Свечено отворена 31-та Интернационална уметничка колонија во Белчишта

Синоќа во с.Белчишта свечено беше отворена 31-та Интернационална ликовна колонија. На истата присуствуваа голем број посетители, при што имаа можност да погледнат над 600 галериски дела кои се создавале низ годините од кога е создадена Ликовната колонија. Уметничката колонија во Дебрца своите почетоци ги бележи од 1985 година и со текот на времето прераснува во Интернационална колонија.  Годинава на ликовната колонија учествуваат уметници од Турција, Бугарија, Словенија и Македонија. „Овие мигови во предвечерјето на еден нов почеток се од посебно значење за културниот развој на Општина Дебрца, мигови кога започнува уште…

повеќе...

Екс директорка на ЈПК Дебрца заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М.(28) од Охрид, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во перодот од 24-ти април.2013 година до 31-ви декември минатата година пријавената иако знаела дека бил склучен договор со Друштво за производство, трговија и услуги „Буцко Петрол “ за набавка на гориво за потребите на јавното претпријатие, издавала наредби на вработените за набавка на гориво од бензинските пумпи. Набавката ја извршувала без да изготви платни налози и без одлука…

повеќе...

Означени природните реткости во планината Караорман

Општина Дебрца во соработка со македонската развојна фондација за претпријатија кој го спроведува проектот за алтернативен туризам постави патоказни знаци и инфо табли кои го означуваат движењето до водопадите во месноста Караорман и кањонот на реката Песочица. Со ова поставување се уредуваат шумските патишта во планината Караорман и се овозможува на љубителите на природата и авантуризмот да ја увидат природната реткост сметена во пазувите на планинатата Караорман. Општина Дебрца во соработка со македонската развојна фондација за претпријатија кој го спроведува проектот за алтернативен туризам постави патоказни знаци и инфо табли…

повеќе...

Жителите на Велмеј и Лешани се изјаснија за неопходна изградба на канализациона мрежа

Викнедов во населените места Велмеј и Лешани, градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски со стручно лице од општинската администрација одржа средба со месното население, каде што беа презентирани проектите за изградба на фекална канализација во с.Велмеј и с.Лешани со заедничка прочистителна станица во с.Грко Поле. Проектите претходно беа аплицирани во Светска Банка, од чија страна се прифатени и се во крајна фаза на одобрување. Присутните на одржаните состаноци, градоначалникот Трајкоски ги запозна со позитивните аспекти кои ќе произлезат и неопходноста за изградбата на оваа канализациона мрежа. Жителите со особен интерес го…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски ќе оствари средби со жителите на Велмеј и Лешани

Се известуваат жителите на селата Велмеј и Лешани дека Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски ќе оствари средба со жителите од селата Велмеј и Лешани, во врска со изградбата на канализациона мрежа. Средбата во Велмеј ќе се реализира утре, со почеток во 20:30 часот,  а со жителите од Лешани ќе се реализира во недела, со почеток во 20:30 часот. На состанокот ќе бидат презентирани проектите за изградба на канализационите мрежи.

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци, на која ги запозна со проектот за изградба на фекална канализација во Горенци. На средбата, на жителите им беше образложена трасата каде ќе поминува канализационата мрежа. Изградбата на фекалната канализација ќе биде во должина од 8 500 метри, а цевките ќе се поставуваат на длабочина од 2 до 4 метри и истата ќе биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација. „Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку…

повеќе...

Започна тампонирањето на локална улица во Мешеишта

Општина Дебрца започна со градежни активности на терен тампонирање на улица во село Мешеишта во должина од 400 метри со 4 метри ширина, која беше оштетена и непристапна за движење на жителите од с.Мешеишта. Со тампонирањето улицата е повторно ставена во функција, а воедно подобрена е патната инфраструктура.

повеќе...

Во Дебрца одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Во Дебрца одбележани Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Ми претставува особена чест и задоволство што можам заедно со Вас да го одбележам седум деценискиот јубилеј на Денот на победата над фашизмот, како и три деценискиот јубилеј на Денот на Европа. Деветти мај е еден од оние денови кои остануваат светилници не само во нашата историја,туку и во светската.Токму на овој ден 1945 г. во Берлин германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел го потпиша официјалниот документ за крај на Втората…

повеќе...

Општина Дебрца започна со расчистување на полски патишта

Согласно годишната програма за изградба и одржување на патиштата, општина Дебрца започна со тековно одржување, чистење и тампонирање на полски патишта. Првично деновиве се пристапи кон расчистување и тампонирање на полскиот пат во село Мешеишта кај местото викано „Редеш” каде од обилните врнежи беше направена штета, со што беше оневозможен пристапот до обработливите земјоделски површини. Oд страна на ЈКП „Дебрца”, оштетениот полски пат беше пополнет со цврст материјал-шлунак, тампониран и израмнет, со што полскиот пат повторно беше ставен во функција, информираат од општина Дебрца.

повеќе...

Се уредуваат зелените површини низ населените места во општина Дебрца

Јавното комунално претпријатие „Дебрца“ деновиве ја спроведува акцијата за средување на патиштата и парковите покрај речните корита во селата Оровник, Волино и Требеништа. Од претпријатието велат дека, во наредните денови ќе бидат опфатени и другите села кои се наоѓаат на територија на општина Дебрца.

повеќе...