Авиодезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општините Охрид, Струга и Дебрца

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека четврток во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан. На територијата на…

повеќе...

Основците од „Дебрца“ учеа за воздушниот и воден сообраќај

Во рамките на училишниот проект „Патуваме и учиме за сообраќајот“ учениците од ОУ„Дебрца“ од I до III одделение во корелација со предметот Опшество се запознаа со видовите сообраќај: воздушен и воден. За таа цел учениците го посетија аеродромот Св. Апостол Павле и имаа можност од пред нивните очи да ја следат постапката на слетување и полетување на авион од Холандска авио компанија. „Учениците го проширија своето знаење за воздушниот сообраќај преку прашања кои за кои добиа одговори од службите на аеродромот. Авантурата за патување и учење продолжи со прошетката низ…

повеќе...

Партерно се уредуваат чешмите во Лешани

Партерно се уредува чешмата која што се наоѓа на плоштадот во селото Лешани, така што се изгради настрешница од метална конструкција покриена со шиндра и се санира оградата, информираат од Општина Дебрца. Исто така ќе се постават и дрвени клупи со што ќе се добие ново уредено катче за најмладите. Чешмата кај чинарот  ќе биде партерно уредена, со што ќе се поплочат патеки со травертин,ќе се постават дрвени клупи и ќе се уреди изворот, додаваат оттаму.

повеќе...

СДСМ Дебрца: Во Оровник отпадните води од фекалната канализација директно се излеваат во локалната река

ОО на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски пред неколку дена најавувајќи инфраструктурни проекти во општина Дебрца се испофали дека благодарение на Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ и неговиот труд општина Дебрца добила нов лик. Многу е лесно во функција на популистичка кампања сам да се фалиш, но дали фактичката состојба е таква !? Во оваа прилика ги запознаваме граѓаните на Дебрца и пошироката јавност со еден детал од вистинската слика на Дебрца. Неколку месеци наназад дел од…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Трајкоски уште еднаш покажа дека е само партиски градоначалник

ОО на СДСМ Дебрца, испрати соопштение до медиумите, во кое се вели: „Во вчерашното нарачано интервју Градоначалникот на општина Дебрца уште еднаш во функција на претстојните избори најави проекти за кои неговиот премиер Груевски пред две недели фрлаше лопати. И притоа, во краткото интервју на три пати потенцираше дека средствата ги обезбедила „Владата на РМ, предводена од ВМРО ДПМНЕ ” . Со тоа уште еднаш го потврди она што сите го знаеме, дека е партиски послушник, а не градоначалник на сите граѓани. Кога ги најавуваше проектите добро ќе беше да…

повеќе...

Со средства од ИПАРД ќе се реализираат шест нови проекти во Општина Дебрца

На трасата од регионалниот колекторски систем во близина на Техноиндустриската зона во Струга, се одржа прес-конференција, на која градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ги презентираше активностите кои веќе се реализираат во изградбата на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Требеништа, Волино, Мешеишта и Климештани. „Денес се наоѓаме на трасата од колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци,Требеништа,Волино,Мешеишта и Климештани кој пред извесно време започна да се гради неговата должина изнесува повеќе од 8 километри и инвестиција вредна повеќе од 250 илјади евра.Со изградбата на овој колекторски…

повеќе...

Асфалтирани локални улици и санирани ударни дупки во општина Дебрца

Деновиве Општина Дебрца заврши со крпење и асфалтирање на ударните дупки и асфалтирање на локални улици во населените места. Крпењето започна во селото Мешеишта со крпење на прекопите од изградената канализациона мрежа како и крпење и тампонирање на ударните дупки. Понатака се изврши крпење и санирање на ударните дупки на локалниот пат до с.Мраморец, како и на регионалниот пат од с.Ботун до с.Белчишта. Беше извршено тампонирање и асфалтирање на локални улици во с.Мешеишта, с.Волино и с.Белчишта со вкупна должина од 700 метри. Покрај асфалтирањето и крпењето на ударните дупки се…

повеќе...

Врачени стипендии на најдобрите ученици од Дебрца

Најдобрите 20 ученици од основно и средно образование денес добија општински стипендии за тековната учебна година 2015/2016 година.Стипендиите на свечен начин ги додели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Стипендиите кои контунуирано веќе по трет пат се доделуваат се рангирани според износот во две категории, за учениците од основно образование 1000 денари и за учениците од средно образование 1500 денари месечно. Градоначалникот им посака успешна учебна година и одличен успех.

повеќе...

Фирма од Елбасан нелегално ископувала минерални суровини во Дебрца

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против правниот субјект „Викториа Инвест Струга“, подружница на правното лице „Викторија Инвест ДОО“ од Елбасан Република Албанија како и против А.Д. (40) управител во правното лице. Пријавените, во текот на овој месец на нива приватна сопственост во Ново Село општина Дебарца, извршиле нелегална експлоатација на минерални суровини. Иако немале концесија односно дозвола за експлоатација на минерални суровини издадена од Министерството за економија при Владата на Република Македонија, тие ископале околу 2000…

повеќе...

Асфалтиран пристапниот пат до ЦОУ „Дебрца“

Денеска пред зградата на ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта, во соработка со Локалната самоуправа и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски кој обезбеди парични средства, се асфалтираше пристапниот пат до училишната зграда. Овие активности се уште еден показател за одличната соработка меѓу училиштето и Локалната самоуправа, а во насока на обезбедување посигурна средина за учениците, кои секогаш се приоритет за сите во општина Дебрца, информираат од училиштето.

повеќе...