Протест на жителите на село Велмеј за дислокација на депонија

Група жители од село Велмеј, преку допис до охридските медиуми, реагираат дека вчера камионот на Јавното претпријатие ,,Дебрца’’ бил спречен отпадот од цела Дебрца да биде депониран во дивата депонија. Како што велат, иако ова не бил прв протест во Велмеј за дислокација на депонијата, тие воопшто не наишле на разбирање од локалната власт. „Оваа депонија сместена веднаш над селото повеќе пати во текот на летото гореше и не беа преземени никакви мерки. Наместо да се бара решение за оваа ,,еколошка бомба’’, директорката на Јавното претприатие во повеќе наврати кажа…

повеќе...

Писмо: „Писта“ од Ботун до Белчишта, а во Мешеишта!?!

Помина навистина долго време откако Општината Дебрца ни подметна „легнати полицајци“ во Мешеишта. Не се навикнавме на нив, ниту се означени ниту пак изгледаат дека се плански направени: некаде пошироки, некаде потесни, некаде повисоки, а некаде пониски… со други зборови – дива лига. Згора на тоа – урааа канализација!!! Ископани се сите можни улички низ Мешеишта. Успеавме сами да си ги санираме (барем малку) оние неасфалтираните улички, а на асфалтираните – ровови… ОПАСНО!!! Не дај боже некој што не ги знае да налета со автомобилот на нив! Без ниту еден…

повеќе...

Доделени стипендии на најдобрите 20 ученици во општина Дебарца

Деновиве во просториите на општина Дебарца, градоначалникот Игор Трајкоски свечено им додели стипендии на најдобрите 20 ученици од основно и средно образование. Вооедно, градоначалникот Трајкоски на учениците им посака понатамошни успеси во новата учебна година.

повеќе...

Ќе се избира идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро – Општина Дебарца

Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница www.mtc.gov.mk, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да ја искористат можноста за електронско гласање и да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско езеро, општина Дебарца. Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското езеро која се наоѓа во непосредна близина на Аеродромот  „Св. Апостол Павле-Охрид” на територија на општина Дебарца. „Целта на проектот е да…

повеќе...

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Ботун-Белчишта

Започна реконструкцијата на регионалниот пат од Ботун до Белчишта. Се реконструира регионалниот пат од Ботун до Белчишта во должина од 1600 метри. Работите ги изведува Македонијапат, по налог на Јавното Претпријатие Македонијапат.

повеќе...

ЈПК Дебрца: Каде беа жителите на с.Велмеј цели 13 години да ја искажат таа иницијатива и да излегуваат на протести?

Во врска со вчерашниот допис на Граѓанска иницијатива на жителите на с. Велмеј за дислокација на депонијата, реакција испрати ЈП за комунална дејност Дебрца, во која стои: „Локалната власт на чело со Градоначалникот уште пред подолго време работи на решавање на овој со децении горлив проблем во општина Дебарца. За таа цел на последната седница на Советот на општината е донесена предлог одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка во повеќе области, меѓу кои приоритет е ставен на заштита на животната средина што подразбира и решавање на проблемот со депонирањето на отпад…

повеќе...

Мирен протест на жителите на с. Велмеј

Жителите на село Велмеј свесни за опасноста која ја шири нелегалната депонија, која е лоцирана до селото, по нивното здравје и околината поведоа грѓанска иницијатива за дислокација на депонијата, која по се изгледа не беше воопшто вредна да биде разгледана од локалната самоуправа и да бидат преземени соодветни решенија. Како резултат на тоа што локалната власт неможеше да оддели од своето скапоцено време за вакво клучно прашање, денес жителите излегоа на мирен протест со тоа што го спречија возилото на Јавното претпријатие “Дебрца” отпадот од цела Дебарца да биде депониран…

повеќе...

Интензивно се работи на поставување на метална конструкција на повеќе наменското игралиште во Требеништа

Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес беше во Требеништа каде интензивно се работи на изградбата на повеќе наменско игралиште – балон сала, каде најмладите ќе добијат современи услови за спортски активности. Според проектот, првата фаза која опфаќа изработка  на челична  конструкција и покривање  предвидено е да заврши до крајот на август. Со изградбата на овој објект, општина Дебарца конечно ќе добие покриена спортска сала, со која ќе се подобрат условите за поактивно спортување на месното население како и одржување на културни манифестации.

повеќе...

Заврши изградбата на каптажите за водоводот во село Ботун

Денес градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски  го посети местото каде беа каптирани два извори со кои ќе се зголеми количината на вода со која се снабдува населението. „Со оваа инвестиција се задоволуваат потребите од вода на жителите во с.Ботун, но се растеретува и регионалниот водовод од Караорман кој ги снабдува со вода селата: Белчишта, Лешани, Ново Село, Средоречие и Ботун каде што често во летниот период има недостатоци на вода за пиење. Меѓу другото се врши реконстукција и на водоводната мрежа во с.Ботун која е стара повеќе од 30…

повеќе...