СДСМ: Советот на млади на општина Дебрца наместо младински си тера партиски агенди

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Советот на млади на општина Дебрца, кој треба да ги застапува и штити интересите на младите постои само формално. Измина повеќе од една година од кога беше формиран и помпезно на свечена вечер промовиран , избраните членови добија решение и од тогаш до денес од Советот на млади не видовме ниту трага, не чувме ниту глас. Во изминатава година не само што не е донесена локалната младинска стратегија, туку не видовме ниту еден предлог до советот на општината…

повеќе...

Во тек е изградбата на фекалната канализација во Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на селото Горенци каде се одвиваат градежни активности околу изградбата на новата фекална канализација. Досега поставени се 5.3 км полиетиленски цевки и бетонирани 157 шахти, а целокупната должина на канализациона мрежа согласно проектната документација изнесува 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти. Од увидот на лице место се оцени дека иведбата на градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика од договорот. Градоначалниот Трајкоски истакна дека покрај тоа што се реализираат ветените проекти од Програмата за локални избори 2013, секогаш ќе…

повеќе...

Охридските извидници организираа извиднички камп „Камп Дебрца 2016“

Од 27ми до 29ти мај во прекрасните предели на Општина Дебрца, на просторот од еколошката атракција Белчишко Блато во месноста „Сини Вирој“, Извидничкиот одред Пионер од Охрид организираше извиднички камп насловен како „Камп Дебрца 2016“. На кампот учествуваа извидниците од ИО „Пионер“ од Охрид, извидниците од ИО „Феникс“ од Прилеп и ученици од ОУ „Дебрца“ од Белчишта. Настанот претставува овогодишно заокружување на одлична соработка помеѓу извидничкиот одред „Пионер“ како здружение за неформално образование на децата, и ОУ „Дебрца“, институција за формално образование при Општина Дебрца. Целта на кампот беше обединување…

повеќе...

Учениците од ОУ „Дебрца“ патуваа со современ воз од Битола до Прилеп

Во рамки на училишниот проект „Патуваме и учиме за сообраќајот“ што се реализира втора година по ред, со учениците од прво до трето одделение од основното училиште „Дебрца“ се реализира последната предвидена активност – железнички сообраќај.  „Учениците имаа можност да патуваат од градот Битола до градот Прилеп со најнов модерен воз за што сме им благодарни на Македонски железници и нивните вработени кои несебично им ги објаснија своите работни позиции и начинот на кој се изведува железничкиот сообраќај. Учениците беа задоволни бидејќи не само што имаа можност да се возат со…

повеќе...

Основното училиште во Оровник добива нов лик

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу реконструкцијата на Основното училиште во Оровник. Во моментов пред сам крај е првата фаза од реконструкцијата. Во првата фаза од реконструкцијата отстранет е стариот дрвен под, изведена е армирано бетонска меѓукатна конструкција, изработени се нови подови од керамички плочки и ламинат, заменети се сите внатрешни врати, извршена е замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили како и реконструкција на санитарните јазли. Вкупната инвестициона вредност на првата фаза за реконструкција изнесува 1.311.500,00…

повеќе...

СДСМ: АД Водостопанство најитно да обезбеди вода за наводнување во општина Дебрца

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „До донесувањето на Законот за водостопанство, за наводнувањето на земјоделските површини на подрачјето на општина Дебрца се грижеа трите водни заедници: Водната заедница „Голема река“ – с.Велмеј, формирана за хидромелиоративна единица за подрачјето на КО-Велмеј, КО-Лешани и КО-Белчишта, Водната заедница „Сатеска“ – с.Мешеишта, формирана за хидромелиоративната единица за подрачјето на КО-Мешеишта и КО-Климештани и Водната заедница „Бел мост“ – с.Волино, формирана за хидромелиоративна единица за подрачјето на КО-Волино, а кои беа формирани согласно Законот за водните заедници. Овие подрачја за…

повеќе...

Во Дебрца одбележани 71 година од победата над фашизмот и Денот на Европа

Со пригодна свеченост денес во организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, придружени од Здруженијата на Ветерани и ТИТОИСТИ од Охрид како и од општина Дебрца и од ОО на СДСМ-Дебрца, денес на достоинствен начин оддадоа почит, со полагање свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци Кременатец во месноста Раштани с.Белчишта и на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во с.Белчишта и бистата на Трајче Дојчиноски.  Ученици од ОУ Дебрца с.Белчишта приредија рецитал со борбена тематика во чест на паднатите борци од…

повеќе...

Општина Дебрца започнува со одделно собирање на електрична и електронска отпадна опрема

Согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и електрична и електронска отпадна опрема Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски потпиша Меморандум за разбирање и Договор за меѓусебна соработка помеѓу Општината Дебрца и лиценцираниот овластен собирач на отпадна електронска електрична опрема фирмата ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје. Од страна на овластениот собирач на овој вид на отпад е обезбеден соодветен еко магацин за собирање и складирање на електронска и електрична отпадна опрема, како и времени садови за одлагање на отпадна електрична и електронска опрема. Локацијата одредена од Општина Дебрца за собирање…

повеќе...

Финализира изградбата на регионалниот колектор во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски направи увид на градежните активности кои се одвиваат на терен околу изградбата на регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани, кој е пред самиот крај. Согласно проектната документација, целосно е трасиран цевководот во должина од 8,5 км изведен од полиетиленски цевки со пречникод ф-400мм и ф-300мм, изградени се 200 бетонски шахти, а моментално се работи на враќање на теренот во првобитна состојба. Регионалениот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Климештани…

повеќе...