Дедо Мраз ги израдува дечињата во струшката чаршија

Дедо Мраз пристигна во Струга. Тој помина низ струшката чаршија и ги израдува дечињата фрлајќи им бомбончиња. Во отсуство на снег, наместо со елени и санка, Дедо Мраз низ Струга мораше да помине качен на пикап. WebOhrid

повеќе...

Охриѓани да не минуваат со возила по охридската чаршија

Од Секторот за сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани, да не минуваат со возила низ охридската чаршија затоа што покрај возењето на несоодветно место ги уништуваат и новогодишните реквизити кои деновиве се поставуваат по чаршијата. Надлежните потсетуваат дека светлечките украси се под висок електричен напон и затоа не треба да се допираат со раце. Новогодишното декорирање на Охрид треба да заврши во текот на оваа недела.

повеќе...

Акциски контроли за заштита од бучава во угостителски објекти во Охрид

Повеќе угостителски објекти во Охрид беа опфатени во седум акциски контроли што СВР Охрид, изминативе денови ги изврши самостојно, но и во содејство со надлежните инспекциски служби од Локалната самоуправа. Контролите беа реализирани во врска со законот за заштита од бучава и прекршоци против јавниот ред и мир со користење на музички инструменти и други технички уреди. Во содејство со инспекторатот за животна средина и комуналната инспекција, контролите беа реализирани и по пријави на граѓани кои пријавуваа нарушување на јавниот ред и мир со пеење и користење музички инструменти односно…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција за темелно чистење на чаршијата со миење со шмрк и метење. Акцијата започна во 02.00 часот после полноќ и траеше до 07.00 часот утрово, а беше опфатен потегот од плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот до плоштадот кај споменикот Св.Климент Охридски. „Ангажирани беа 3 вработени кои со шмрк извршија темелно миење на гранитните плочки по чаршијата, а потоа 4 метачи го собраа отпадот.“- информираат од претпријтието. По барање на ЈП „Билјанини Извори“ кое стопанисува со паркинг-просторот на локацијата на поранешниот полигон за мали спортови во центарот…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“: Чаршијата се чисти од гуми за џвакање

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ денес реализираа акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Акцијата се спроведе со почеток во 2.00 часот по полноќ, до 08.00 часот наутро, заради помала фреквенција на движење по чаршијата. Во отстранувањето на гумите за џвакање беа ангажирани 5 комунални работници со специјални алатки.“ – велат од претпријатието. Уште додаваат дека одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува квалитетно чистење на јавните…

повеќе...

Охрид во знакот на мултимедијалните атракции на „Баскерфест“

Охриѓани и туристите синоќа уживаа во бројните атракции на годинашното, второ издание, на „Баскерфест“, што се одржуваа на Градскиот плоштад и плоштадот „Чинар“, со почеток во 19 часот. На градскиот плоштад први настапија членовите на бендот „Barbarossa“ кои со нивниот музички перформанс ја загреаа атмосферата, а по нив следеа акробациите на жица на светски познатиот артист Chris Bull. По завршувањето на точката на Chris Bull настапија „Mostacho“, „Denda Jorge Martin“, жонглерите „Spinus“,  „Carota Payaso“, „Parkur“, фајар шоуто на „Golden Branch“ и за крај на првиот ден од „Баскерфест“ на Градскиот…

повеќе...

Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

ЈП „Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона, постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. „Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.“– информираат од претпријатието. Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.

повеќе...

Пази, одрон на фасада!!!

Вчера во нашата редакција пристигна писмо од наша читателка и наша сограѓанка која со видна возбуда запишала еден горлив настан од пред слаткарницата Корзо во охридската чаршија. Писмото го објавуваме во целост и без изправки, а поентата и пораката ни е да упатиме апел до соспствениците или, пред се, до надлежните служби да проверат со колкава сериозност може да се случи не мала, туку и поголема несреќа . Еве што ни пишува нашата читателка! „Околу 10 часот утрото гледајќи во излогот со накит, веднаш до слаткарницата Корзо, наеднаш осетив на…

повеќе...

Отворен фестивалот на вино и сирење

По неколкугодишна пауза, Охрид повторно е домаќин на Фестивалот на вино и сирење. Свеченото отворање беше синоќа на плоштадот Чинар. Пред многубројните посетители во пријатна атмосфера фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески. „Вкусовите и мирисот на сирењата кои ќе се понудат денес овде, постарите ќе ги вратат во времето на нивните баби и дедовци, кога сирењето се правело во домовите и во секој дом имало поинаков вкус, додека помладите генерации ќе имаат можност да ја пробаат ова здрава храна произведена на традиционален начин, таква како што…

повеќе...

Мешани патроли од полициски службеници и граѓани патролираа низ Охрид

Мешани патроли составени од полициски службеници и граѓани синоќа патролираа низ Охрид. Заедничките патроли што се дел од проектот „Соседска патрола“ се реализираа низ одредени централни и периферни делови на градот, се посетија повеќе угостителските објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Во патролата, синоќа покрај полициските службеници беа заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот образование во Локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции. На заедничкиот…

повеќе...