Поставен камен темелник на црквата „Св.Варвара“ во Сливово

Денес беше поставен и осветен камен-темелник  на црквата посветена на „Св.Варвара“ во Сливово. На поставувањето на камен темелникот покрај бројните жители, присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Убав ден во родно Сливово… Во присуство на драги луѓе, со градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајковски поставивме камен темелник на црква посветена на Св. Варвара. За арно и за многу години!“– напиша на својот facebook профил, претседателот на Собранието, Вељаноски.  WebOhrid

повеќе...

СДСМ Дебрца: Дел од населените места во општина Дебрца на +40 степени останаа без капка вода за пиење

СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Откако повеќе денови на температури од + 40 степени жителите на населените места Горенци, Оровник и Подмолје, кои се водоснабдуваат од водоснабдителниот систем со извориште во местноста “Св.Еразмо” останаа без вода за пиење од страна на надлежните од Јавното претпријатие “Дебрца “ беа смирувани дека се работи на отстранување на дефектите и дека за бргу ќе се нормализира состојбата со водоснабдувањето. Сепак најновите случувања покажуваат дека тоа не е така и дека состојбата била далеку од нормализација. Во вчера лиферуваното соопштение…

повеќе...

Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Авиодезинсекција за уништување на комарци на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга дека на ден 22.07.2015 год. (среда) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионска адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска…

повеќе...

Откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки, од кои два во Струга

Во текот на минатата недела, на царинските испостави Гевгелија, Струга и Струмица се откриени четири обиди за избегнување на плаќање увозни давачки. Два обиди за избегнување плаќање увозни давачки со приложување на лажни фактури при увозно царинење се откриени на царинската испостава Струга. Во првиот случај, фирма од Дебрца, со две царински декларации пријавила за увозно царинење вајт шпирит, при што приложила фактури со вкупна вредност од 21.290 американски долари. Заради сомневање во декларираната вредност на стоката, царинските службеници извршиле детален преглед на двете возила со кои била транспортирана стоката,…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Земјоделците од Дебрца 4 години го чекаат одобреното обештетување од природната непогода во 2010

Општинската организација на СДСМ Дебрца, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На ден 19.06.2010 година подрачјето на општина Дебрца со населените места: Требеништа, Волино, Мешеишта, Климештани, Ново Село, Белчишта, Д.и Г.Средорече, Злести, Лешани и Грко Поле го зафати силно невреме со обилни врнежи од дожд и град, кои предизвикаа голема материјална штета на земјоделските површини засадени со овошни, градинарски, житни и лозови насади. Комисијата за проценка на штета на општина Дебрца изврши проценка на причинетата штета и изработи Елаборат за проценка на штета од обилни врнежи од дожд…

повеќе...

Заврши изградбата на потпорниот ѕид кај манастирот „Св.Недела“ во Оровник

Завршија градежните зафати за изградбата на потпорен sид за санација на свлечиште на дел од локалниот пат до манастирот Св.Неделa во с.Оровник -Дебрца. Изградбата беше изведена, со цел да се изврши стабилизација на теренот на кој е појавено лизгање на земјиштето и кое претставува опасност за понатамошно продолжување на лизгање и доведување во опасност од рушење на објектите кои се во непосредна близина. Sидот е со висина од 4.5 м каде 0.5 е вкопан во земјата. За да се заштити потпорниот sид од активен притисок на вода извршенa е замена…

повеќе...

Утре земјено запрашување против комарци на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебрца за спроведување на превентивната систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.30 до 06:00 часот,со апарат за УЛВ ладно…

повеќе...

СДСМ Дебрца: Во кој дел од Изборната програма на градоначалникот стои дека планира да ја задолжува општината?

Советничката група на СДСМ Дебрца денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои: „На денешната 29-та седница на советот на општината Дебрца, по предлог на градоначалникот на општината на дневен ред беше ставена одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Дебрца, со која се предвидува задолжување на општината со подзаем од Министерството за финансии, а во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска Банка, во висина од 15.122.835 денари (248.000 евра), за финансирање на изградбата на фекална канализација за село Лешани, прва фаза од…

повеќе...