортно моторно возило со македонски регистарски ознаки. На царинските службеници им пријавил дека превезува 14.430 килограми на стока од Турција за Албанија, за што приложил соодветна документација. По извршениот увид во документацијата, царинските службеници извршиле детален преглед на возилото и утврдиле дека во…
повеќе...Запленети девизи, детектор за благородни метали, рачни часовници и камионски делови
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, детектор за благородни метали, рачни часовници и делови за товарно моторно возило. Девизи – 11.700 евра, откриени кај албански државјанин – сопатник во албански автомобил, управуван од друг албански државјанин, на граничниот премин Меџитлија – влез во државата. Во најлонско ќесе, сместено во рачна торбичка која со себе ја носел сопатникот во возилото се пронајдени 21.700 евра, а согласно Законот за девизно работење 10,000 евра му се вратени, износ што нерезидент може…
повеќе...Запленети златен накит, артефакт, девизи, гасен пиштол и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, меѓу која и златен накит, артефакт, девизи, гасен пиштол, телевизор, обувки, облека и друго. Задржана е следната стока: Златен накит – 206 грама златен накит (белегзии, обетки, прстени, ланчиња и огрлици – вкупно 14 парчиња златен накит) е пронајден во патничко моторно возило со швајцарски регистарски таблици, управувано од швајцарски државјанин, а пријавено за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Златото е пронајдено во две кутии со по четири фиоки, во хартиено ќесе, сместено…
повеќе...Запленети 117 литри алкохол и 23 кутии цигари без бандероли
Во рамки на акцијата за откривање на нерегуларна продажба на акцизна стока, заеднички тимови на Царинската управа и Управата за јавни приходи во периодот од 27 – 30 јули извршија координирани контроли на 50-тина објекти каде се продава ваква стока (кафе барови, ресторани, маркети и продавници). Контроли беа спроведени во Велес, Куманово, Охрид, Ресен, Струга, Битола и Прилеп. Во 13 објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци и цигари. Притоа привремено се задржани околу 117 литри жестоки алкохолни пијалоци без или со странски бандероли за кои не е платена…
повеќе...Запленети пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони
Mинатата недела царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани пиштол, куршуми, златни монети, облека, мобилни телефони и регистарски таблички. Златни монети – 2 парчиња британски златни монети од 1879, односно 1892 година со лик на кралицата Викторија од едната страна и Свети Ѓорѓи од друга странасепронајдени помеѓу личните работи на грчки државјанин, возач на патничко моторно возило со грчки регистарски таблици кој се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Пиштол, куршуми и марихуана – пиштол марка ZORAKI–M 906 со 5 куршуми марка…
повеќе...Откриени акцизни неправилности кај 6 угостителски објекти во Дојран
На 25-ти јули комбинирани тимови на Царинската управа и на Управата за јавни приходи извршија координирани контроли во повеќе угостителски објекти во Дојран. Царинската управа контролите ги вршеше согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, додека Управата за приходи согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. При контролата во 6 угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци. Притоа, привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за…
повеќе...Запленети 115 кг режан тутун на Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат вчера пред полноќ спречија обид за шверц на 115 кг режан тутун. Околу 23:30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигна празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по…
повеќе...Откриена измама и запленети девизи, облека и фалсификати
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, облека и фалсификати. Девизи – 7.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во турски автобус, што сообраќал на релација Скопје – Истанбул, се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во џеб од фармерките на патникот биле пронајдени 9.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може…
повеќе...Откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки, од кои два во Струга
Во текот на минатата недела, на царинските испостави Гевгелија, Струга и Струмица се откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки. Два обиди за избегнување плаќање увозни давачки со приложување на лажни фактури при увозно царинење се откриени на царинската испостава Струга. Во првиот случај, фирма од Дебрца, со две царински декларации пријавила за увозно царинење вајт шпирит, при што приложила фактури со вкупна вредност од 21.290 американски долари. Заради сомневање во декларираната вредност на стоката, царинските службеници извршиле детален преглед на двете возила со кои била транспортирана стоката,…
повеќе...