Од Царинската Управа информираат дека во Службен весник број 180 од 05.12.2014 година е објавен Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки. Со овој закон се уредени условите и постапката за издавање на одобрение и лиценца за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царинските прописи, условите и постапката за полагање на стручен испит за лиценциран застапник, начинот на кој се спроведува контролата над работата на овластените царински застапници и лиценцираните застапници, како и видот на евиденциите кои…
повеќе...Tag: царина
Измена на царински давачки во рамки на квота за четврт квартал 2014 година
Поради целосното искористување на количината на квота во четвртото тромесечие од 2014 година од Европска унија за тарифен број 0701 90 90 од Анекс IVб објавено во Службен весник на РМ број 98 од 2014 година, каде царинската стапка во рамки на квота е слободно, има промена на царинските давачки во рамки на квота. Почнувајќи од 13.12.2014 година на располагање е квотата за тарифен број 0701 90 од Анекс IVв каде царинска стапка за стоките кои се распоредуваат во тарифните ознаки 0701 90 10 00, 0701 90 50 00 и…
повеќе...Официјално одбележан стартот на твининг проектот со словенечката финансиска управа финансиран од ЕУ
Денес, во присуство на претставници на Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата и други соработници на Царинската управа се одржа промотивен настан за одбележување на стартот на Твининг проектот „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за Заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“, финансиран преку Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА ТАИБ 2010), кој се реализира со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија. На 1 март 2014 година, Царинската управа го стави во функција Новиот компјутеризиран…
повеќе...Спречени обиди за шверц на 1 кг хероин и 3 кг марихуана
Царинските службеници спречија два одвоени обиди за шверц на 1 кг хероин и 3 кг марихуана. Во првиот случај царинските инспектори од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, при личен претрес на македонски државјанин, патник во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул-Струга, пронајдоа и запленија околу еден килограм хероин. Имено, на 26.11.2014 година во 06:00 часот, на граничниот премин Богородица за влез во државата се пријави автобус со турски регистарски ознаки. Автобусот беше селектиран за детална контрола и при извршен личен претрес кај патникот И.И. (51) македонски државјанин,…
повеќе...Советување – Олеснување и поедноставување на царинското работење
Во насока на олеснување и поедноставување на царинските формалности, во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, на 25.11.2014 година, во Кавадарци, беше одржано советување за спроведување на царинската постапка, во делот на: – Поедноставените царински постапки – Документи кои се приложуваат кон царинска декларација – Интегрирана тарифна околина и новините во царинското работење кои произлегуваат од воведувањето на истата Советувањето беше организирано за компаниите во регионот на Кавадарци, а на претставниците им беа презентирани и беа запознаени со новините и измените во царинската постапка за: – Документи кои треба/не…
повеќе...Донесен правилник за изменување и дополнување на правилникот за спроведување на Законот за акцизите
Врз основа на член 58 од Законот за акцизите („Службен весник на РМ“ број 32/01 … 167/2014), министерот за финансии донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за спроведување на законот за акцизите. Овој правилник е објавен во Службен Весник на Република Македонија бр. 172 од 21.11.2014 година и истиот ќе стапи на сила на ден 22.11.2014 година. Најважни измени кои се извршени со овој Правилник се следниве: -Се пропишува утврдување на енергетската вредност на нафтен кокс за што ќе се користи потврда за квалитет издаден од институција која…
повеќе...На Граничниот премин Блаце запленети 188 илјади евра и 6 кг марихуана
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови вчера (21.11.2014 год), во два одвоени случаи на ГП Блаце спречија обид за шверц на 188 илјади евра и 6 кг марихуана. Во првиот случај, вчера (21.11.2014 година) при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски ознаки, пријавено за излез од Република Македонија, кај македонска државјанка со иницијали М.Е. пронајдени се непријавени 190 илјади евра.Непријавените девизи пронајдени се во лична торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса,. Согласно Законот за девизно работење, 2 илјади евра…
повеќе...Спречен обид за шверц на хероин во тетрапак пакувања за сок
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на 1,2 кг хероин сокриен во тетрапак пакувања за сок. Вчера (14.11.2014 година) околу 04:00 часот, на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус со македонски регистарки ознаки кој сообраќал на релација Истанбул Гостивар. При детален преглед извршен од страна на царинските службеници во внатрешниот дел од автобусот, над две од седиштата пронајдена една најлонска кеса во која биле ставени два овошни сока во тетрапак пакување. Но намсето сок, во тетрапак пакувањата се пронајдени две пакетчиња…
повеќе...Наредба за утврдување на периодот на престој на возилата на царинските терминали
Царинската управа информира дека донесе нова Наредба за утврдување на периодот на престој на возилата на државните царински терминали за кој не се наплатува надоместок. Имено, министерот за финансии уште во август 2011 година донесе Правилник за висината на надоместоците за извршените услуги и почетната висина на закупнината на деловниот и рекламниот простор на граничните премини (Службен весник на Република Македонија бр.114/2011 година), според кој за време на царинската постапка која се спроведува на државните терминали на граничните премини не се наплатува надоместок за престој на возилата. Но, согласно Правилникот,…
повеќе...Полски државјани фатени во обид да прошверцуваат 14 кг марихуана
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи – Мобилни тимови, спречија обид за шверц на 14 кг марихуана преку граничниот премин Табановце. На граничниот премин Табановце – автопат за излез од Република Макоедонија пристигна возило „Рено Лагуна“ со полски регистарски таблици, управувано од лицето Д.Л. (48), во кое како сопатник патувала и К.С. (46). При првично разгледување на надворешноста на возилото, царинските службеници се посомневале дека истото е преправано и го издвоиле за детална контрола во гаражата на преминот. Притоа, со отстранување на задниот браник и сечење на лимот, пронајдени…
повеќе...