Зелените и црвените пиперки со најголем пораст на цените на зелените пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај зелените пиперки и црвените пиперки. Најголемо намалување на цените е забележано кај лимоните и бананите.  Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.

повеќе...

Преведените учебници од проектот „1000 книги“ може да се купат

Примероци од странските  учебници преведени на македонски јазик од капиталниот проект на Владата на РМ може да се купат во продавниците на издавачките куќи што ги објавуваат. Министерот Спиро Ристовски соопшти дека учебниците се во комерцијална продажба во книжарниците на издавачите кои се вклучени во проектот (како Просветно дело, Култура, Три…) и апелираше до студентите, професорите и до сите граѓани да ја искористат можноста да ги набават изданијата за кои се заинтересирани. „Цените ќе бидат различни, но многу прифатливи. И самите издавачи имаат интерес да продадат што повеќе книги од…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата за 1,5 денари

Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи низ земјава ќе се точи поскапо гориво и тоа за 1,5 денари. Вака одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика. Еден литар Еуросупер БС-95 ќе чини 78 денари, цената на Еуросупер БС-98 ќе биде 80 денари, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 70 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари за литар и ќе чини 59 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,289 денари за килограм…

повеќе...

Од полноќ поскапува бензинот БС-98 за половина денар

Цената на дизелот и бензинот Еуросупер БС-95 останува иста, додека пак бензинот БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, цената на БС-95 останува 76,50 денари за литар, додека дизелот и понатаму ќе се продава за 68,50 денари. Цената на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе се изнесува 78,50 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар и ќе изнесува 57 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат горивата за два денари

 Од ноќеска на полноќ на бензинските пумпи ќе се точат  поевтини горива за два денари.Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.   Новата цена Еуросупер БС- 95 ќе биде 76,50 денари за литар, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 78 денари за литар. И цената на дизелот ќе се намали за два денари, па неговата нова цена ќе биде 68,50 денари.   Малопродажната  цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе чини  57,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1…

повеќе...

Пад на цените на мало и трошоците за живот во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во октомври 2013 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на трошоците на животот 99.9.  Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.1% во октомври 2013 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6.3%, мастите за 4.6%, алкохолните пијалаци за 0.8% и другите прехранбени производи за 0.2%. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај нафтените деривати за 3.4%, течните горива и гасот за домаќинствата за…

повеќе...

Се намалуваат давачките кон „Градски Гробишта“ и се сведуваат на само 600 денари на годишно ниво

Давачките на охриѓани кон Јавното Претпријатие „Градски Гробишта“ се намалуваат и се сведуваат на само 600 денари на годишно ниво. „Како што ветивме во предизборието, од оваа седница на совет пристапуваме кон намалување на цената на гробарината. Во минатото на име на гробарина годишно граѓаните плаќаа по 720 денари. Со стабилизацијата на претпријатието  и по анализите кои ги направивме сега пред советот излегуваме со  цена од 600 денари годишно, што значи дека го отпочнуваме процесот на намалување на цената на гробарината. Како што ќе се стабилизира претпријатието ќе имаме и…

повеќе...

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за половина, а дизелот за еден денар. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари, додека Еуросупер БС 95 ќе изнесува 78,50 денари за литар.На бензинските пумпи од полноќ новата цена на дизел горивото ќе биде 70,50 денари за литар.  Малопродажната цена на Екстра  лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 59,00 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 се намалува за 0,409 денари за килограм, па така новата цена ќе биде 40,535 денари за…

повеќе...

Дел од земјоделските производи во септември поскапи, а дел поевтини

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај гравот, кромидот, краставиците и портокалите. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лукот, зелката и карфиолот.  Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај оризот, кромидот, краставиците и бананите.  Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, модрите патлиџани, зелката и лубениците.

повеќе...

Од полноќ бензините поевтини за 1,5 дизелот за 2 денари

Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините за 1,5 денари, а дизелот поевтинува за 2 денари. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС- 95 е 78 денари, што е намалување од 1,5 денари, а за истиот износ се поевтинува и ЕУРОСУПЕР БС-98 денари и сега ќе чини 79,50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава за 69,50 денари, за два денари помалку од претходната цена 71,50 денари. Вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит со што таа изнесува…

повеќе...