Во понеделник, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култуа „Григор Прличев“ Охрид, ќе се одржи хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки” кој е во организација на волонтерите на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид. На концертот ќе учествуваат повеќе талентирани млади од Охрид а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц “Соната” и стенд-ап комичарот Никола Тодороски. Собраните средства од хуманитарниот концерт (влезница чини 50 денари) ќе бидат наменети за да се помогне на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. Програмата Црвен…
повеќе...Tag: црвен
Црвен крст им додели признанија на најзаслужните крводарители во Охрид
Црвениот крст го одбележува 17 ти март, Денот на крводарителството во Р.Македонија и Денот на Црвениот крст на Р.Македонија. По тој повод денес во просториите Црвен крст Охрид, се одржа свеченост, на која беа доделени признанија на најзаслужните крводарители. „Задоволство ни е да кажиме дека минатата 2016 година, на ниво на Македонија, Програмата за крводарителство е надмината, значи собрани се 55.100 единици крв, а според Програмата потребни се 55 илјади единици за задоволување на потребите на здравствените установи. Секако дека голем придонес имаат 35-те Општински организации во Р.Македонија меѓу кои е и…
повеќе...Црвен крст Охрид ќе додели признанија на заслужни крводарители
Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. „Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“– велат од Општинскиот Црвен Крст. Честитајќи им го 17 март, Денот…
повеќе...Започнува нов пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL
Поради големиот интерес Црвен крст Охрид започнува нов, пролетен циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 27 февруари 2017 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик. 9000 унвирезитети, колеџи, агенции го…
повеќе...Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ
Започна новиот циклус од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности) која веќе 12 години се реализира во Црвен крст Охрид како дел од националната програма на Црвен крст на Р.Македонија. Целта на оваа програма е да се мобилизираат младите на возраст од 14-18 години да стекнат соодветни знаења и вештини кои понатаке ќе ги применат во изработка на проекти преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество и воедно се помага на ранливите категории на граќани…
повеќе...Започнаа уписите за пролетниот циклус Час за детски приказни на англиски јазик
Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на пролетниот циклус од едукативната програма ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК кој ќе стартува на 16.02.2017 година и ќе трае 14 недели. ЧАС ЗА ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК е програма која постои повеќе од 8 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои…
повеќе...ОГЛАС за издавање под закуп на деловен простор
Се издава во закуп деловен простор – сопственост на Црвен крст Охрид. Деловниот простор се наоѓа на ул. Гоце Делчев бр. 32 во Охрид и има површина од 22 м². За издавање на деловниот простор под закуп ќе се спроведе постапка со прибирање на затворени понуди. Почетниот износ на закупнината за еден месец во постапката за издавање на деловниот простор под закуп изнесува 200 евра во денарска противвредност. На огласот можат да се пријават сите заинтересирани домашни правни лица кои ќе достават тековна состојба од Централен регистар на РМ, во…
повеќе...Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програма
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во пролетниот циклус започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и…
повеќе...Новогодишна средба во Црвен Крст Охрид
Денес во просториите на Црвен Крст Охрид, се одржа традиционалната Новогодишна средба со волонтерите, пријателите и помагателите на оваа хуманитарна организација. Претседателот, Сашо Точков истакна дека годината на изминување може да се оцени како добра во однос на реализија на зацртаната програма и хуманите акции кои беа организирани од Црвен Крст Охрид. Истакнувајќи ја одличната соработка со локалната самоуправа и фирмите во градов, Точков посака и во новата 2017 година, секој од нас да го најде доброволецот во нас, за уште поуспешно и поефикасно делување на општинската организација. Во името…
повеќе...Новогодишна хуманитарна продажна изложба на украси, креации и домашни ракотворби
Црвен крст Охрид и lounge bar НОА организираат Новогодишната хуманитарна продажна изложба на новогодишни украси, креации и домашни ракотворби кои ги изработија волонтерите од Програмата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, децата со посебни способности и родителите и децата од Бреинобреин програмата. Хуманитарната продажна изложба ќе се реализира утре во lounge bar НОА од 16:00 часот. Средствата собрани од продажната изложба ќе бидат наменети за набавка на новогодишни подароци и пакетчиња за деца без родители, деца од самохрани родители, деца од социјално загрозените семејства и деца во згрижувачки…
повеќе...